Тајната (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Тајната“
TheSecretLogo.jpg

Тајната е филм од 2006 година [1] на Prime Time Productions што се состои од серија на интервјуа, направени со цел да се покаже дека сè што некој сака или од што има потреба може да се добие со верување во резултатот, постојано размислување за резултатот, и одржување на позитивни емоционални состојби за да "се привлече" тој резултат.

Филмот кој беше дистрибуиран преку ДВД и онлајн (преку стриминг медиуми) и последователното издавање на книгата, Тајната (книга),“, привлекоа интерес од медиумските личности, како што се Опра Винфри, Елен Деџенерис, и Лери Кинг, но привлекоа и критики од конвенционалните медиуми.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Тајната, опишана како филм за само-помош,[2][3] користи документарен формат за претставување на Законот за привлечност. Како што е објаснето во филмот, принципот на законот за привлечност претпоставува дека чувствата и мислите можат да привлечат настани, чувства , како и искуства, од работењето на космосот до интеракции помеѓу индивидуи во нивните физички, емоционални и професионални работи. Филмот исто така сугерира дека постои силна тенденција од оние кои имаат моќни позиции да го сокријат овој централен принцип од јавноста.

Учители на законот за привлечност[уреди | уреди извор]

Филмот вклучува интервјуа со поединци кои самите се опишуваат како и професионалци и автори од областа на квантната физика, психологија, метафизика, обука, теологија, финансии, филозофија, фенг шуи, медицина, и личен развој, кои се нарекувани "тајни наставници ". Некои од овие поединци, на нивните веб-сајтови го промовираат филмот и нивната поврзаност со него. Неколку од лицата кои само на кратко се појавуваат не зборуваат конкретно за "законот за привлечност" во своите интервјуа, па нивната поддршка за концептите гледачот може само да ја претпостави.

Поединците интервјуирани во филмот кои се фокусираат на "законот на привлечност", и кои подоцна се споменати во истакнати американски ТВ емисии, се: Џон Азараф, Отец Михаил Беквит, Џон Демартини, Боб Проктор, Џек Канфилд, Џејмс Артур Реј, Џо Витале, Лиза Николс, Мери Дајмонд, и Џон Греј. Други лица вклучени во филмот, кои зборуваат за нивната силна верба во законот за привлечност се: Естер Хикс и Џери Хикс[4] (original edition only),[5] Мајк Дули, Боб Дојл, Дејвид Шример, и Марси Шимоф. Други интервјуирани во филмот кои изјаснуваат многу слични погледи, без всушност да го користат изразот "законот за привлечност": Ли Бровер (член на Управниот одбор на „WorldVuer“), Хејл Двоскин, Кети Гудман, Морис И. Гудман, Џон Хеглин, Бил Харис, Бен Џонсон,[6] Лорал Лонгамиер, Денис Вејлти, Нил Доналд Валш, и Фред Ален Волф.

Историски основи во идеите на „Новата мисла“[уреди | уреди извор]

Авторите на Тајната го цитираат движењето на „Нова мисла“ кое започна во доцниот 18-ти век, како историска основа за нивните идеи.[7][8]

Во суштина, Тајната ги ... промовира принципите на „Новата мисла“ и христијанство на Единство. Учителите на Тајната се редовни во движењето за Нова мисла / Единство со години , кое сега е „попорсперитетно“ од било кога.[8]

Книгата Науката за збогатување од Валас Ватлс, Ронда Бирн ја наведува како инспирација за филмот, на која и претходеа бројни други „Нова мисла“ книги, вклучувајќи ја и книгата „Вибрации на мислата или законот за привлечност во светот на мислата“ од Вилијам Вокер Еткинсон,[9] уредник на „Новата мисла“ списание. Меѓу другите „ Нова мисла“ книги за кои се тврди дека Бирн ги прочитала се од автори за самопомош како Дали Прентис Мулфорд „Мислите се нешта“ од 19-ти век и „Тајната на векот“ на Роберт Колиер од 1926 година.[4]

Првите сцени на филмот ја прикажуваат наводната историја на Тајната - покажувајќи:

Во една сцена насловена "Тајната беше закопана:"
  • Текстот на смарагдната плоча беше прекопиран на еден свиток и предаден на некој свештеник.
  • Смарагдната плоча била закопана во близина на пирамидите на Гиза.[10]
Проследено со сцена насловена " Тајната беше посакувана:"
Потоа следи сцена насловена "Тајната беше потисната:"
  • Серија на кратки сцени од состанок на бизнис елитата во современа соба на одбори.

