Теодосија (сопруга на Лав V)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теодосија
Византиска императорка
Владеење813-820
Крунисување813
Роден(а)ококу 775
Починал(а)по 825
ПретходникПрокопија
НаследникТекла
Придружник наЛав V Ерменец
ТаткоАрсабер
Мајканепознато

Теодосија (ококу 775 - по 825) била византиска царицата, сопруга на царот Лав V Ерменец.

Теодосија била ќерка на Арсабер, византиски патрициј додека името на нејзината мајка е непознато.[1]. Името на нејзиниот татко било наведено во хрониката на Јосиф Генезиј и на Теофан. За мајката на Теодосија нема никакви информации. Според името на нејзиниот татко, Арсабер, се смета дека имале ерменско потекло. Според некои научници семејството на Теодосија потекнува од благородничкото ерменско семејство на Камсараканите.

Во 808 година таткото на Теодосија застанал на чело на неуспешен бунт против Никифор I, по кое Арсабер бил принуден да се замонаши[2], а неговиот имот бил конфискуван.

Теодосија била омажена за Лав V уште додека тој ја имал должноста стратег во времето на император Никифор I. Лав се качил на престолот во 813 година по абдикацијата на Михаил I Рангаве.

Теодосија од бракот со Лав V имала четири деца:

  • Константин, соимператор на Лав V од 814 до 820.
  • Василиј
  • Григориј
  • Теодосиј

Се претпоставува дека Лав и Теодосија имале и ќерка, но оскудните информации не ја потврдуваат сигурно оваа претпоставка.

По убиството на Лав V на Божиќ во 820 година, новиот император Михаил II наредил синовите на Теодосија да бидат кастрирани, по што целото семејство било испратено на островот Проти. Јован Зонара пишува дека на Теодосија и било дозволено да земе на островот дел од личниот имот на Лав V и да има лична послуга. Теодор Студит и испратил писмо на Теодосија некаде помеѓу 821 и 826 година. По 826 година името на Теодосија престанува да фигурира во историските хроники.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Nicholas Adontz, The age and origins of the emperor Basil I (1933) .
  • Warren Treadgold, The Byzantine Revival 780–842 (1988).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Прокопија
Византиска царица
813–820
Наследник
Текла