Прејди на содржината

Теди Синклер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теди Синклер
Синклер на настап во театарот „Бутлег“ во февруари 2014
Животописни податоци
Родено имеНаталија Ноеми Капучини
Познат(а) и како
  • Наталија Килс
  • Вербалишс
  • Верс
  • Паудер Рум
  • Кенди Рапер
Роден(а)15 август 1986(1986-08-15)(38 г.)
Брадфорд, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
Период на активност1995–денес
Издавачи

Наталија НоемиТедиСинклер (моминско: Капучини; англ. Teddy Natalia Noemi Sinclair; родена на 15 август 1986)[3] ― англиска пејачка и глумица.[4][5] Снимала музика под различни псевдоними, а меѓу најпознатите се: Наталија Килс (англ. Natalia Kills) и Вербалишс (англ. Verbalicious). Денес таа е пејачка во групата Cruel Youth, која исто така издава музика и под името The Powder Room.

Наталија Синклер е родена во Брадфорд, Западен Јоркшир. Нејзината мајка, Ноеми Кери-Фишер, по потекло била од Уругвај, а нејзиниот татко Едвард Фишер бил од Јамајка. Наталија детството го поминала во Лондон и Барселона покрај нејзините баба и дедо Ноеми и Фред Кери, а студирала на колеџот за музика и драма во Јоркшир. Во 2008 година, се преселила во Лос Анџелес за да ја продолжи нејзината музичка кариера.

Под името Наталија Килс, Синклер потпишала договор со заедничкото вложување од: will.i.am Music Group, KonLive Distribution и Cherrytree Records; со таа издавачка куќа го издала нејзиниот прв албум, Perfectionist (2011). Од албумот произлегле умерено успешните синглови: „Mirrors“ и „Free“ (со will.i.am). Истата година, во соработка со американското електронско дуо LMFAO, таа пеела на нивниот хит-сингл „Champagne Showers“, кој станал нејзино најуспешно издание досега. Во 2013 година го издала нејзиниот следен албум Trouble.[6] Во 2015 година за нејзино сценско име го избрала Теди, а следната година основала своја група Cruel Youth. Групата истата година го издала ЕР-то +30mg (2016).

Синклер исто така напишала песни и за: Ејнџел Хејз, Мадона и Ријана. Во 2017 година била номинирана за Греми награда затоа што била ко-текстописец на песната од Ријана „Kiss It Better“. Во март 2015 година, Синклер и нејзиниот сопруг Вили Мун биле отпуштени како судии од новозеландскиот X Factor поради нивните остри коментари кон еден натпреварувач.[7]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Perfectionist (2011)
  • Trouble (2013)
  1. O'Brien, John. „Natalia Kills“. AllMusic. Посетено на 4 June 2013.
  2. Villagomez, Andrew (11 March 2013). „LISTEN: Natalia Kills' 'Problem'. Out. Посетено на 2 August 2013.
  3. Michael, Michael Love (12 December 2018). „Most Misunderstood: Teddy Sinclair Is Finally Free“. Paper. Посетено на 13 January 2019.
  4. Kletnoy, Sergio (15 August 2013). „MC@Play: Natalia Kills“. New York City. Посетено на 15 November 2013.
  5. Slenske, Michael (July 2011). „Five Minutes with Natalia Kills“. New York City. Архивирано од изворникот на 22 April 2016. Посетено на 15 November 2013.
  6. Fletcher, Harry (7 July 2015). „Natalia Kills changes her name to Teddy Sinclair“. Digital Spy. Посетено на 14 August 2015.
  7. „Pressure on TV3 after X Factor judges Willy Moon and Natalia Kills humiliate contestant on live TV“. New Zealand Herald. 16 March 2015. Посетено на 16 March 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]