Прикажување на идеите кои му претходат на движењето на „Новата мисла“[уреди | уреди извор]

На веб-страната на Тајната има цитати од смарагдната плоча, за чиј текст се вели дека е напишан од страна на Хермес Трисмегистус (наводно „таен учител“), кој претставува „...еден од најважните историски документи познати на човештвото“.[10] Бирн смета дека најраните траги од „тајната“ се наоѓаат токму на смарагдната плоча,[13]по што многу подоцна следи појавата на Розенкројцерите —„тајна ложа која поддржува голем дел од идеите за Тајната.“[8] Се споменува дека е можно Виктор Иго и Лудвиг ван Бетовен да биле членови на тој ред, како и дека Исак Њутон наводно работел на превод на плочата.[10] Меѓутоа, не постојат цврсти докази за тоа.

Каролин Сакарион од Aspen Times, коментирајќи ја намерата на Бирн да ја сподели Тајната со светот, ги идентификува Розенкројцерите како чувари на Тајната:

„Мајсторството на животот" [ розенкројцерско учење слично на Тајната ] не е тешко да се сфати, но тајната на розенкројцерската традиција е штитена и чувана со илјадници години, и е покажана само на оние кои покажале вистинска желба да дознаат.[14]

Ниту зборовите "смарагдна плоча" ниту "розенкројцерски" не се спомнати во филмот, но и покрај тоа, на клучните точки на менување на сликата на екранот брзо се зумира зборот "Розенкројцерски".[8]

Во текот на овие менувања се гледа една страница која го содржи цитатот: „Розенкројцерите беа ‘тајна‘ ложа“.


Продукција[уреди | уреди извор]

Филмот беше креиран од Prime Time Productions од Мелбурн , Австралија со Ронда Бирн како извршен продуцент, Харингтон како продуцент и Дру Хериот како директор. „Gozer Media“ од Колинвуд, предградие на Мелбурн, е дизајнерската куќа одговорна за визуелниот стил и чувство на филмот и книгата.[12][15][16] Унгарската компанија на Бирн „ТС Продукција ДОО“ е одговорна за маркетингот и дистрибуцијата на филмот и книгата.[17] Бирн го искоментира истражувањето направено пред да почне да работи на филмот:

Седнав и направив огромен список на сè што имам прочитано...и кога го завршив списокот им го предадов (на тимот за продукција на филмот). Тие рекоа дека тоа е невозможно, дека не би можела да прочитам толку многу книги за година, две, а јас ги прочитав во две и пол недели- и добро, тоа е Тајната.[18]

Инспирација на Бирн за создавање на Тајната беше читањето на книгата „Науката за збогатување“ на Валас Ватлс. Филмот беше направен како проект за „Channel Nine“ на австралиската ТВ мрежа. Снимањето на интервјуата беше направено во јули и август 2005 година со "ефикасно завршено до Божиќ" уредување.[19] Околу 55 учители и автори беа интервјуирани[20] на локации како Чикаго, Аспен, Аљаска,[19] и на крстарење по мексиканската ривиера (интервјуирањето на Естер Хикс).[21]Филмот користи 24 од овие учители во "проширеното издание" на филмот. Во првото издание се појавува и 25 учител, Естер Хикс, позната "како најистакнатиот толкувач на законот за привлечност".[4] По првото издавање на ДВД-то, Естер Хикс одби да продолжи со проектот, споменувајќи договорни прашања во отвореното писмо објавено на интернет.[21] Од нејзиниот десетпроцентен дел од продажбата заработи 500 000 долари.[4] Како резултат на ова, сцените со Естер Хикс, наместо од неа, се раскажани од Лиза Николс и Марси Шимов.[4] Ниту еден друг "таен наставник " не доби надомест за нивната појава во филмот - откри Боб Проктор во интервју за „Nightline“. [22][23]

Бетси Шејс, еден од продуцентите, режисерите и сценаристите за Што тит знаеме!? го интервјуираше Пол Харингтон, ко-продуцентот на Тајната. Во интервјуто, Харингтон го даде овој опис на методите за продукција на Бирн: Го користевме законот за привлечност додека ја правевме програмата. Што се однесува на планирањето и буџетот, работевме многу неконвеционално.Дозволувавме работите сами да дојдат до нас...Само имавме верба дека тие ќе дојдат до нас.[19]

