Тенис на Летните олимписки игри 2020 - жени поединечно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тенис - Жени поединечно
на Летните олимписки игри 2020
МестоАријаке Колосеум, Токио
Денови24–31 јули 2021
Натпреварувачи64 од 35 земји
Медалисти
Белинда Бенчиќ Швајцарија
Маркета Вондроушова Чешка
Елина Свитолина Украина
← 2016
2024 →

Тенискиот турнир во женска поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2020 во Токио се одржал од 24 до 31 јули во Аријаке Колосеум.[1] Учествувале 64 натпреварувачки од 35 земји.[2]

Моника Пуиг од Порторико била бранител на титулата од претходното издание, но се повлекла од овој турнир поради повреда.

Во финалето на турнирот играле Белинда Бенчиќ и Маркета Вондроушова. Бенчиќ го освоила златниот медал совладувајќи ја Вондроушова во три сета (7-5, 2-6, 6-3). Сребрениот медал го освоила Вондроушова, а бронзениот Елина Свитолина, која во натпреварот за бронзата ја победила Елена Рибакина со 1-6, 7-6, 6-4.

Општо[уреди | уреди извор]

Ова било 14-тото издание (на кое се доделуваат медали) на олимпискиот тениски турнир во женска поединечна конкуренција. Турниот во женска поединечна конкуренција се одржал само еднаш за време на првите три Летни олимписки игри (во 1896 и 1904 година се играло само машки тенис), но се одржувал на секоја Олимпијада на која имало тениски турнир од 1908 година. Тенисот не бил застапен во олимписката програма во периодот 1928-1984 година, иако имало два демонстративни турнири во 1968 и 1984 година на нив не се доделувале медали за тенис.[3]

Од осумте четвртфиналисти на игрите во 2016 година, повратнички на овој турнир се носителката на бронзениот медал Петра Квитова од Чешка и четвртфиналиските Елина Свитолина од Украина и Лаура Зигемунд од Германија. Меѓу тенисерките кои настапиле на турнирот се светскиот рекет број 1 Ешли Барти од Австралија, светскиот рекет број 2 Наоми Осака од Јапонија и светскиот рекет број 3 Арина Сабаленка од Белорусија. Четири тенисерки од најдобрите 10 играчи се повлекле од олимпискиот турнир: Софија Кенин, Симона Халеп, Серена Вилијамс и Бјанка Андрееску.

Ова е прв олимписки турнир од игрите 1996 на кој не учествувале сестрите Вилијамс, откако Серена се повлекла поради семејни проблеми додека Венус не била избрана меѓу четирите тенисерки кои ги претставувале САД.

За првпат во историјата на олимписките тениски турнири Египет имале претставник во женска поединечна конкуренција. Франција од друга страна го имала својот 13-ти настап, најмногу меѓу земјите, пропуштајќи ги само игрите во Лондон во 1908 година (кога се натпреварувале само британски играчи).

Квалификации[уреди | уреди извор]

Секој Национален олимписки комитет (НОК) може да пријави четири тенисерки, со правилото донесено уште за време на игрите 2000 година. Квалификациите за женска поединечна конкуренција првенствено се врз основа на ВТА ранг листата објавена на 14 јуни 2021 година. Дополнително ограничување е тоа што тенисерките требало да биле во минатото дел од три натпревари во Били Џин Кинг купот во периодот помеѓу 2017 и 2020 година (со некои исклучоци). Ждребот за женскиот сингл турнир се состои од 64 играчи,[2] а од нив 56 (рангирани од 1 до 56 место) добиваат право на учество преку ВТА листата.[2]

