Телекомуникациски центар Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
SkopjeMEPSO.jpg

Телекомуникацискиот центар на архитект Јанко Константинов е едно од најзначајните архитектонско-урбанистички целини реализирани во постземјотресна обнова на Скопје. Неговата реализација ќе биде долготрајна и комплексна, ќе остане некомплексна со серија на измени и преработки во однос на оригиналната авторска идеја.

Телекомуникацискиот центар претставува интегрален елемент на планот на Кензо Танге за постземјотресна обнова на центарот. Обновата на центарот на градот во 1965 година ќе биде предмет на повикан меѓународен конкурс во организација на ООН и југословенската влада. На конкурсот ќе учествуваат четири странски тима и четири тима од поранешните југословенски простори. Во македонскиот тим предводен од арх. Славко Брезовски, учествува и Јанко Константинов , штотуку вратен од престојот во САД.

Меѓународната жири комисија ќе ја подели наградата – 60% ќе добие јапонскиот предлог на Кензо Танге и неговиот тим, а преостанатите 40 % на хрватските архитекти Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер. Планот на Танге за центарот на Скопје е амбициозен во секаква смисла- архитектонска , симболичка , економска, политичка. Планот ќе направи ревизија на функционалистичкиот пристап во урбаното планирање и ќе понуди храбри ” футористички ” визии за метропола на работ на утопија. На територијата со речиси квадратен формат од околу 290 хектари , организирана околу меандричкиот тек на реката Вардарар, планот предвидува значајна трансформација на наследниот урбан модел и постојната слика на градот. Централизираната предземјотресна геометрија на градот, Танге ја зајакнува со поставување на потковица од објекти со оминантно станбен карактер т.н “ Градски ѕид “ кој го затвора најстрогиот центар на градот. Од друга страна, ваквата геометрија ја разбива, трасирајќи нова линеарна наскоа на развој во правец исток-запад, која го следи природниот правец на протегање на скопската котлина. По должина на оската , на бреговите на реката Вардар се поставени серија на јавни објекти ( културни, трговски, административни, едукативни ), кои го нагласуваат јавниот карактер на просторот. Ваквата агрегација на јавни содржини започнува на исток со (мега)структурата на “ Градската порта “. Во таа смисла телекомуникацискиот комплекс претставува завршница на новата оска исток- запад која поаѓа од Транспортен центар, објектот на Градскиот трговски центар кон плоштадот Маршал Тито, на која се нижат програми со различен карактер.

Локација[уреди | уреди извор]

За телекомуникацискиот комплекс е доделена ексклузивна локација во најтесното градско подрачје – спроти средновековната тврдина Кале, на десниот кеј на реката Вардар. Се наоѓа на самиот агол на фреквентните булевари “Гоце Делчев” и “Илинден”. Изборот на една ваква локација за објект, е доминантно технолошки и административен. Врзана е со меморијата на местото, со можност рационално да се искористат постоечките вградени инсталации, но и со силна верба во напредокот и технологијата проткаена низ целиот период на шеесетите години од минатиот век.

Telekom Skopje.jpg

Проектот е започнат во октомври 1968 г. До 1972 г. Автортот , архитектот Јанко Константинов и неговиот соработнички тим , ќе изработат три различни концепти на идејни решенија.

Прва варијанта на проектот ( не е реализирана )[уреди | уреди извор]

Во првиот идеен предлог за Телекомуникацискиот комплекс , јасно се чита влијанието на јапонскиот метаболизам кое преку планот на Кензо Танге. Од друга страна, може да се прочита и влијанието од американската архитектонска сцена со која авторот бил во директен допир за време на својата проектанска пракса кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години од минатиот век.

