Теа Ендрјус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теа Ендрјус

Теа Ендрјус (англиски: Thea Andrews, р. 4 октомври 1973 година во Торонто, Онтарио, Канада) е македонско-канадска новинарка и телевизиска водителка за спортски и естрадни вести.[1] Таа исто така била водител на реалити шоуа и утрински програми. Меѓу октомври 2003 и ноември 2006 година, Ендрјус била водител за неколку ESPN емисии како „Ладна пица“ (2003-2005), „Доручек кај Черчил Даунс“ (2004-2006), „Доручек кај Пимлико“ (2004-2006), „ESPY шоу на црвениот тепих“ (2005-2006), „ESPN Холивуд“ (2005-2006) и „Спортот и Холивуд“ (2006). Таа известувала за трки со коњи, универзитетски натпревари по кошарка и американски фудбал. Во сабота навечер ја водела програмата „Телевизија за момци“ на TSN во примарниот термин, како и канадската верзија на „Готвење со љубов“. Ендрјус била известувач и водител на „Естрадата вечерва“ меѓу ноември 2006 и октомври 2009 година. Била прв водител на „Маестро Шеф Канада“, како и на натпреварот во кантри-пеење „Следната суперѕвезда“ на CMT. Меѓу јануари 2013 и јули 2015 година, Ендрјус ја водела емисијата „Инсајдер“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „THEA ANDREWS WOLF | Leadership | Visionary Women“. www.visionarywomen.com (англиски). Посетено на 2020-07-11.