Тајниот свет од соништата на една зависничка од купување

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Secret Dreamworld of a Shopaholic
АвторСофи Кинсела
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
Жанркомедија, Chick lit

Тајниот свет од соништата на една зависничка од купување (2000) (Исповедите на една зависничка од купување во САД и Индија) е првиот дел од серијата популарни новели за зависничката од купување. Новелата е напишана од Софи Кинсела, псевдонимот на Маделин Викам. Главниот лик Ребека (Беки) Блумвуд, финансиски новинар, е во сериозни долгови заради нејзината зависност од купување.

Содржина[уреди | уреди извор]

Ребека Блумвуд живее во стан во елитниот Фулам, Лондон, благодарејќи на нејзината богата цимерка Сузи. Беки е финансиски новинар во списанието Саксесфул Сејвингс (Успешни заштеди), за што вели дека никој не е возбуден што работи таму и сите едноставно се вклопуваат бидејќи не можат да најдат подобра работа. Работата и е досадна. Беки признава дека не се разбира добро во лични финансии, а доказ за тоа се долговите од неколку илјадници фунти и пречекорувањето на сметките. Беки заглавува во поголеми долгови трошејќи неконтролирано на домаќинство, облека и производи за убавина. Во книгата е нагласено дека не може да се ослободи од долговите од неколку илјадници фунти, само се врти во круг, дури постојано добива писма со понуди за подигнување кредити. Честопати прекумерното трошење го оправдува, па нештата кои ги купува нагласува дека се „инвестиции“ или неопходни. За нејзина несреќа, Беки за неопходни ги смета нештата како роденденски подароци за пријателите.

Одејќи на прес-конференција на Брендон Комуникејшнс, Беки ја привлекува натписот за распродажба на излогот на Дени и Џорџ. Марамата која и се допаѓа веќе долго, сега е на попуст од 50%. Ова е единствена прилика за Беки, но си ја заборавила кредитната картичка во канцеларијата, па ја замолува продавачката да ја чува марамата додека се врати. Продавачката се согласува да ја чува до вечерта.

На прес-конференцијата ја пречекува вработена од Брендон К. Таа споменува дека во банкарството има изненадувачки новости и ја прашува Беки за мислење. Беки нема поим на што мисли жената, но почнува да се преправа дека знае. Вработената си оди, а Лук Брендон, претседател на Брендон К., приметува дека Беки глуми. Затоа и кажува дека некоја финансиска група купила друга и дека се шират гласини Флегстаф Лајф да го направи истото.

На среде конференција Беки добива нова задача од шефот. Заради тоа нема време да се врати по картичката во канцеларијата, а за марамата од Дени и Џорџ и требале уште 20 фунти. Бара на заем од пријателката Ели Грагнер, но таа нема. Лук слуша дека на Беки и требаат пари и ја запира цела прес конференција само за да ѝ даде 20 фунти, кои наводно и се потребни за да купи подарок за тетката која е во болница. Само што ја купува марамата, Беки налетува на Лук, но сака побрзо да замине, да не ја фати во лага.

Истата недела цимерката Сјуз ја поканува Беки во ресторан со братучедите, меѓу кои и Таркин. Таму Беки го здогледува Лук со неговите родители. Мајката ја прашува Беки за марамата, а оваа одговара дека ја купила на распродажба. Но потоа веднаш сменила тема на разговор, бидејќи Лук се посомнева, па му кажува дека тетка и починала. Беки е во жалост.

Потоа Лук ја сретнува Беки и ја замолува да пазари со него во Харолдс. Таа ужива додека му помага на Лук во изборот на патни торби низ продавницата. Но се вознемирува кога ќе дознае дека торбите се всушност за девојката на Лук, Саша. Го обвинува Лук дека ја искористил и дека не ја почитува.

Низ целата приказна, менаџерот на банката на Беки, Дерек Смит, се труди да стапи во контакт со неа за да ги врати пречекорувањата и долговите. Беки постојано наоѓа изговори за праќање чек или средба со г-н Смит или неговата помошничка Ерика. Беки лаже дека ногата и е скршена, тетка и починала, итн., но на крај г-н Смит сфаќа дека таа не може да плати. Инсистира да се сретне со неа.

