Телефонска густина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Телефонска густина – број на телефонски приклучоци на сто жители кои живеат во одредено подрачје. Истата се разликува како меѓу државите така и меѓу урбаните и руралните подрачја во рамките на една држава. Телефонската густина има значајна корелација со БНП по жител на даденото подрачје.[1] Таа се користи и како индикатор на куповната моќ на средната класа на државата или подрачјето.

Одредување на телефонската густина[уреди | уреди извор]

Првично телефонската густина се пресметувала како број на фиксни телефонски линии на сто жители. Но со растечкиот број на земји кои регистрирале повеќе мобилни од фиксни претплатници, овој метод станал помалку значаен. Како алтернатива била предложена „мобилна телефонска густина “ како број на мобилни претплатници на сто жители. Од друга страна овој метод бил неповолен за земјите кои имале добро развиена фиксна телефонска мрежа и за оние кои сè уште имале слабо развиена мобилна мрежа, па Меѓународната унија за телекомуникации предложила воведување на „делотворна телегустина“ која била дефинирана како фиксни или мобилни претплатници на сто жители – повисокиот број.[2]

Фиксните телефонски линии на сто жители се добиваат кога бројот на фиксни телефонски линии се подели со вкупното население и се помножи со 100. Во фиксни телефонски линии спаѓаат сите линии на кои им е доделен телефонски број од телефонската нумерација на фиксната мрежа, без разлика на технологијата преку која истиот е реализиран (бакарна парица, оптика, безжична врска). Од своја страна пак една ДМИУ линија може да има повеќе говорни канали, заради што МУТ препорачал дека сите земји треба да ја достават методологијата на пресметка за да може да се обезбеди споредба.[2]

Мобилните претплатници на сто жители се добиваат кога бројот на мобилни претплатници се подели со вкупното население и се помножи со 100. При оваа пресметка се вклучуваат и постпејд и припејд корисниците. Корисниците кои биле неактивни во последните три месеци не се вклучени во пресметката.[3]

Телефонска густина во Македонија[уреди | уреди извор]

Година Вкупен број на фиксни
телефонски линии
Густина на фиксни
телефонски линии
Вкупен број на мобилни
телефонски претплатници
Густина на мобилни
телефонски претплатници
1980[4] 77.856 4,08% / /
1981[4] 92.605 4,84% / /
1982[4] 105.501 5,50% / /
1983[4] 119.439 6,21% / /
1984[4] 137.496 7,12% / /
1985[4] 154.427 7,97% / /
1986[4] 189.320 9,74% / /
1987[4] 211.813 10,87% / /
1988[4] 240.684 12,31% / /
1989[4] 261.319 13,32% / /
1990[4] 285.700 14,52% / /
1991[4] 303.230 15,36% / /
1992[4] 313.407 15,83% / /
1993[4] 325.365 16,38% / /
1994[4] 337.839 16,96% / /
1995[4] 350.464 17,54% / /
1996[4] 367.256 18,32% / /
2010 415.144 20,22% 2.153.425 104,90%
2011[5] 422.053 20,56% 2.213.223 107,82%
2012[6] 408.318 19,82% 2.235.460 108,52%
2013[7] 396.523 19,22% 2.237.250 108,48%
2014[8] 383.590 18,59% 2.224.439 107,86%
2015[9] 371.003 17,93% 2.083.583 100,69%
2016[10] 368.370 17,78% 2.050.494 98,99%
2017[11] 366.529 17,46% 2.008.008 97,62%
2018[12] 382.901 18,45% 1.969.109 94,88%
2019[13] 400.454 19,27% 1.921.013 92,48%
2020[14] 415.390 20,00% 1.862.138 89,68%
2021[15] 425.646 23,17% 1.941.352 105,70%
  • Од 2021 година како број на жители се зема податокот од пописот во 2021 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Effects of Globalization on Developing Countries. World Bank Publications. стр. 30. ISBN 9780821332856.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „Core ICT Indicators“ (PDF). ITU. 2005.
  3. „Core ICT Indicators“ (PDF). ITU. 2010.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 244. ISBN 9989-613-03-6.
  5. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2011 година“. АЕК. 12 јуни 2012. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  6. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2012 година“. АЕК. 5 јуни 2013. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  7. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2013 година“. АЕК. 29 август 2014. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  8. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2014 г“. АЕК. 17 септември 2015. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  9. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2015 година“. АЕК. 15 септември 2016. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  10. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2016 година“. АЕК. 25 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2017-10-13. Посетено на 30 мај 2019.
  11. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2017 година“. АЕК. 31 јули 2018. Посетено на 30 мај 2019.[мртва врска]
  12. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2018 година“ (PDF). АЕК. 2 октомври 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-05. Посетено на 1 јануари 2020.
  13. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2019 година“ (PDF). АЕК. октомври 2020. Посетено на 9 октомври 2020.
  14. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2020 година“ (PDF). АЕК. Посетено на 9 декември 2021.
  15. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2021 година“ (PDF). АЕК. Посетено на 11 јули 2023.