Од преостанатите места, шест се достапни за играчи кои се квалификувале преку континентални квалификации: четири преку континентални турнири (две во Пан Американските игри 2019, едно од Азиските игри 2018 и едно од Африканските игри 2019 и два преку светско рангирање со ограничен континент (по еден за Европа и Океанија, кои мора да доаѓаат од НОК без други квалификувани конкуренти). Четирите места на континенталниот турнир имаат предност пред светскиот пласман, па затоа победниците (Надја Подороска, Вероника Сепеде Ројг, Мајар Шериф и Ванг Кјанг) не се бројат во оние 56 од ВТА листата (но се бројат во четири по земја).[2]

Преглед[уреди | уреди извор]

Прво коло[уреди | уреди извор]

Турнирот започнал во сабота на 24 јули 2021, а првите натпревари започнале во 11:00 часот по јапонско време (04:00 по македонско време). На програмата биле натпреварите од првото коло, а првиот ден поминал мирно без поголеми изненадувања со сигурни победи за фаворитките. Првата пречка успешно ја минале победничката на Ролан Гарос 2020 и шеста носителка Ига Швјонтек од Полска која со 6-2, 6-2 била подобра од Мона Бартел од Германија како и победничката на Ролан Гарос 2021 и осма носителка, Барбора Крејчикова, на која при нејзино водство од 5-2 во првиот сет нејзината противничка Зарина Дијас од Казахстан и го предала натпреварот. Во текот на првиот ден понатаму минале и Анастасија Павлиученкова (6-0, 6-1 против Сара Ерани), Елена Рибакина (6-4, 6-2 против Саманта Стосур), Марија Сакари (7-5, 6-2 против Анет Контевеит) и Паула Бадоса (6-7, 6-3, 6-0 против Кристина Младеновиќ).[4]

Првото големо изнеднадување се случило на вториот натпреварувачки ден: првата светска тенисерка и победник на пред само две недели завршениот Вимблдон, Ешли Барти од Австралија, била поразена од шпанската тенисерка рангирана на 48-мото место на ВТА листата, Сара Сорибес Тормо со 6-4, 6-3.[5] Вториот светски рекет и втора носителка, домашната тенисерка Наоми Осака, остварила победа над Женг Саисаи од Кина и се пласирала во второто коло.[6] Во текот на вториот натпреварувачки ден победи во првото коло и пласман понатаму обезбедиле третата носителка Арина Сабаленка (6-2, 6-1 против Магда Линет), четвртата носителка Елина Свитолина (6-3, 5-7, 6-4 против Лаура Зигмунд), петтата носителка Каролина Плишкова (6-1, 6-3 против Ализе Корне) и седмата носителка Гарбиње Мугуруса (7-5, 7-5 против Вероника Кудерметова).[7] Турнирот завршил и за дванаесеттата носителка, Елис Мертенс од Белгија, која во три сета била поразена од Екатерина Александрова (4-6, 6-4, 6-4).

Второ коло[уреди | уреди извор]

Сите натпревари од второто коло се одиграле во понеделник на 26 јули. Најголемото изненадување во оваа рунда го приредила хрватката Дона Векиќ која во три сета (по сетови 6-4, 3-6 и 7-6) ја елиминирала третата носителка Арина Сабаленка од Белорусија.[8] Втората највиоско рангирана тенисерка која била елиминирана во оваа рунда била шестата носителка Ига Швјонтек која загубила од Паула Бадоса од Шпанија со 6-3, 7-6.[9] Турнирот, исто така, завршил и за десеттата носителка Петра Квитова која загубила од Алисон Ван Ујтванк иако го добила првиот сет (7-5, 3-6, 0-6).[8]

Највисоко рангираната тенисерка од преостанатите во ждребот, домашната надеж и втора носителка Наоми Осака успешно ја минала втората рунда со победа од 6-3, 6-2 над Викторија Голубиќ од Швајцарија.[10] Во третото коло се пласирала и четвртата носителка Елина Свитолина од Украина која остварила тешка победа над Ајла Томљановиќ од Австралија, совладувајќи ја со 4-6, 6-4, 6-4. Слично како и Свитолина, така и петтата носителка Каролина Плишкова од Чешка до следната рунда дошла во три сета по победата над Карла Суарес Наваро од Шпанија. Пласман во третата рунда од носителките уште обезбедиле седмата Гарбиње Мугуруса, осмата Барбора Крејчикова, деветтата Белинда Бенчиќ, тринаесеттата Анастасија Павлиученкова, четиринаесеттата Марија Сакари и петнаесеттата Елена Рибакина.

