Твоето име
„Твоето име“ | |
---|---|
![]() Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Макото Шинкаи |
Продуцент |
|
Сценарист | Макото Шинкаи |
Главни улоги | |
Музика | Radwimps |
Кинематографија | Макото Шинкаи |
Монтажа | Макото Шинкаи |
Студио | |
Дистрибутер | Toho |
Премиера | 3 јули 2016 г. (Anime Expo) 26 август 2016 г. (Јапонија) |
Времетраење | 107 минути[1] |
Земја | ![]() |
Јазик | јапонски
|
Буџет | 7,5 милиони долари[2] |
Бруто заработка | 405,3 милиони долари |
Твоето име (јапонски: 君の名, англиски: Your Name) — долгометражен аниме-филм во режија на Макото Шинкаи. Бил анимиран од CoMix Wave Films и распределен од Toho. Масајоши Танака ги дизајнирал ликовите, а Јоџиро Нода од RADWIMPS ја компонирал музиката. Филмот бил премиерно прикажан на 3 јули 2016 г., на Anime Expo во Лос Анџелес, Калифорнија, а бил објавен во Јапонија на 26 август 2016 г. Претходно, на 18 јуни 2016 г., бил објавен роман, исто така напишан од Шинкаи.
На Anime Expo, Funimation објавила дека го лиценцирала филмот за распределба во САД. Твоето име бил вклучен во првите десет филма на Би-би-си за 2016 г. и бил прогласен за најдобар аниме-филм на деценијата од „Мир фантастики“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Приказна за една девојка по име Мицуха од провинциски град во планините на Јапонија и момчето Таки од Токио, кои еден ден откриваат неразбирлива и неверојатна врска меѓу себе. Во сон, душите на овие двајца потполни странци ги заменуваат местата — Таки во телото на девојката, а Мицуха во телото на момчето. Тие никогаш порано не се сретнале, ама постепено со секоја минута стануваат сѐ поблиски и поблиски. Ова се случува повеќе од еднаш сосема случајно. Странците почнуваат да наоѓаат начини да општат едни со други — пораки, белешки, некои траги. На крајот, тие сфаќаат дека сакаат да се сретнат во вистинскиот живот, навистина да се запознаат. Таки и Мицуха сфаќаат дека тоа е речиси невозможно, но нивните души се многу блиски и мораат да се најдат.
Озвучување
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Рјоносуке Камики | Таки Тачибана |
Моне Камишираиши | Мицуха Мијамизу |
Масами Нагасава | Мики Окудера |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Your Name“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот January 13, 2018. Посетено на December 23, 2017.
- ↑ Kornits, Dov (8 May 1999). „eFilmCritic – Director, Vincenzo Natali – Cube“. eFilmcritic.com. Архивирано од изворникот 29 May 2013. Посетено на 17 September 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Твоето име“ на Ризницата ? |
- Your Name. на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)