Тврдина Бетнава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тврдина Бетнава
Dvorec Betnava
Schloss Windenau
SLO-Betnava1.JPG
Општи податоци
Град Марибор
Земја Словенија


Тврдината Бетнава се наоѓа во близина на градот Марибор, во Словенија. Замокот за прв пат се споменува во 1319 година под името Винтенав. Градбата поминала низ рацете на многу сопственици, вклучувајќи ги и семејствата на благородницие Херберштајн, Киесл, Ауерсперг, Урсини, Брандис. За време на нивниот мандат, објектот бил трансформиран во протестантски дворец, полн со капели и гробишта. Во 1863 година, Бетнава станала летна резиденција на епископите од Марибор и Лаван.

Во 1784 година, зградата била реновирана во стил на Барок, градби кои биле модерни во Виена во тоа време. На западната страна се наоѓа капела која е посветена на Вистинскиот Крст. Главната фасада потекнува од 19 век.