Трето коло[уреди | уреди извор]

Најголемата сензација во третото коло се случила кога чешката тенисерка Маркета Вондроушова (42. на ВТА-листата) ја елиминирала четирикратната Гренд Слем шампионка и втора носителка на овој турнир Наоми Осака.[11] Осака, најголемата надеж на земјата-домаќин Јапонија за освојување на медал, очајно лошо го почнала натпреварот, а Вондрушова го искористила тоа и набрзина го добила првиот сет со 6-1.[11] Јапонката потоа повела со 2-0 во вториот сет, но чешката тенисерка направила пресврт и победила со 6-1, 6-4, за ново големо изненадување.[11] Со овој успех Вондроушова закажала пресметка во четвртфиналето со шпанската тенисерка Паула Бадоса, која освен на самиот крај кога ја искористила дури шестата меч-топка немала поголеми проблеми со Надја Подороска од Аргентина; славела победа 6-2, 6-3.[12][13]

На четвртата носителка Елина Свитолина и требало три сета за со пресврт да ја елиминира Марија Сакари со 5-7, 6-3, 6-4.[12] Сигурни и брзи победи во третото коло оствариле уште и седмата носителка Гарбиње Мугуруса која била подобра од Алисон Ван Ујтванк со 6-4, 6-1, тринаесеттата носителка Анастасија Павлиученкова која ја победила Сара Сорибес Тормо со 6-1, 6-3 и шестнаесеттата носителка Елена Рибакина која ја елиминирала Дона Векиќ со 7-6 и 6-4. Турнирот завршил и за петтата носителка Каролина Плишкова која загубила од Камила Џорџи од Италија,[12] а во двобојот на осмата и деветтата носителка, поуспешна била Белинда Бенчиќ која во три сета ја елиминирала Барбора Крејчикова со 1-6, 6-2, 6-3.

Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Во првиот натпревар од четвртфиналето, четвртата носителка и највисоко рангираната преостаната тенисерка во ждребот Елина Свитолина ја совладала Камила Џорџи со 6-4, 6-4 и го задржала олимпискиот сон за освојување на некоја од медалите пласирајќи се во полуфиналето.[14] Нејзината противничка била позната по одигрувањето на вториот натпревар меѓу тенисерките кои не биле носителки Паула Бадоса и Маркета Вондроушова; Бадоса подобро го започнала натпреварот и прва дошла до брејк водејќи со 3-1 во првиот сет, но Вондроушова се опоравила со серија од 5 гема за да го добие првиот сет со 3-6.[15] Се чинело дека слабата игра на Бадоса во завршницата од сетот била резултат на тешките услови за игра кои на крајот ја приморале да го предаде натпреварот откако претрпела топлотен удар,[15] што уште повеќе ги зголемило критиките кон организаторите на турнирот заради ужасно тешките услови за игра.[16]

Во третото четвртфинале, деветтата носителка Белинда Бенчиќ ја победила тринаесеттата носителка Анастасија Павлиученкова со 6-0, 3-6, 6-3 во најнеизвесното четвртфинале[17] и се изборила за полуфинален натпревар против петнаесеттата носителка Елена Рибакина, која во два сета ја елиминирала седмата носителка Гарбиње Мугуруса со 7-5, 6-1.[17]

Полуфинале[уреди | уреди извор]