Сјуз и Беки листаат списание и наидуваат на список на најпосакувани милионери. Меѓу најбогатите петнаесет се Таркин и Лук Брендон. Таркин ја поканува Беки на состанок и цела вечер и дава комплименти за марамата, која наводно и е од починатата тетка. Додава дека тетка и собирала донации за професори по виолина за децата во странство. Таркин веднаш и пишува чек од 5000 фунти што би решило нејзините финансиски проблеми. Но не сака да го прифати. Таркин оди во тоалет, а Беки проверува во чековите дали Таркин се расфрла со пари и видела дека не. Тракин се враќа, но Беки мисли дека ја видел како проверува.

Беки не сака веќе да се гледа со Таркин, бидејќи не ја привлекува, иако е премногу богат.

Од друга страна, менаџерот од банката сè повеќе инсистира да се сретне со неа. Беки не може да смисли нови изговори, па решава да се крие во куќата на нејзините родители. Нив им кажува дека тој ја прогонува. Овде Беки разбира дека нејзините соседи донеле одлука според нејзин совет, кој таа случајно им го дала. Но на крај останале без добивка од илјадници фунти заради преземање на банката. Банката мамела луќе убедувајќи ги дека ќе имаат добивки, ако ја сменат сметката. Банката знаела дека ќе биде преземена, и дека нема да има добивки, но клиентите не знаеле. Беки се чувствува виновна за загубата на соседите, па затоа пишува статија во весник за измамата на банката. Статијата е многу успешна и Беки е поканета да гостува во телевизиско шоу. Но Беки не знае дека банката е клиент на фирмата на Лук Брендон. Лук е бесен и мисли дека го напишала тоа за да му врати што не ја почитувал. Во телевизиското шоу Лук и Беки се караат, но по расправата Лук сфаќа дека Беки е во право – банката имамила многу клиенти. Лук изјавува дека нема повеќе да соработува со банката. Беки добива редовен термин во шоуто.

Лук ја кани Беки на деловна вечера во хотелот Риц. Беки пристигнува, но сфаќа дека не се работи за деловна вечера. Вечераат обилно, ги пробуваат пудинзите, на крај ноќта ја поминуваат заедно во хотелот. Беки повторно пропушта состанок со менаџерот на банката, но финансиите и се во ред заради редовниот термин во телевизиското шоу. Сепак, менаџерот Дерек Смит внимава на нејзината сметка.

Улоги[уреди | уреди извор]

Беки Блумвуд: Главниот лик, Беки Блумвуд, е финансиски новинар за Саксесфул сејвингс. Таа ги советува сите за финансии, но самата е во долгови. Живее во Фулам, а пораснала во Оксшот. Зависна е од пазарење. Купува купон за лотарија од 9 фунти и сонува како ќе ги троши парите, но не добива ништо. Татко и ја советува да намали со трошоци или да заработува повеќе. Таа решава да намали со трошење, но тој ден троши 200 фунти. Аплицира за работа со поголема заработка, а во квалификации става течен фински јазик, па на крајот мора да бега од шефот.

Џејн и Грам Блумвуд: Родителите на Беки живеат во Оксшот, Сари. Беки е единка. Тие се убедени дека некој ја прогонува Беки, кој е всушност менаџерот на банката. Тој повеќепати се труди да стапи во контакт со неа, а таа го избегнува.

Лук Брендон: Основач и директор на успешна компанија за односи со јавност, постојано ја поканува Беки на конференции, дури и позајмува пари. Беки се заљубува во него додека му помага при пазарење, но дознава дека тој има девојка, Сања де Боневил. Тој е 31 на списокот на најбогати ергени во земјата.

Сузам Клит – Стјуарт(Сјуз): Цимерка на Беки. Нејзините родители се богати аристократи и и го купиле станот како подарок. Сјуз е најдобра другарка на Беки. Додека и помага на Беки да заработи повеќе пари со изработување на рамки за слики, се пронаоѓа во тоа и има талент, па започнува професионална дизајнерска кариера. Сјуз обожава да купува, но тоа и го овозможуваат нејзините богати родители.

Таркин Клит-Стјуарт: „Чудниот“ роднина на Сјуз, но и 15тиот на списокот на најбогати ергени во земјата. Живее во Шкотска и е страшно заљубен во Беки. Одат на состанок каде за нејзин срам ја гледа како му проверува во чековите за да види колку е богат. Ја носи во Пица експрес, а таа мисли дека ќе одат во елитен ресторан. Повторно ја кани на состанок, но таа одбира да оди на вечера со Лук Брендон.

