Теленовела

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Теленовели)
Мексиканската продуцентска куќа Телевиса е една од најголемите куќи за теленовели

Теленовела е играна телевизиска серија којашто по содржината и форматот одговара на сапуница, но од неа се разликува по тоа што бројот на епизодите однапред е ограничен, а претставува одреден хибрид помеѓу сапуница, драмска серија и минисерија.

Форматот теленовела настанал во Латинска Америка во 1950те, и од почеток исклучиво бил за државите од тоа подрачје. Од 1980те, сериите постепено почнале да освојуваат и други телевизиски пазари, а со времето и да инсипираат серии на тие пазари.

Првата теленовела прикажана во подрачјето на бившата Југославија била бразилскатаРобинката Исаура“ (Escrava Isaura) кон крајот на 1980те.

Од средината на 2000 година, теленовели почнаа да се произведуваат и на Балканот.

Продуцентски куќи[уреди | уреди извор]

Типови на теленовели[уреди | уреди извор]

  • Романтични / традиционални теленовели. Претставуваат највообиичаен тип на теленовели. Најчесто се зборува за сиромашна девојка која се заљубува во богато момче, но нивната љубов е забранета, бидејќи неговата фамилија е препреката.
  • Историски теленовели. Приказната е сместена во периодот пред 20век. Значи, во прашање е колонијалниот период, периодот на независноста, доцниот 19век или Револуција.
  • Тинејџерски / мјузикл теленовели. Ликовите во овие теленовели се тинејџери. Најчесто се во прашање хумористични серии кои се доживуваат со проблеми на дрога, секс и др. теми актуелни за тинејџерите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]