Темна дебелоглавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Темна дебелоглавка
Dingy skipper (Erynnis tages) male.jpg
Мажјак
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Hesperiidae
Род: Erynnis
Вид: E. tages
Биномен назив
Erynnis tages
(Linnaeus, 1758)

Темната дебелоглавка (Erynnis tages) е пеперутка од семејството на Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Пеперутката ја има во цела Европа, Мала Азија и Средна Азија, сè до Амурската област. Пеперутката сака отворени површини и живеалишта до 2000 метри надморска висина. Пеперутката лета во две генерации од мај до јуни и од јули до август. Сепак, во високите предели има само една генерација.

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Јајцата се полагаат поединечно на млади листови, омилена храна за ларвите е Hippocrepis comosa и Lotus pendunculatus. Гасениците прават засолниште со виткање на листови и се грани до август. Потоа создава засолниште за хибернација.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Jim Asher et al. The Millennium Atlas of Butterflies of Britain and Ireland Oxford University Press

Надворешни врски[уреди | уреди извор]