Тело на пенис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тело на пенис
Телото на пенисот при ерекција.
Телото на пенисот при мека состојба.
Податоци
Назнаки
Латинскиcorpus penis
TAA09.4.01.003
FMAFMA:18249

Тело на пенис — најголемиот надворешен дел на пенисот. Телото на пенисот започнува од коренот и завршува со главата на пенисот.

Анатомија[уреди | уреди извор]

Телото на пенисот е составено од еден спонгиозен сноп, кој се наоѓа на долната страна на пенисот, и во него се наоѓа мочниот канал. Околу спонгиозниот сноп има сврзно ткиво (септум на пенис). Над овој сноп се наоѓаат два кавернозни снопа, кои се споени еден со друг со бела обвивка. Низ сноповите се протегаат длабоките артерии на пенисот. Спојот на сноповите прави вдлабнатина. Над сноповите се наоѓа дорзалниот нерв, две дорзални артерии и длабоката дорзална вена. Сите овие до сега напоменати се обвиткани од длабока фасција, над која се наоѓа сврзното ткиво, над неа се наоѓа површинската фасција. Меѓу површинската фасција и длабоката фасција на горната страна на пенисот се протега површинската дорзална вена. Сето ова е обвиткано со кожа.

Анатомски приказ[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]