Тело (биологија)

Тело (латински: corpus) — физичката градба на еден организам. Овој поим се користи само за организми што претставуваат една целина. Постојат организми што се менуваат од едноклеточни во повеќеклеточни, како што се лигавите габи; кај нив поимот „тело“ се однесува на повеќеклеточната фаза.
Други употреби:
- Тело кај растенијата: Растенијата се модуларни, при што модулите се создаваат од меристемите. Телото на растението обично се состои од стеблен систем и коренов систем, а неговиот развој е под влијание на животната средина.
- Тело на клетка: Тука поимот може да се користи за клетки како што се невроните, кои имаат долги аксони (нервни влакна). Телото на клетката е делот во кој се наоѓа јадрото.
- Мртво тело: Телото на починат човек се нарекува и труп или леш. Мртвите тела на животните (’рбетниците) и инсектите понекогаш се нарекуваат трупови.
- Човечко тело: Човечкото тело се состои од глава, врат, труп, две раце, две нозе и полови органи во пределот на препоните, кои се разликуваат кај машките и женските единки.
Гранката на биологијата што се занимава со проучување на телата и нивните конкретни структурни одлики се нарекува морфологија. Анатомијата е гранка на морфологијата што ја проучува структурата на телото на ниво повисоко од ткиво. Анатомијата е тесно поврзана со хистологијата, која ја проучува структурата на ткивата, како и со цитологијата, која ги проучува структурата и функцијата на поединечните клетки од кои се изградени ткивата и органите на макроорганизмот. Земени заедно, анатомијата, хистологијата, цитологијата и ембриологијата ја претставуваат морфологијата.
Проучувањето на функциите и механизмите во телото се нарекува физиологија.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What is physiology? — Faculty of Biology“. biology.cam.ac.uk (англиски). 16 February 2016. Архивирано од изворникот на 2018-07-07. Посетено на 2018-07-07.
- ↑ Prosser, C. Ladd (1991). Comparative Animal Physiology, Environmental and Metabolic Animal Physiology (4th. изд.). Hoboken, NJ: Wiley-Liss. стр. 1–12. ISBN 978-0-471-85767-9.