Тајфун (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тајфун (англиски: Typhoon) - новела на англискиот писател Џозеф Конрад, започнат во 1899, а објавен во 1902 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во романот, составен од шест дела, се опишува борбата на екипажот на бродот „Нан-Шан“ со тајфунот во Јужнокинеското Море. Со бродот управува капетанот Макхвер, кој го напуштил домот во Белфаст за да стане морнар. Тој е тивок, мирен и ретко зборува, но работата ја извршува со голема одговорност. Првиот офицер на бродот, Џукс, има спротивен темперамент, но тој му е верен и послушен на капетанот Макхвер. Бродот патува во близината на Формоза, натоварен со производи и со 200 кинески печалбари. Иако времето е убаво, капетанот е зачуден од барометарот кој покажува дека некаде се подготвува голема бура. И навистина, пловејќи кон Кина, Макхвер и Џукс забележуваат големо невреме во далечината и Џукс предлага да го променат курсот, во обид да ја заобиколат бурата, но капетанот Макхвер го одбива предлогот, иако никогаш немал искуство со толку големо невреме. Така, за кратко време, бродот го заплискуваат големи бранови, а Макхвер и Џукс, на палубата очајнички се борат против големите бранови и силниот ветар, меѓусебно помагајќи си. Тогаш, кај нив доаѓа редарот, кој ги известува дека Кинезите започнале меѓусебна тепачка, така што капетанот му наредува на Џукс да ја напушти палубата. Тој, пак, оди во куќичката во која се наоѓа кормилото и таму го среќава вториот офицер, преплашен и изгубен, додека кормиларот храбро си ја извршува должноста. Додека трае борбата со големите бранови, капетанот му наредува на Џукс да ги смири Кинезите, а тој останува сам на палубата, токму во мигот кога бродот го погаѓа огромен бран. Кога невремето малку се смирува, капетанот почнува да се сомнева дека ќе го спаси бродот, зашто знае дека се приближува ударниот бран на тајфунот. Сепак, еден сончев ден, бродот пристигнува во едно пристаниште, речиси целосно уништен. Таму, капетанот Макхвер го отпушта плашливиот втор офицер. Во меѓувреме, тој и другите членови на екипажот им испраќаат писма на своите роднини и пријатели, во кои страшната случка ја споменуваат само попатно, но сите ја истакнуваат храброста и мудроста на капетанот, кој не само што успеал да го победи тајфунот, туку и да им ги подели праведно парите на кинеските печалбари.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Џозеф Конрад, Тајфун. Београд: Српска књижевна задруга, 1991.