Прејди на содржината

Тврдина Жрнов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жрнов
Карта
Општи податоци
ГрадАвала
ЗемјаСрбија

Тврдината Жрнов била средновековна тврдина која се наоѓала на врвот Авала, јужно од Белград, во Србија. Тврдината била изградена во времето на Римското Царство. Тврдината била проширена со доаѓањето на Србите, и главно служела за одбрана на градот. Останките од тврдината биле со динамит срушени во 1934 година, за да на нејзино место се изгради Споменик на Незнајниот војник, чиј архитект бил вајарот Иван Мештровиќ.