Тајниот агент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тајниот агент  
Автор Џозеф Конрад
Наслов на
оригиналот
The Secret Agent
Земја Обединето Кралство
Јазик англиски
Жанр(ови) шпионажа
Издавач Methuen & Co
Издадена септември 1907
Медиум печатено
Страници 442 стр. (оригинал)

Тајниот агент: Едноставна Приказна е роман од Џозеф Конрад објавен во 1907 година. Приказната се одвива во Лондон во 1886 година и го обработува ликот и животот на г. Верлок и неговите дејства како шпион.[1] Тајниот агент е исто така значајана бидејќи е една од подоцнежните книги на Конрад со политичка тематика, која не е базирана на морепловството како останатите негови дела. Општо гледано, книгата се занимава со идеите на анархизмот, шпионажата и тероризмот.[2] Во книгата се опишани анархистички и револуционерни групи пред појавата на повеќето социјални востанија во 20 век.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Г. Адолф Верлок: таен агент кој има продавница во регионот Сохо во Лондон. Тој е вработен од неименуван работодавач (амбасада) како шпион.
  • Г-ѓа. Вини Верлок: сопруга на Верлок. Таа е помлада од сопругот и се омажила со него не од љубов, туку за да обезбеди дом за нејзиниот брат Стиви и мајка ѝ.
  • Стиви: брат на Вини, кој иако е возрасен човек, има ментална состојба на младо дете. Тој лесно се возбодува од насилство и злоупотреба.
  • Инспектор Хит: полицаец кој го истражува случајот со експлозијата во Гринич.
  • Помошник комесарот: високо полициско лице кое ги користи податоците на Инспекторот за да го расветли случајот со експлозијата.
  • Сер Етелред: државен секретар, под чија надлежност е Помошникот комесар.
  • Г. Владимир: првиот Секретар на амбасада (од непозната држава). Иако името наведува дека човекот е од словенско потекло (руско), сепак претходниот прв секретар бил Барод Стот-Вартенхајм, од германско потекло. Така не може да се заклучи чија е амбасадата.
  • Александар Осипон: поранешен студент по медиција и пријател на Верлок, анархист.
  • Карл Јунт: пријател на Верлок, анархист.
  • Михаилис: пријател на Верлок, анархист.
  • Професорот: анархист, специјалист за експлозиви.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joseph Conrad, The Secret Agent, 1994, p. 5
  2. Joseph Conrad, The Secret Agent: A Simple Tale 2004, p. xiv

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]