Во првото полуфинале играле Белинда Бенчиќ и Елена Рибакина. Во првиот сет биле виден многу брејкови, а последниот кога при резултат 5-3 Рибакина сервирала за сет, а Бенчиќ успеала да освои гем на сервис на противничката и да се врати резултатски во сетот. Во продолжение немало брејк па после резултат 6-6 се играло тајбрејк кој го добила Бенчиќ и повела со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бенчиќ имала бреј предност, но овојпат Рибакина успеала да се врати и со уште еден брејк да го добие вториот сет со 6-4. Многу брејкови имало и во третиот одлучувачки сет, но еден повеќе направила Бенчиќ што и овозможило на швајцарката да се пласира во финалето победувајќи со 7-6, 4-6, 6-3.

Вторто полуфинале меѓу Елина Свитолина и Маркета Вондроушова започнало изедначено до резултат 2-2, а потоа Вондроушова добила четири од следните пет гема за да го добие првиот сет во своја корист со резултат 6-3. Нејзината серија од пет гемови по ред била прекината при нејзино водство од 3-0 во вториот сет кога Свитолина освоила гем на свој сервис за да намали на 3-1. Сепак, тоа било се од украинската тенисерка во овој натпревар, затоа што со нова серија од три гема по ред Вондроушова го добила вториот сет со 6-1 и го решила мечот во своја корист со 6-3, 6-1.

Натпревар за бронзен медал[уреди | уреди извор]

Во натпреварот за бронзениот медал Свитолина ја победила Рибакина, за прв медал за Украина во тенис на Летните олимписки игри. Првиот сет убедливо и припаднал на Рибакина со 6-1, а тенисерката од Казахстан на двапати имала брејк предност и во вториот, но не успеала да ја задржи предноста. Така, во вториот сет се играл тај-брејк, кој на крајот го добила Свитолина со 7-5 и изедначила на 1-1 во сетови. Во третиот одлучуваки сет повторно подобро отворила Рибакина и повела со 4-1 (со еден брејк предност), но уште еднаш не ја задржала предноста и со серија од пет гема по ред Свитолина се вратила и го добила третиот сет за освојување на бронзата (1-6, 7-6, 6-4).

Натпревар за златен медал[уреди | уреди извор]

Во натпреварот за златниот медал играле Белинда Бенчиќ и Маркета Вондроушова.[18] Првиот сет го добила Бенчиќ откако успеала да направи брејк при резултат 6-5 и да го добие првиот сет со 7-5.[18] Вондроушова возвратила во вториот сет добивајќи го со убедливи 6-2 за да се избори за трет одлучувачки.[18] Третиот сет започнал со серија на брејкови на двете страни, а одлучувачкиот момент се случил при резултат 4-3 за Бенчиќ кога швајцарската тенисерка направила нов брејк и потоа во следниот гем сервирала за победа пришто ја искористила втората меч топка откако претходно спасила три брејк шанси за Вондроушова.[18] Така, Белинда Бенчиќ победила во овој натпревар со 7-5, 2-6 и 6-3 и го освоила златниот медал.[18][19]

Тоа бил прв златен медал за Швајцарија во женска поединечна конкуренција, вкупно трети во тенис (по Марк Росе во 1992 во машка поединечна конкуренција и Роџер Федерер и Станислас Вавринка во 2008 во машки двојки).[19] За Чешка пак, ова бил најсјајниот медал во женска поединечна конкуренција во историјата земјата (по распадот на Чехословачка), откако претходно имале само два бронзени медали освоени од Јана Новотна во 1996 и од Петра Квитова во 2016.

