Темпл Грандин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Темпл Грандин

Темпл Грандин (Бостон, 29 август 1947 година ) е американски доктор на науки (гранка на сточарство ) и професор на Државниот универзитет во Колорадо, автор на бестселер и советник во сточарската индустрија за однесување на животните. Како личност со високо-функционален аутизам, Грандин е призната и како активист за аутизам и пронаоѓач на машини за гушкање (или) дизајнирани да ги смират преосетливите лица. Според нејзиниот живот, снимен е филмот Темпл Грандин во 2010 година.[1]

Детството, младоста и образованието[уреди | уреди извор]

Грандин е родена во Бостон, семејство на Ричард Грандин и Јусташи Катлер.И дијагностицирале аутизам кога имала само две години (1950). На неа и било дијагностицирано оштетување на мозокот и присуствувала на предучилиште каде, според нејзино мислење, и предавале добри учители. Мајката на Грандин разговарала со доктор, кој предложил говорна терапија, а таа ангажирала дадилка која минувала часови играјќи со Грандин и нејзината сестра. По завршувањето на училиштето во Хемпшир кантри, интернат за талентирани деца во Ринг (Нов Хемпшир), во 1966 година, Грандин ги завршила своите додипломски студии по психологија на факултетот Френклин Пирс.[2] Во 1970 година, магистрирала сточарство на Државниот универзитет во Аризона во 1975 година, потоа докторирача на Универзитетот во Илиноис (Urbana-Champaign). Во 1989 г. Грандин го примила почесниот докторат на Ветеринарниот колеџ во Онтарио на Универзитетот во Гелф во Онтарио (Канада) на собранието во 2012 година каде била главен говорник.

Темпл Грандин на ТЕД (2010)

Кариера[уреди | уреди извор]

Грандин е филозофски водач на движењето за благосостојба на животните и движењето за права на луѓето со аутизам. Двете движења ја наведуваат нејзината работа за благосостојба на животните, неврологијата и филозофијата. Таа го разбирала анксиозното чувство што доаѓа од заканите од животната средина и чувството на отфрлање и страв што и давал мотивирација да работи хумано со добитокот. Нејзината деловна мрежна страница промовира подобрување на стандардите во кланиците и сточарските фарми. Во 2004 година, таа беше наградена со Наградата Прога во категоријата „визионер“.

Една од нејзините најважни есеи е за благосостојбата на животните, во која таа претпоставува дека животните се технички сопственост на нашето општество, на кое законот конечно дава етичка заштита или права.[3]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Грандин вели дека „делот од другите луѓе кои имаат емотивни врски не е дел од неа“, и таа никогаш не се омажила или немала деца. Покрај работењето во сточарството, за доброто на животните и за правата на луѓето со аутизам, нејзините други интереси вклучуваат и јавање коњи, научна фантастика, филмови и биохемија. Таа ја опишува социјализацијата со другите како „здодевна“ и не е заинтересирана за читање или гледање на емотивни проблеми или врски.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]