Во оваа варијанта тој предлага концепт на отворена просторна структура која излегува надвор од традициналните композициски норми. Комплексот има импозантни димензии со вкупно протегање од приближно 95x86 м. Може да се препознаат неколку сегменти. Доминантен е централниот дел носен од 16 вертикални цилиндрични кули , грипирани во формации од 4x4 по принципот на здружени јадра. Моќните цилиндрични структури имаат главно комуникациски и сервисен карактер. Овие вертикали се главната структура која ги носи “лебдечките” хоризонтални платформи исполнети со потребната програма. Од функционален аспект Телекомуникацискиот комплекс обединува неколку целини инволвирани во различни , сепак меѓусебно поврзани активности. Во централниот дел, со својата позиција во планот и вкупната висина доминира технолошкиот дел и сегмент наменет за администрацијата. Технолошкиот дел со поштенските уреди и инсталации и вработените кои го опсложуваат, Константинов јасно го издвојува во блокот поместен кон јужната страна на комплексот. Тој се развива низ шест нивоа над земја и едно подземно нивно, со вкупна висина од 34 метри над котата на улицата. На четвртото кон север , се развива сегментот на администрацијата кој заедно со технолошкиот дел затвора правоаголен просторен периметрален блок.

На овој начин поголемиот дел од објектот виси во воздух над големиот јавен простор кој претставуа своевидна обединувачка платформа, која Константинов богато ја уредува со зеленило, водни површини и скулптури. На исток и запад од централната структура се предвидени ниски волумени чија програма се развива низ едно подземно и две нивоа над земја. На исток се наоѓа големата шалтер сала и делот со јавни услоги. Влезовите во технолошкиот дел на телекомуникацискиот центар, сервисните и подземното паркирање се ориентирани кон ул. “Oрце Николов “.

Втора варијанта на проектот ( реализирана )[уреди | уреди извор]

Во периодот што следел Јанко Константинов со својот соработнички тим ќе развие ново идејно решение за Телекомуникацискиот комплекс. По барање на “ урбанистите “ во оваа варијанта на проектот администрацијата е целосно крената на столбови, ориентирана кон плоштадот, додека шалтерската сала ја добива спротивната позиција, кон запад. На ваков начин се обезбедува непречена врска на плоштадот, кејот на реката Вардар и платото кое и во оваа фаза на разработка претставува значаен интеграциски елемент на комплексот и уредена јавна површнина достапна на граѓаните сред и инаку технолошкиот комплекс со прилично затворен карактр.

Како реминисценција од претходната фаза, се појавуваат две цилиндрични комуникациски јадра во телекомуникациски блок и четири комуникациски јадра поставени во аглите на квадратната зграда со администрацијата. Во оваа фаза комплексот е многу поблизок до бруталистичка естетика.

Кула и Блок

Кула и Блок ( реализирани )[уреди | уреди извор]

Во 1972 г се пристапува кон реализација на првата етапа. Објектот е составен од два сегмента – блок , со висина од П+4 и кула со висина П+7 кои, во програмска смисла , го претставуваат чисто технолошкиот сегмент од комплексот. Во нив е сместена телекомуникациската опрема и просториите за техничкиот персонал кој ја опслужува опремата. Неговото проектирање претставува резултат на долга опсежна студија на технологијата на телекомуникациски објекти и пред себе ја поставува целта да ги предвиди и покрие потребие на телефонскиот и телеграфскиот сообраќај во следните 30 години.

Доминантно бруталистички во својот архитектонски јазик, тој е сочинет од моќни волумени со затворен карактер. Фасадните платна се третирани во широки потези , површините на бетонот се искрено покажани. Исклучителна употреба на натур бетонот , на начин кој ја поништува класичната разлика меѓу структура и обвивка, води кон аскетска редукација во однос на материјалноста и бојата во објектот. Повторливоста на одредени групации создава ритмичко исфрлање и вовлекување на фасадата, кое дополнително придонесува кон динамиката на општата композиција. Ваквиот архитектонски израз го носи карактеристичниот авторски печат на Јанко Константинов од шеесетите и седумдесеттите години од минатиот век.