Интересно е тоа што, Бенчиќ играјќи во пар со Викторија Голубиќ на овие игри освоила уште еден медал, сребрениот во женски двојки. Во уште едно швајцарско-чешко финале Бенчиќ и Голубиќ загубиле од Барбора Крејчикова и Катержина Синиакова

Распоред[уреди | уреди извор]

Турнирот ќе се одигра во текот на 8 дена, од сабота 24 јули до сабота 31 јули. Долу прикажаните времиња се на почеток на тениски сесии, иако натпреварите во женска поединечна конкуренција делат терени со други тениски конкуренции.[1]

јули
24 25 26 27 28 29 30 31
11:00 11:00 11:00 11:00 11:00 11:00 12:00
Прво коло Второ коло Трето коло Четвртфинале Полуфинале Натпревар за бронзен медал
Натпревар за златен медал

Сите времиња се според Јапонското време (UTC+9)

Носители[уреди | уреди извор]

Ждреб[уреди | уреди извор]

Легенда

  • -w/o- = предавање пред натпреварот
    (англиски: Walkover)
  • -r- = предавање во текот на натпреварот
    (англиски: Retired)
  • -d- = дисквалификација во текот на натпреварот
    (англиски: Defaulted)


Завршница на турнирот[уреди | уреди извор]

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                           
  13   Анастасија Павлиученкова (ROC) 0 6 3  
9   Белинда Бенчиќ (SUI) 6 3 6  
  9   Белинда Бенчиќ (SUI) 77 4 6  
  15   Елена Рибакина (KAZ) 62 6 3  
15   Елена Рибакина (KAZ) 7 6
  7   Гарбиње Мугуруса (ESP) 5 1  
    9   Белинда Бенчиќ (SUI) 7 2 6    
    Маркета Вондроушова (CZE) 5 6 3    
    Камила Џорџи (ITA) 4 4  
4   Елина Свитолина (UKR) 6 6  
4   Елина Свитолина (UKR) 3 1
    Маркета Вондроушова (CZE) 6 6     Натпревар за бронзен медал
  Паула Бадоса (ESP) 3 0r
    Маркета Вондроушова (CZE) 6 0     15   Елена Рибакина (KAZ) 6 65 4
  4   Елина Свитолина (UKR) 1 77 6

Горна половина на ждребот[уреди | уреди извор]

Сектор 1[уреди | уреди извор]

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
1   Е. Барти (AUS) 4 3  
  С. Сорибес Тормо (ESP) 6 6       С. Сорибес Тормо (ESP) 6 6  
  Ф. Феро (FRA) 2 6 6     Ф. Феро (FRA) 1 4  
  А. Севастова (LAT) 6 4 2         С. Сорибес Тормо (ESP) 1 3  
ITF   А-Л Фридсам (GER) 77 6       13   А. Павлиученкова (ROC) 6 6  
  Х. Вотсон (GBR) 65 3     ITF   А-Л Фридсам (GER) 1 1
ITF   С. Ерани (ITA) 0 1   13   А. Павлиученкова (ROC) 6 6  
13   А. Павличуенкова (ROC) 6 6       13   А. Павлиученкова (ROC) 0 6 3
9   Б. Бенчиќ (SUI) 6 6       9   Б. Бенчиќ (SUI) 6 3 6
  Џ. Пегула (USA) 3 3     9   Б. Бенчиќ (SUI) 6 6  
  М. Дои (JPN) 6 6     М. Дои (JPN) 2 4  
Alt   Р. Сарасуа (MEX) 3 2       9   Б. Бенчиќ (SUI) 1 6 6
  ЛА Фернандес (CAN) 6 3 6       8   Б. Крејчикова (CZE) 6 2 3  
  Д. Јастремска (UKR) 3 6 0       ЛА Фернандес (CAN) 2 4
  З. Дијас (KAZ) 2r   8   Б. Крејчикова (CZE) 6 6  
8   Б. Крејчикова (CZE) 5  

Сектор 2[уреди | уреди извор]

