Темјанушки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Темјанушкоцветни)
Прејди на: содржини, барај
Темјанушки
Viola banksii
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Фамилија: Темјанушки
Batsch

Темјанушките или љубичици (науч. Violaceae) е фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).

Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales

Опис[уреди]

Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули. Семето е со ендосперм.

Систематика[уреди]

Потфамилија Fusispermoideae[уреди]

Потфамилија Leonioideae[уреди]

Потфамилија Violoideae[уреди]

Племе Rinoreeae[уреди]

Потплеме Hymenantherinae[уреди]
Потплеме Isodendriinae[уреди]
Потплеме Paypayrolinae[уреди]
Потплеме Rinoreinae[уреди]

Племе Violeae[уреди]

Надворешни врски[уреди]