Тенка сина линија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Билборд на автопат крај Дилворт, Минесота, САД на кој е прикажано американско знаме со тенка сина линија, симбол користен од движењето.

Тенка сина линија (на англиски: Thin blue line) е популарна фраза, симбол и донекаде општествено движење кое ја поддржува работата на полициските служби и другите агенции кои работат на спроведување на законите. Денес најмногу е популарно во земјите чиј официјален јазик е англискиот, особено во САД каде доаѓа на низа негодувања поради политичко перцепирање и поврзување со политичкото движење Blue Lives Matter. Самиот назив потекнува од Обединетото Кралство како аналогија на терминот Тенка црвена линија, користен во чест на храброста и сплотеноста на британските војници при воена акција во Битката кај Балаклава, Крим, 1854 година.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Сликата „Тенка црвена линија“ од Роберт Гиб, 1881.

Оваа фраза потекнува од повеќенаменскиот термин Тенка црвена линија, примарно користен за да се објасни храброста и сплотеноста која ја покажале околу 200 британски војници од 93-от Полк против руска коњаница за време на воена акција при Битката кај Балаклава, дел од Кримската војна која се случила на 25 октомври 1854 година кај крајбрежниот град Балаклава на Кримскиот полуостров. Британскиот фелдмаршал Колин Кампбел, 1-ви барон Клајд кој командувал со полкот формирал линија од своите војници, кај чии униформи инаку доминирала црвената боја, кои дале отпор на руската коњаница и извоиле победа. Меѓутоа, ваквите линии обично биле длабоки 4 пати, додека оваа линија била „потенка“ за 2 пати. Поради ова, битката е популаризирана под терминот Тенка црвена линија, а во 1881 година шкотскиот сликар Роберт Гиб ја насликал истоимената слика. Аналогната фраза Тенка сина линија пак првпат била употребена во 1911 година во истоимена поема од Нелс Дикман која пак овде се однесува на американската армија, кај чии униформи од 18-ти и 19-ти век доминирала сината боја.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Нема податоци кога фразата Тенка сина линија за првпат почнала да се употребува во однос на полицијата, но се претпоставува дека терминот прв го употребил во 1950-тите тогашниот директор на Полицискиот оддел на градот Лос Анџелес Вилијам Паркер.[2][3] Тој наводно ја објаснил фразата како бариера помеѓу законот и јавниот ред на една страна и социјалната и цивилна анархија на друга страна. Таа бариера, сместена во средината, во неговиот случај е полицијата во Лос Анџелес, претставена како професионална полициска служба која работела на тоа двете страни да не влезат во конфликт.[4] Во својата книга „Колапсот на Полицискиот оддел на градот Лос Анџелес: Падот на професионалниот реформски модел на полициската работа“, авторот Џејмс Ласли објаснува дека првата страна се граѓаните на Лос Анџелес, претежно белци од работничката или средната класа, кои се мнозинство и ја поддржуваат работата на полицијата под раководство на Паркер, и тоа до толку што не ги доведувале во прашање методите на работа на полицијата. Спротивно од нив пак се граѓаните кои не се согласувале со авторитетот на полицијата и нивните методи, најчесто изразувајќи го тоа преку прекршување на законот или доведувајќи го во прашање интегритетот и „добродушноста“ на полицијата во нивниот град. На оваа страна од „линијата“ често се сметале етничките малцинства и заедници на Лос Анџелес—Латиноамериканците, Афроамериканците, Азиските Американци.[4] Ова објаснување на Ласли се согласува и со денешниот статус и сфаќање на фразата и движењето.

Симболи[уреди | уреди извор]


Знаме на Тенката сина линија
Знамето на движењето Тенка сина линија}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер 3:5
Опис Тенка сина линија меѓу две црни полиња

Постојат низа симболи кои се користат за некое лице или организација како дел од движењата Тенка сина линија или Blue Lives Matter да се идентификува како полицаец или поддржувач на полициската работа и да покаже солидарност со полицијата, но најосновниот е знамето со тенка сина линија која стои меѓу две црни полиња. Според едни идејата е дека линијата во средината се сите оние кои служат за спроведување на законите во една држава (во главно, полицијата) и тие стојат како штит меѓу општествениот хаос и јавниот ред и мир односно меѓу криминалците и нивните жртви, а според други пак, кај ова знаме, познато како Thin Blue Line Identifier, црните полиња претставуваат помен за сите полициски службеници кои загинале.[5] Ова знаме дури е заведено како регистриран заштитен знак во САД.[6]

Бои
Систем Црна Бела Сина
RGB 0-0-0 255-255-255 0-0-255
хексидецимален формат #000000 #FFFFFF #0000FF
Варијации
Американското знаме и неговата верзија на Тенка сина линија развиорени од пик-ап во движење.

Симболите на движењето се разликуваат од земја во земја. Тие обично имаат еден заеднички дизајн кој се применува на националните знамиња на државата во која е лоцирано движењето. Според тој дизајн, знамето е во црна и бела боја и во средината стои тенката сина линија. Така на пример, во американската верзија, знамето е во црна и бела боја и од шестте ленти прикажени на знамето, средишната е обоена во сина боја. Овој концепт сепак кај одредени знамиња не може да е успешен поради тоа што некои национални знамиња не можат да се прикажат само во две бои или со линија во средината, најчесто од естетски причини.

Варијации на симболот на движењето
Американското знаме во црна и бела боја со тенка сина линија во средина
Канадското знаме во црна и бела боја со тенка сина линија во средина

Распространетост[уреди | уреди извор]

Негодувања[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nels Dickmann (1911). „The Voice of the Infinite, and Other Poems“ (англиски). стр. 6, 7. конс. 10 ноември 2018. 
  2. John Buntin (2009). „L.A. Noir: The Struggle for the Soul of America's Most Seductive City“ (англиски). Crown Publishing Group/Archetype Publishing. конс. 11 ноември 2018. 
  3. „Chief Parker Molded LAPD Image, Then Came the '60s: Press Treated Officers as Heroes until Social Upheaval Prompted Skepticism and Confrontation“. Los Angeles Times. 25 мај 1992. конс. 11 ноември 2018. 
  4. 4,0 4,1 James Lasley (2012). „Los Angeles Police Department Meltdown: The fall of the professional reform model of policing“ (англиски). CRC Press. конс. 11 ноември 2018. 
  5. „The Official Blue Line Identifier“ (англиски). конс. 11 ноември 2018. 
  6. „Reg. No. 2.093.785“. United States Patent and Trademark Office (англиски). 2 септември 1997. конс. 11 ноември 2018.