Тајните Сатурдеј
| Тајните Сатурдеј | |
|---|---|
| Жанр | |
| Создадена од | Џеј Стивенс |
| Развиена од |
|
| Режирана од | Скот Џералдс |
| Гласови | |
| Композитор(и) | Мајкл Тавера |
| Земја на потекло | |
| Првичен јазик | англиски |
| Бр. на сезони | 2 |
| Бр. на епизоди | 36 |
| Производство | |
| Извршен продуцент |
|
| Продуцент | Скот Џералдс |
| Времетраење | 22 минути |
| Продукциска куќа | PorchLight Entertainment |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Cartoon Network |
| Првично прикажување | 3 октомври 2008 – 30 јануари 2010 |
| Хронологија | |
| Слични програми |
|
Тајните Сатурдеј (англиски: The Secret Saturdays) — американска анимирана телевизиска серија создадена од канадскиот аниматор Џеј Стивенс за Cartoon Network. Производството е на компаниите Cartoon Network и PorchLight Entertainment. Стивенс е исто така познат како творец на популарната цртана серија Тутенштајн.
Светската премиера на серијата се одржала на 3 октомври 2008 г. Анимираната серија повторно се прикажувала на каналот Boomerang во периодот од 5 декември 2011 до 1 јуни 2014 г.
Содржина
[уреди | уреди извор]Зак Сатурдеј и неговите родители, Док и Дру, се храбро семејство научници што го посветиле својот живот на ловот на мистични суштества — криптиди. Меѓу нив се Чудовиштето од Лох Нес, крвожедната Чупакабра, Снежниот Човек, Човекот Молец, страшната Медуза Горгона и огнодишни змејови. Обичните сказни што им се читаат на децата за добра ноќ, за семејството Сатурдеј се вистинска реалност, полна со опасности и авантури. Патувајќи низ целиот свет, истражувајќи напуштени градови, древни храмови, бездонни пештери и спуштајќи се во најдлабоките делови на светските океани, тие насекаде пронаоѓаат злобници и бестрашно се борат со нив.
Целото семејство Сатурдеј живее во тајна база и се дел од организацијата позната како „Тајни научници“, која го штити човештвото од скриените и застрашувачки нешта во светот. Главен непријател на семејството е В. В. Аргост (кој води своја телевизиска емисија наречена „Светот на чудното“). Друг опасен противник е Ван Рук, најозлогласениот платеник што често е ангажиран од страна на Аргост за да го запре семејството Сатурдеј.
Ликови
[уреди | уреди извор]- Док Сатурдеј (Соломон Сатурдеј) — таткото на Зак и водач на семејството.
- Дру Сатурдеј — мајката на Зак, археолог и стручњак за митологија.
- Зак Сатурдеј — 11-годишно момче со исклучителна моќ да ги контролира криптидите.
- Фиск (Фискертон Сатурдеј) — „посвоениот брат“ на Зак, суштество од видот Лемуријан.
- Комодо — генетски изменет варан (комодски змеј) со способност да станува невидлив.
- Зона (Зон) — летачки криптид (птеранодон) што служи како превоз и извидник.
- Дојл Блеквел — помладиот брат на Дру и поранешен платеник.
- Винсент Владислав Аргост — главниот злобник и водител на емисијата „Светот на чудното“.
- Леонидас ван Рук — вешт платеник и ловец на криптиди.
- Муња — немиот и таинствен слуга на Аргост.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Secret Saturdays“. Metacritic. Посетено на 22 април 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тајните Сатурдеј на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)