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
3   А. Сабаленка (BLR) 6 6  
  М. Линет (POL) 2 1     3   А. Сабаленка (BLR) 4 6 63  
  К. Гарсија (FRA) 2 77 3     Д. Векиќ (CRO) 6 3 77  
  Д. Векиќ (CRO) 6 62 6         Д. Векиќ (CRO) 6 4  
ITF   М. Шериф (EGY) 5 61       15   Е. Рибакина (KAZ) 7 6  
  Р. Петерсон (SWE) 7 77       Р. Петерсон (SWE) 2 3
ITF   С. Стосур (AUS) 4 2   15   Е. Рибакина (KAZ) 6 6  
15   Е. Рибакина (KAZ) 6 6       15   Е. Рибакина (KAZ) 7 6
10   П. Квитова (CZE) 6 6       7   Г. Мугуруса (ESP) 5 1
  Ј. Паолини (ITA) 4 3     10   П. Квитова (CZE) 7 3 0  
PR   И. Јоровиќ (SRB) 3 2     А. Ван Ујтванк (BEL) 5 6 6  
  А. Ван Ујтванк (BEL) 6 6         А. Ван Ујтванк (BEL) 4 1
ITF   В. Сепеде Ројг (PAR) 4 3       7   Г. Мугуруса (ESP) 6 6  
ITF   В. Кјанг (CHN) 6 6     ITF   В, Кијанг (CHN) 3 0
  В. Кудерметова (ROC) 5 5   7   Г. Мугуруса (ESP) 6 6  
7   Г. Мугуруса (ESP) 7 7  

Долна половина на ждребот[уреди | уреди извор]

Сектор 3[уреди | уреди извор]

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
5   Ка. Плишкова (CZE) 6 6  
  А. Корне (FRA) 1 3     5   Ка. Плишкова (CZE) 6 60 6  
PR   К. Суарес Наваро (ESP) 6 6   PR   К. Суарес Наваро (ESP) 3 77 1  
  О. Џабир (TUN) 4 1       5   Ка. Плишкова (CZE) 4 2  
  Ј. Остапенко (LAT) 4 77 4         К. Џорџи (ITA) 6 6  
PR   Е. Веснина (ROC) 6 62 6     PR   Е. Веснина (ROC) 3 1
  К. Џорџи (ITA) 6 6     К. Џорџи (ITA) 6 6  
11   Џ. Брејди (USA) 3 2         К. Џорџи (ITA) 4 4
14   М. Сакари (GRE) 7 6       4   Е. Свитолина (UKR) 6 6
  А. Контавеит (EST) 5 2     14   М. Сакари (GRE) 6 6  
  Н. Стојановиќ (SRB) 6 6     Н. Стојановиќ (SRB) 1 2  
  Н. Хибино (JPN) 3 3       14   М. Сакари (GRE) 7 3 4
PR   Ј. Шведова (KAZ) 5 2r       4   Е. Свитолина (UKR) 5 6 6  
  А. Томљановиќ (AUS) 7 3       А. Томљановиќ (AUS) 6 3 4
  Л. Зигемунд (GER) 3 7 4   4   Е. Свитолина (UKR) 4 6 6  
4   Е. Свитолина (UKR) 6 5 6  

Сектор 4[уреди | уреди извор]

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
6   И. Швјонтек (POL) 6 6  
PR   М. Бартел (GER) 2 2     6   И. Швјонтек (POL) 3 64  
  П. Бадоса (ESP) 64 6 6     П. Бадоса (ESP) 6 77  
  К. Младеновиќ (FRA) 77 3 0         П. Бадоса (ESP) 6 6  
  Ј. Путинцева (KAZ) 64 3r       ITF   Н. Подороска (ARG) 2 3  
ITF   Н. Подорска (ARG) 77 1     ITF   Н. Подороска (ARG) 6 6
  Е. Александрова (ROC) 4 6 6     Е. Александрова (ROC) 1 3  
12   Е. Мертенс (BEL) 6 4 4         П. Бадоса (ESP) 3 0r
16   К. Бертенс (NED) 4 6 4         М. Вондроушова (CZE) 6 0
  М. Вондроушова (CZE) 6 3 6       М. Вондроушова (CZE) 6 6  
ITF   М. Бузарнеску (ROU) 60 7 6   ITF   М. Бузарнеску (ROU) 1 2  
  А. Риск (USA) 77 5 4         М. Вондроушова (CZE) 6 6
  МК Осорио Серано (COL) 4 1       2   Н. Осака (JPN) 1 4  
  В. Голубиќ (SUI) 6 6       В. Голубиќ (SUI) 3 2
  С. Женг (CHN) 1 4   2   Н. Осака (JPN) 6 6  
2   Н. Осака (JPN) 6 6  