Шалтер сала ( реализирана)[уреди | уреди извор]

Skopje Post.jpg

Шалтерската сала се наоѓа на најисфрлената точка на локацијата, на аголот на булеварите ”Гоце Делчев ” и ” Илинден ”. Со својата кружна форма, таа ја дополнува фигуративната игра на елементите – на веќе изградениот правоаголен телекомуникациски блок, вертикалата на телекомуникациската кула и предвидената квадратна маса на административниот објект. Таа е со двовисински простор кој е наменет за работа со јавноста. Зад делот за посетители по периферијата на кругот, се сместени просториите за прием и опрема на писма и пакети, просториите за административните служби , архива и сл.

Управна зграда ( варијанти )[уреди | уреди извор]

Предвидена е како последна фаза во реализацијаа на комплексот, никогаш нема да се реализира според проектот на Константинов. Програмата е дистрибуирана низ едно подземно ниво, приземје со висина од 7,5 м и четири нивоа со администрација кои постепено се исфрлаат кон надвор. Дистрибуцијата на движењето е со централен коридор , а работните простори соодветно се ориентирани кон фасадите или кон атриумот. Речиси целото приземје на објектот е слободно , освен аглите каде што се наоѓаат влезовите и вертикалните комуникации. Структурата на објектот исто е од армирано бетонска конструкција .

Соодветно на карактерот на објектот и видот на програмата во внатрешноста , сите четири фасади авторот ги третира на идентичен начин. Административните псторори се екстензивно застаклени, а карактерот на прозорските отвори се менува по нивоа. Од друга страна, аглите на објектот се силно нагласени. Покрај цилиндрите во кои се сместени вертикалните комуникации, слично како и во Педагошката гимназија , Јанко Константинов ги нагласува блоковите со санитарии. Доминантно затворени, тие се дополнително акцентирани со вертикалните платна во натур бетон, изразено скулптурларно третирани.

Во следната фаза на разработка на проектот се трансформира основниот габарит на зградата. Во југозападниот агол се појавува вцртана позиција на веќе постоечкиот објект. Концептот и понатаму останува атриумски, објектот е ориентиран кон внатрешниот двор со "L" форма, намален во висина и со дополително рационализирани распони доведени до димензија од 6м. Експресивноста на фасадите постепено се намалува, во аглите се задржуваат цилиндричните вертикали, фасадата е ектензивно застаклена со воедначен растер и во целост исчезнува второстепената пластика во натур бетон. Долготрајноста на процесот на проектирање на односите меѓу Јанко Константинов и ИСП " Бетон " Свето Прокопиев, ќе доведат до тоа Јанко Константинов да биде разрешен од задачата. Прокопиев за објектот на управната зграда ќе распише интерен конкурс во рамките на Институтот.

Транзиција[уреди | уреди извор]

Настанати во посебен контекст и со карактеристична материјалност, по период од 30-40 години од нивната изградба, тие се соочени со бројни предизвици кои водат кон нивна забрзана деградација. Вообичаеното физичко стареење на вградените материјали и опрема во случајот на Телекомуникацискиот центар е дополнето и со програмска и функционална надминатост на дел од површините.

Дополнително на југозападниот агол во дадениот миг трае изградбата на уште еден објект кој со својот габарит комплетно ќе ја блокира визурата од плоштадот кон своевремено доминантната вертикала на поштенската кула. На овој начин сосема свесно и тендецизно е уништена една вредна доцно-модерна архитектонска и урбанистичка композиција, постапка која и не е единствена и исклучува само за ПТТ центар. Сличен однос може и да забележиме и кај Универзитетскиот кампус , а до екстрем е доведен кај комплексот објекти на Културниот центар.

Трендот за преобликување на постоечки градби во гротескна сценографија, пак , во последните неколку години ја " преоблече" зградата на Зоран Штаклев. Некогаш елегантна стаклена фасда, врамена во тешка рамка од натур бетон се зароби во ефтини фасадни материјали со несмасни историски референци кои наликуваат на искривена слика во огледало на нечија туѓа истроија.