Канал 9, откако го изгледаа целиот филм, одлучија да не го емитуваат. Беше преговарано за нов договор за сите продажби на ДВД-то преку компаниите на Бирн („Прајм тајм“ и „Тајната ДОО“). Од ретроспектива, Лен Даунс од Канал 9 искоментира, „го разгледавме и не го сметавме за нешто што ќе предизвика широка, масовна заинтересираност“. Канал 9 на крајот го емитуваше филмот во 22:30 часот на 3 февруари во 2007 година.[20] Даунс изјави дека „ не помина толку добро“.[3]

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Амбалажа[уреди | уреди извор]

Филмот беше опишан како "замазнето препакување" на Законот за привлечност,[24] концепт кој потекнува од идеите на „Новата мисла“ од крајот на 19 век.[8] При продуцирањето на филмот, законот беше намерно "спакуван" со фокус на "зголемување на богатството" што се разликува од подуховната насоченост на движењето на „Новата мисла“. Еден од оние што го поддржуваат филмот изјави: "ние сакавме да ја погодиме широката маса, а парите се на прво место во умот на сите".[25]Во една критика на „salon.com“ амбалажата на производите поврзани со филмот е опишана како да се гледа во „нешто што естетски потсетува на Кодот на Да Винчи, полно со прилично лажни пергаменти, фонтови како со перо и мастило и восочни жигови“.[26]

Изборот за темата на филмот да биде „тајна“ се смета за важна компонента за популарноста на филмот. Донавин Бенс, купувач кој се специјализира за метафизика за „Borders Books“ изјави: "Сите ние сакаме да бидеме поврзани со тајна. Но да се претстави како тајната, тоа беше брилијантно." [3]

Маркетинг кампања[уреди | уреди извор]

Филмот беше промовиран на интернет преку реклами за задевање и техники за вирусен маркетинг во кои не беа откриени Тајната и конкретните детали за филмот. Покрај тоа, „Prime Time Productions“ додели писмени дозволи на поединци или компании, преку апликација на официјалниот сајт, за бесплатни проекции на филмот за јавноста. Незадолжително, ДВД-то може да се продаде на овие проекции.

Книгата[уреди | уреди извор]

Придружната книга на Ронда Бирн беше издадена со наслов „Тајната“ (Сајмон и Шустер, 2006 година).

За „Тајната“ се зборуваше во две епизоди на Опра[27][28] — и како што филмот стигна до прво место на ДВД листата на Амазон во март 2007 година, книжната верзија на Тајната стигна на прво место на листата на бестселери на The New York Times.[25]

Во поголемиот дел од февруари па до април 2007 година, и книгата и ДВД верзијата беа на прво или второ место на „Amazon“, „Barnes & Noble“, и „Borders“. Сајмон и Шустер имаа и второ издание на 2 милиони примероци на Тајната - „најголемата нарачка за второ издание во историјата“,"[29]додека „Times“ објави брза продажба на ДВД-то преку „New Age“ книжарите и црквите на „Новата мисла“, како што е Единството и Агапе-меѓународниот спиритуален центар.[25]

Книгата исто така доведе до зголемена продажба на слични книги.

Прифаќање[уреди | уреди извор]

„Тајната“ беше опишана како „самопомошен феномен“,[30] „издавачки феномен“,[31] и „културен феномен“.[2][32] Некои примери од објавената критика : „задишана живост“ на жанрот за самопомош;[3] „категорично кинематографски“ и „водено од слики и емоции наместо логика“;[33] комбинација на Тони Робинс и Кодот на Да Винчи;[2] и „нерешените мистерии на комерцијалните емисии“.[33]

Неколку критичари за Тајната напишаа дека е поврзана со поопшт самопомошен феномен. Џули Масон од Ottawa Citizenнапиша дека кажаните зборови за филмот се шират преку пилатес часовите по Пилатес , сајтовите „брзо збогати се“ и блоговите за лична мотивација.[34] Џејн Лампман од Christian Science Monitor ја опиша Тајната како промовирање на брендот на учители, семинари и молитви поврзани со тајната. [31] Според Џил Кулора од „ New York Post“, обожавателите на Тајната имаат пишувано на многу блогови и интернет форуми за тоа како менувањето на негативните со позитивни мисли ги подобрило нивите животи.[29]

Културен феномен[уреди | уреди извор]

За Тајната наводно се дискутира во „мејловите, виртуелните простории за разговор, околу канцелариите и на слепите состаноци“. Се признава дека има широко и различно влијание врз културата и се поврзува со „холивудски феномен“. — New York Post[29]

Шеги и пародии на телевизија[уреди | уреди извор]

