Тврдина Мејсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тврдина Мејсон

Тврдината Мејсон (англиски: Fort Mason) во Сан Франциско, Калифорнија, САД е поранешна станица на американската армија на северот на Марина, покрај Санфранцискиот Залив. Во минатото, оваа тврдина била позната и како Утоварно пристаниште во Сан Франциско на американската армија (англиски: San Francisco Port of Embarkation, US Army). Тврдината Мејсон служела како станица на американската армија повеќе од сто години: првично како место за прибрежна одбрана[1] и потоа како војно пристаниште. За време на Втората светска војна, ова утврдување било главното пристаниште на тихоокеанскиот фронт.[2]

Денес, тврдината Мејсон е дел од националната рекреациона површина „Голден Гејт“ и е домаќин на повеќе културни институции. Целата површина на тврдината (49 згради распространети на повеќе од 490 хектари) е впишана како историска област на Националниот список на историски места.[2] Долниот дел на тврдината е прогласен за Национален историски споменик поради улогата на пристаништето во Втората светска војна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „San Francisco Port of Embarkation, U.S. Army National Register of Historic Places - Inventory Nomination Form“. National Park Service.
  2. 2,0 2,1 „National Register #72000109: Fort Mason Historic District in San Francisco, California“. noehill.com. Посетено на 2020-06-09.