Теодорос Нацинас
Теодорос Нацинас | ||
![]() | ||
Роден | 8 јули 1872 Сачишта, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 2 февруари 1949 |
Теодорос Нацинас (грчки: Θεόδωρος Νάτσινας) е грчки просветен деец, член на Елиномакедонскиот комитет учесник на грчката вооружена пропаганда во Македонија.
Животопис[уреди | уреди извор]
Нацинас е роден 1872 година во гратчето Сачишта, тогаш во Османлиското Царство. Завршил физика и математика при Атинскиот универзитет во 1898 година. Предавал во Аргос и Спецес [1]. Во 1899 година Атинскиот универзитет го предложил Нацинас за учител во Кесарија, пред грчката влада. Во периодот меѓу 1903 - 1907 година предавал во Цариград.
Во 1907 година станал директор на грчкото училиште во роднит крај и се вклучил во огранокот на Елиномакедонскиот комитет во Сачишта. Бил уапсен од странана турските власти и затворен во Лапчишта, меѓутоа по притисокот на грчките митрополити бил ослободен.
По Балканските војни предавал во Кожани [2]. Во 1918 година станал генерален инспектор на средното образование в Грција. По 1921 година работи во Солун, каде заедно со Г. Каранданис го презел упарвувањето со училиштето Мараслион, основано од Стефанос Нукас [3]. Првенствено училиштетот се викало „Нацинас-Каранданис“, но подоцна е преименувано во „Теодорос Нацинас“.
Нацинас е автор на книгата „Македонски патувачки трговци во Австрија и Унгарија“, издадена 1939 година во Солун.[4] Тој е Татко е на политичарот Стефанос Нацинас. Една од улиците во Солун е именувана по него.