Телма Вуд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Телма Вуд
Роден(а)Телма Елен Вуд
3 јули 1901(1901-07-03)
Канзас, САД
Починал(а)10 декември 1970(1970-12-10) (возр. 69)
Конектикат, САД
Познат(а) поВајарство

Телма Елен Вуд (3 јули 1901 - 10 декември 1970) била американски вајар, но била подобра позната по својот бунтовен живот. Родена е во Канзас и израсната во Сент Луис, Мисури. Таа беше втора од четири деца.[1]

Покрај тоа што многу малку од нејзината работа преживеала, цртежите на Вуд биле изложени барем еднаш, во Њујорк во 1931 година, каде што беа позитивно разгледани.

Околу 1921 година, таа се пресели од Сент Луис во Париз со цел да учи за скулптурата, и го посетила Берлин, град за забави во тоа време за оние со странски пари. Информациите од тоа време, и од оние кои ја знаеле, ја опишуваат како "момчешка", скоро 1,80m висока, и "сексуално магнетна".[1]

Во есента на 1921 година, фотографот Беренис Абот ја сретна Вуд и стана нејзин љубовник за кратко време. Абот остана блиска пријателка на Вуд за живот. Таа подоцна ја запозна Вуд со поетесата Џуна Барнс, и направи фотографски портрети и на двете.[2] Вуд, исто така, имаше кратка врска со поетесата Една Сент Винсент Милеј во почетокот на 1920-тите.[3]

Барнс и Вуд започнале врска која траеше од 1921 до 1929 година.[4] Вуд наскоро стана вклученa во афера со една богата жена по име Хенриет Меткалф (1888-1981), со што Барнс го заврши својот однос со Вуд. Кога Nightwood, најпознатиот роман на Барнс, беше објавен во 1936 година, Вуд - наречена "Робин Воут" во книгата, била навредена и престана да зборува со Барнс целосно.[1]

Околу 1942 или 1943 година, нејзиниот однос со Меткалф се влоши, и Меткалф ja заврши нивната 16-годишна врска. Меткалф, наводно, никогаш повеќе не зборуваше со Вуд, дури и кога Вуд при умирање ја побара.[4] Еден фактор била врската на Вуд со Маргарет Беренс (1908-1986), прилично богат антички дилер, и тоа што таа се пресели во домот на Беренс. Врската траеше 27 години, до смртта на Вуд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Matt & Andrej Koymasky - Famous GLTB - Thelma Wood“. Andrejkoymasky.com. 1970-12-10. Посетено на 2012-03-12.
  2. Corinne, Tee A. (2002). „Wood, Thelma Ellen“. glbtq: An Encyclopedia of Gay, Lesbian, Bisexual, Transgender, and Queer Culture. Архивирано од изворникот на 2006-10-16. Посетено на 2006-09-21.
  3. Herring, Phillip (1995). Djuna: The Life and Work of Djuna Barnes. New York: Penguin Books. стр. 158. ISBN 0-14-017842-2.
  4. 4,0 4,1 „Henriette Alice McCrea“. scalar.