Тајност, интегритет и достапност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тајност[уреди | уреди извор]

Тајноста се однесува на ограничување на информациските пристапи, спречување на корисниците да пристапат кон одредени лични авторизирани податоци на системот, како и ограничување на неавторизираните корисници. Тоа се превентивни пристапи кои за остварување на оваа цел користат автентикациски методи како што се корисничките идентификации и лозинки со цел корисниците на системот да бидат идентификувани. Притоа со поддршка на контролните методи се ограничуваат идентификуваните кориснички пристапи кон изворот на податочниот систем. Тајноста е поврзана со концептот на податочната приватност на тој начин што се ограничуваат пристапите до индивидуалните лични информации на даден корисник.

Интегритет[уреди | уреди извор]

Интегритетот се однесува на доверливоста на информациските ресурси. Го вклучува концептот на “податочен интегритет”, што значи, податокот не бил сменет несоодветно, што може да биде случајна или намерна злобна активност. Вклучува исто така “оригинален” или ”изворен интегритет” каде што податокот активно доаѓа од личност или ентитет што вие сметате дека може да му верувате. Интегритетот гарантира дека информацијата е вистинска, точна и комплетна. Обезбедува сигурност дека информацијата може да биде безбедно искористена за своите потреби. Терминот "интегритет" обично сe користи кога најголем акцент се става на безбедноста на информацијата. Интегритетот на податокот не е само кога податокот е ”точен”, туку и кога на податокот може да му се верува и можеме да се потпреме на тој податок. На пример, со правење копии на деликатен документ (како што е испраќање на електронски пораки на документот), се загрозува интегритетот на информацијата на тој документ. Зошто? Бидејќи, со правење на две или повеќе копии, податокот е под ризик на промена или модификација.

Достапност[уреди | уреди извор]

Достапноста, всушност, се однесува на дозволениот пристап кон информациските ресурси. Речиси сите модерни организации се високо независни во функционирањето на информациските системи. Многу од нив, буквално, не би можеле да оперираат без нив. Достапноста гарантира дека системите кои се одговорни за испорака, складирање и процесирање на информации, секогаш ќе бидат достапни кога ќе им бидат потребни на корисниците.