  • • Во епизода на „Saturday Night Live“ од 17 март, 2007 година, членовите на актерската екипа ја исмеаа Тајната во скеч со Опра Винфри (Маја Рудолф) интервјуирајќи ја Ронда Бирн (Ејми Поелер).[35] Има и една сцена со еден човек во Дарфур кој беше искаран за неговиот лош однос.[36][37]
  • • Филмот беше пародиран во епизодата „Братска љубов“ од „Legal Boston“, " каде Дени Крејн се обиде да го искористи „законот за привлечност“ за да го привлече Ракел Велч до себе ( планираше и мир во светот ако се покажеше успешно). Но за жал, на крајот личноста што ја привлече беше Фелис Дилер.
  • На 16 мај, 2007 година, концептот беше пародиран во „Војната за сè на ловецот“, сатирична комедија на австралиската ABC мрежа. [38] Шоуто претстави анализа на Тајната, тестирајќи разни теми и теории на филмот и проверувајќи дали ќе работат во вистинскиот живот. Како на пример, бараа паркинг место и тогаш си го користеа, без разлика на тоа што веќе имало кола таму, потоа бараа од универзумот производи од продавници и потоа само си ги земаа. Беше прв предмет на сегментот „Луда работа на неделата“.
  • Дејв Шапел ја спомна Тајната во неговата рутинска комедија во Laugh Factory

Сатира[уреди | уреди извор]

  • Политичкиот колумнист Морин Доуд, добитник на Пулицеровата награда,се повика на Тајната додека се прашуваше дали пустата желба може да доведе до промена во Белата куќа.[7]

... Ако размислувате навистина многу, на пример, за енергично потскокнување со Салма Хајек на нежен, меки кревет од „Google Series A preferred stock“, ќе испуштите магнетен сигнал до вселената, што ќе ја претвори вашата визија во реалност.[33]

  • Сатирична декламацијата за Тајната на хумористично мотивацискиот говорник Вини Верели: "Ако паѓате од авион, законот на гравитација му пркоси на законот за привлечност."
  • „MAD Magazine“ ја исмеа Тајната и нејзините автори во лажен оглас, во кој стоеше: "Купете го вашиот примерок денес! (Ве молиме не го користете учењето на Тајната за да посакате бесплатен примерок од неа)."

Реакција од јавноста – поволни цитати[уреди | уреди извор]

  • „Некои велат дека го гледаат ДВД-то постојано, и откиваат нови тајни со секое гледање.“ — New York Post[29]
  • Кети Џејкобс, сопственичка на мал бизнис „Angels Cappuccino and Ice Cream Cafe“, продала скоро 1 400 примероци од ДВД-то. Таа вели дека купувачите купуваат по повеќе примероци одеднаш за да ги подарат.“ – Калгари Хералд[39]

Реакција од јавноста - неповолни цитати[уреди | уреди извор]

  • „На критичарите на Тајната, па дури и на некои обожаватели, им пречи опсесијатa за користење на древната мудрост за стекнување материјални добра.“ — Time magazine[25]
  • ... целата идеја дека нешто од ова е "тајна" нашироко се смета за шегаNew York Post[29]

Опсег на емитување[уреди | уреди извор]

„Тајната“ е споменувана на национални програми за разговори и вести, на телевизија и радио.

Ток шоу циклус[уреди | уреди извор]

  • Две специјални епизоди на шоуто „Larry King Live “ на 2 ноември, 2006 година и 16 ноември, 2006 година. Епизодите се наречени "Моќта на позитивните мисли" и "Моќта на позитивното размислување."
  • На 1 декември 2006 година, комичарката Елен Деџенерис го следеше примерот со презентирање на два учители од Тајната на „The Ellen DeGeneres Show“.
  • Опра Винфри ја презентираше Тајната во две епизоди: „Откривање на тајната“[27] на 8 февруари 2007 година и „Реакцијата“[28] на 16 февруари 2007 година.
  • На 12 март 2007 година, во „The Montel Williams Show“ беше претставен Џек Кенфилд и вистинските животни приказни за законот за привлечност во епизодата со наслов: „Откривање на тајните на успехот“.[40]
  • На 29 Март 2007 година Опра Винфри ја покани Естер Хикс на разговор за контроверзноста на "Тајната зад тајната" на нејзиното радио шоу „Опра и пријателите“."[41]
  • На 5 Април 2007 година Винфри ја интервјуираше Хикс за нејзината вмешаност со оригиналната верзија на тајната и ја прашуваше за терористички напади, болести, деца, и како сите тие се однесуваат на "законот за привлекување" - на „Опра и пријатели“, со наслов "Естер Хикс и Законот за привлечност".[42]

Вести[уреди | уреди извор]

