Тежок за убивање
| Тежок за убивање | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Брус Малмут |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Стивен Макеј |
| Главни улоги | |
| Музика | Дејвид Мајкл Френк |
| Кинематографија | Метју Ф. Леонети |
| Монтажа | Џон Ф. Линк |
| Студио | Lee Rich Productions |
| Дистрибутер | Warner Bros. |
| Премиера | 9 февруари 1990 г. |
| Времетраење | 95 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 11,5 милиони долари |
| Бруто-заработка | 75 милиони долари |
Тежок за убивање (англиски: Hard to Kill) — американски акционен трилер од 1990 г., во режија на Брус Малмут, а по сценарио на Стивен Макеј. Главните улоги ги толкуваат Стивен Сигал, Кели Леброк, Вилијам Садлер и Фредерик Кофин. Ова е втор филм на Сигал по неговото деби со Над законот.
Во филмот, Сигал го толкува ликот на Мејсон Сторм, детектив што паѓа во кома откако е застрелан за време на упад во неговиот дом, при што е убиена неговата сопруга. Сторм се буди по седум години и тргнува во одмазднички поход за да ја одмазди смртта на својата сопруга и да ја разоткрие корупцијата на сенаторот Вернон Трент — човекот што го нарачал убиството на неговото семејство.
Филмот бил објавен од страна на Warner Bros. на 9 февруари 1990 г. и остварил заработка од 75 милиони долари ширум светот.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]1983 г. Поседувајќи цврсти докази за политичка корупција, детективот од Лос Анџелес, Мејсон Сторм, го привлекува несаканото внимание на мафијата и нејзините политички поддржувачи. Додека поткупливи полицајци го следат секој негов чекор, Сторм набрзо се наоѓа на нишанот на насилниците во сопствениот дом — најмени убијци го покосуваат неговото семејство, а него го оставаат мислејќи дека е мртов. Но во 1990 г., седум години по овој кобен настан, издржливиот Сторм на чудесен начин се буди од длабока кома. Крвта бара правда, а Сторм има нерасчистени сметки. Продолжувајќи таму каде што застанал, дури ни цела војска злосторници не може да го спречи во неговата намера да ги израмни долговите. На крајот на краиштата, кој се плаши од смртта кога веќе бил мртов?
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Стивен Сигал | Мејсон Сторм |
| Кели Леброк | Андреа Стјуарт |
| Фредерик Кофин | Кевин О'Мали |
| Вилијам Садлер | сенаторот Вернон Трент |
| Бони Бароуз | Фелиша Сторм |
| Ендру Блок | капетан Ден Халанд |
| Бранскомб Ричмонд | Макс Квинтеро |
| Чарлс Босвел | Џек Аксел |
| Закари Розенкранц | Сани Сторм |
| Лу Бејти Млађи | Карл Бекер |
| Дин Норис | наредник Гудхарт |
| Роберт Ласардо | силеџија |
| Ерни Лајвли | капетан на ЛАПД |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Hard to Kill“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот 2013-01-06. Посетено на 2016-04-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тежок за убивање на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)