Ели Грангер: Ели е пријателка на Беки на почетокот на книгата, воедно и колешка – финансиски новинар. Подоцна таа се вработува во Ветерби Инвестментс, тие се оддалечуваат. Ели сака „да напредува во животот“,„ да постигне нешто“, а претходно се жалеле за работата. После тоа, Ели не се споменува во книгата.

Дерек Смит: Менаџерот од банката на Беки, кој низ цела книга се труди да разговара со Беки за нејзината банкова состојба и пречекорување. Во еден дел нејзините родители го сметаат за прогонувач. На крај Беки се сретнува со него и искрено му кажува дека ќе одговара за своите долгови. Беки го нарекува „слаткиот Смити“.

Том Вебстер: Пријател на Беки од детството. Беки еднаш го одбила. Тој живее во Рејгејт, Сари. Беки е во депресија кога го слуша тоа, бидејќи таа не може финансиски да си дозволи дом. Џенис и Мартин Вебстер: Тие се пресудни во развојот на приказната, кога ќе загубат 20 000 фунти, а Беки ќе дознае дека се измамени. Тие се соседи и пријатели на родителите на Беки.

Критики[уреди | уреди извор]

Новелите генерално добиваат позитивни критики.

Една критика ги оцени паметни почетоците на поглавјата како писмо од банката до Беки.

Читателите ја обожаваат Беки, загрижени се за неа, како за пријател. Има мани, па делува „неодоливо будаличка“. Многумина се согласуваат дека Софи Кинсела успеала да комбинира две основни состојки за успех и омиленост кај читателите: реалноста во огромна мера и духовита линија. Жените се пронаоѓаат во карактерот и ситуацијата. Критиките велат дека првите книги се подобри, одошто подоцнежните, кои беа брзо напишани, но сепак се задоволувачки за верните љубители.

Филмска адаптација[уреди | уреди извор]

Филмската адапција на новелите излезе на 13.02.2009, со Исла Фишер како Беки Блумвуд, Хју Денси како Лук Брендон и Кристен Ритер како Сјуз.

Ралики помеѓу филмот и новелата:

  • Во новелата Беки е од Англија, а во филмот од Америка. Дејството во филмот е преместено во Њујорк.
  • Во книгите, Беки е бринета, а во филмот е црвенокоса.
  • Родителите на Беки не ги расфрлаат парите од пензијата.
  • Во новелата, Сјуз и Тарки се роднини кои се состануваат, а Беки е единствена деверица. Во филмот Сјуз и Тарки се во сериозна врска, појавувајќи се во ист кревет и со многу деверици.
  • Во новелата Лук ја бара Беки за жена на свадбата на Сјуз и Тарки.
  • Во новелата марамата на Беки е сино-сива, а во филмот Беки е позната како девојката со зелена марама.
  • Во новелата Лук и Беки никогаш не одат во Мајами.
  • Во новелата таа веќе работи во Саксесфул Сејвинг, а во филмот работи во градинарско списание и оди на разговор за работа во Саксесфул Сејвинг.
  • Во новелата Филип е шеф на Беки, а Лук е сопственик на Брендон Комуникејшнс. Во филмот Лук е нејзиниот шеф.
  • Во новелата се појавува Алиша Билингтон како вработена во Брендон К. Во филмот нејзиниот лик ја зема работата во модно списание што Беки ја сака.
  • Во филмот се изоставени ликови од новелата како Картин и Џенис Вебстер (како и нивниот син Том и неговата девојка Луси).
  • Во новелата Беки гостува во утринското шоу заради измамата на клиентите на Лук. Таму се расправа со Лук и тој на крај вели дека таа е во право. Во филмот таа гостува со Лук да разговараат за девојката со зелена марама.
  • Во филмот се испуштени и делови како кога Сјуз изработува рамки, или врската на Беки со нејзините соседи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://archive.today/20130116081404/www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-2101974_ITM
  2. https://archive.today/20120716065721/www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-11724746_ITM
  3. https://archive.today/20120720122444/www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-29781649_ITM
  4. https://archive.today/20120719234136/www.accessmylibrary.com/coms2/summary_0286-22829632_ITM
  5. http://www.imdb.com/title/tt1093908/releaseinfo