Темплинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Темплинско Езеро
Potsdam view from above.jpg
Темплинско Езеро гледано од север, во преден план железничкиот мост, додека во позадина е полуостровот Хермансвердер.
ПодрачјеБранденбург
Координати52°22′3″N 13°1′6″E / 52.36750° СГШ; 13.01833° ИГД / 52.36750; 13.01833Координати: 52°22′3″N 13°1′6″E / 52.36750° СГШ; 13.01833° ИГД / 52.36750; 13.01833
Главни приливиХафел
Главни истециХафел
Сливни земјиГерманија
Најг. должина5,8 км км
Најг. ширина1,2 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
5.11 км км2
Најг. длабочина6 м м
Надм. височина29,4 м м
Населени местаПотсдам, Капут, Гелтов
Трка на моторни чамци во 1929

Темплинско Езеро (германски: Templiner See) е езеро во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се протега на југ и запад и центарот на градот Потсдам.

Езерото е долго 5,8 километри, со максимална широчина од 1,2 километри и површина од 5,11 км². Се наоѓа на надморска височина од 29,4 м и има максимална длабочина од 6 метри.

Пловната река Хафел тече низ езерото, вливајќи се на северната страна во близина на центарот на Потсдам и изливајќи се на јужната страна преку краток канал до Швиловското Езеро помеѓу Капут и Гелтов. Езерото е опслужувано од два ферибота, Кивит кон северниот дел и Капут кон јужниот дел. Пловноста е надгледувана како дел од Долен Хафел.[1][2]

На северниот дел на езерото, полуостровот Хермансвердер навлегува во езерото. На средината, езерото е пресечено од берлинската железница, која поминува преку посебен железнички мост. Бил изграден во 1950-тите со цел да го заобиколи Западен Берлин во текот на поделбата на Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шефилд, Бери (1995) (на англиски). Inland Waterways of Germany. Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 93–100. ISBN 0-85288-283-1. 
  2. "Hauptstrecken Abkürzungen" [Main route abbreviations] (германски). Wasser- und Schifffahrtsverwaltung des Bundes. конс. 6 февруари 2011.