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Tennis Competition Schedule“. Tokyo 2020. Архивирано од изворникот на 2021-08-12. Посетено на 16 July 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Tokyo 2020 – ITF Tennis Qualification System“. WTA. Посетено на 22 July 2021.
  3. „Singles, Women“. Olympedia. Посетено на 16 July 2021.
  4. „Резултати, сабота 24 јули 2021“. ВТА. Посетено на 25 јули 2021.
  5. „Најдобрата тенисерка е елиминирана од Олимписките игри“. mkd.mk. 25 јули 2021. Архивирано од изворникот на 2021-07-25. Посетено на 25 јули 2021.
  6. „Победничко враќање на Наоми Осака по повлекувањето поради депресија“. ekipa.mk. 25 јули 2021. Посетено на 25 јули 2021.
  7. „Резултати, недела 25 јули 2021“. ВТА. Посетено на 25 јули 2021.
  8. 8,0 8,1 „Сензација во Токио – Хрватката Векиќ ја елиминираше Сабалјенка, пораз и на Квитова“. 26 јули 2021. Посетено на 26 јули 2021. Занемарен непознатиот параметар |publihser= (се препорачува |publisher=) (help)
  9. „Tokyo 2020: Badosa upsets Swiatek; Sabalenka, Kvitova also fall at Olympics“. 26 јули 2021. Посетено на 26 јули 2021.
  10. „Осака ја продолжува потерата по злато во Токио“. 26 јули 2021. Посетено на 26 јули 2021. Занемарен непознатиот параметар |publihser= (се препорачува |publisher=) (help)
  11. 11,0 11,1 11,2 „Сензација: Наоми Осака елиминирана од ОИ“. 27 јули 2021. Посетено на 27 јули 2021. Занемарен непознатиот параметар |publihser= (се препорачува |publisher=) (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 „Изненадувачка елиминација на Плишкова, Бадоса продолжи во победнички ритам“. 27 јули 2021. Посетено на 27 јули 2021. Занемарен непознатиот параметар |publihser= (се препорачува |publisher=) (help)
  13. „Paula Badosa derrota a Nadia Podoroska y se mete en cuartos de Tokio-2020“. 27 јули 2021. Посетено на 27 јули 2021.
  14. „Tokyo 2020: Svitolina leads field into semifinals; Muguruza falls“. WTA. 28 јули 2021. Посетено на 29 јули 2021.
  15. 15,0 15,1 „Нехумани услови во Токио – Шпанката Бадоса во инвалидска количка изнесена од теренот“. ekipa.mk. 28 јули 2021. Посетено на 29 јули 2021.
  16. „Условите на тенискиот турнир во Токио се ужасни“. vecer.press. 25 јули 2021. Посетено на 29 јули 2021.
  17. 17,0 17,1 „Бенчиќ и Рибакина го сочинуваат вториот полуфинален пар на ЛОИ во Токио“. ekipa.mk. 28 јули 2021. Посетено на 29 јули 2021.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 „Белинда Бенчиќ го освои златниот медал на тенискиот турнир“. slobodenpecat.mk. 31 јули 2021. Посетено на 4 август 2021.
  19. 19,0 19,1 „Белинда Бенчиќ за Швајцарија направи нешто не направил ни Роџер Федерер“. sportmanija.mk. 31 јули 2021. Посетено на 4 август 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]