Телескоп СОАР

Од Википедија — слободната енциклопедија
Телескоп СОАР
Telescope SOAR
Широк поглед на неколку опсерватории вклучувајќи го Серо Пачон со СОАР
Надм. висина2 738 m
Бранова должинавидливa и инфрацрвена
Прва светлина17 април 2004
Пречник4,1 m
Мреж. местоnoirlab.edu/science/programs/ctio/telescopes/soar-telescope
Страница на Ризницата Содржини на Ризницата

Телескоп СОАР (англ. Southern Astrophysical Research Telescope) – модерен телескоп со пречник на огледалото од 4,1 метар кој работи во спектарот на видливата и инфрацрвената светлина. Сместен е во Серо Пачон во Чиле. Управуван е од конзорциум во кој учествуваат Бразил, универзитетот од Мичиген, Нациолната оптичка опсерваторија на САД и универзитетот од Северна Каролина.

Подготовките на локацијата почнале во септември 1998 година. Договорот меѓу партнерите бил потпишан во јануари 1999 година. Огледалата биле инсталирани во февруари 2004 година, а пуштањето било на 17 април 2004 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. SOAR Telescope Official Site

Надворешни врски[уреди | уреди извор]