  • Мат Лауер во „The Today Show“ го интервјуираше Џејмс Артур Реј и кажа дека Бирн го откажала нејзиното учество во последен момент на денот на шоуто, 27 февруари 2007 година.
  • На 25 март 2007 Синтија Мекфајден од „Nightline“ го дискутираше универзалниот закон за привлечност и критиките за "Тајната" од страна на традиционалните институции со учителот на тајната Боб Проктор. [22][23]


  • Џо Витале, на „ Larry King Live “ (Си-Ен-Ен), во епизодата за Тајната која се емитуваше на 8 Март 2007година:

Повикувач: јас сум само љубопитен, каде е Бог во целите овие "тајни". Витале: Бог е сите нас. Бог е тајната и сè за неа. Ова е закон од Бога.


Критика[уреди | уреди извор]

Редакциска покриеност[уреди | уреди извор]

Кетрин Бенет, од лондонското списание „Guardian“ допира до темите на алчност и „обвинување на жртвата“. Бенет тврди дека филмот е "моронска химна на алчност и себичност" и дека филмот "дрско имплицира дека жртвите на катастрофа се авторите на своите несреќи". .[43]

Емили Јоф од „Slate“ експериментираше со живеење во согласност со начелата на Тајната два месеци, заклучувајќи дека пораката на филмот/книгата е "штетно дрдорење." За Јоф тоа беше особено "одвратно" заради тенденцијата да се обвинува жртвата и предлогот да "не само да се обвинуваат луѓето за нивната болест, туку и да се избегнуваат, за да не бидеме и ние погодени од нивните негативни мисли." ."[44]

Новинарот Џефри Реснер, за „Time“ пишува дека некои критичари се занимаваат со ставот на филмот за "користење на древната мудрост за стекнување материјални добра." Во еден пример во филмот, "едно дете кое сака црвено велосипед сече слика од каталог, се сконцентрира на него навистина многу, и на крајот е наградено со шик возило на две тркала."[25]

Џери Адлер од „Newsweek“ забележува дека и покрај алузиите на филмот за заговорничко потиснатата древна мудрост, поимите претставени од страна на мотивационите говорители кои се дел од екипата на филмот се вообичаени со децении. Адлер забележува дека филмот е етички "жален", се фиксира на "ограничен дел од грижите на средната класа - куќи, автомобили, одмори, проследено со здравје и врски, а со остатокот на човештвото на многу далечно шесто место. " Истакнувајќи дека научните основи на филмот се очигледно сомнителни, во статијата „Newsweek“ го цитира психологот Џон Нокркос, карактеризирајќи го филмот како "псевдонаучен, психо-духовен џагор". [3]

Во една статија за „Chicago Reader“, Јулија Рикерт ја испитува валидноста и автентичноста на одредени цитати во филмот припишани на „тајни учители од минатото“. Статијата [45] ги опишува обемните и неуспешни напори на Рикерт да го провери цитатот за кој се тврди дека е од "тајниот учител" Ралф Валдо Емерсон — "Тајната е одговорот на сето она што било, она што е, и она што некогаш ќе биде ". Рикерт исто така испитува и цитат од Винстон Черчил во филмот.Таа тврди дека за да претпоставува дека Черчил имал верувања кои се во согласност со законот за привлечност, Бирн ги има извадено од контекст неговите зборови - "Ти го создаваш својот универзум додека работиш". Рикерт истакнува дека целиот контекст покажува дека за Черчил ваквите идеи се "сосема бескорисни".[45]

Карин Клајн, уредничкиот писател за „Los Angeles Times“, ја нарече „Тајната" само нов спин на многу старата (и дефинитивно не тајна) „Моќта на позитивното мислење“ [книга на Норман Винсент Пил објавена во 1952 година] поврзана со реченицата "Побарајте и ќе добиете". Во една од најсилните критики, за Ронда Бирн се тврди дека "ги зела изветвените идеи на некои гуруа за самопомош, ги прилагодила на целосната мрзливост, [и] им ставила маска на мистицизам ..." "[2]

Тони Риаци, колумнист на „Dayton Daily News“, исто така, ја доведува во прашање вредноста на Тајната, нарекувајќи го искуството на Брн како реалити телевизиски продуцент "црвено знаме". Тој исто така рече дека идеите од Тајната се ништо повеќе од "здрав разум. Извадете ги помодарските зборови и псевдо религиозните глупости за што вие ‘манифестирате 'за себе, игнорирајте ја нејасната проза и ќе ја добиете пораката дека позитивното размислување ви служи подобро од негативното".[46]

Критика за здравствените тврдења[уреди | уреди извор]

„ABC News“ ги смета тврдењата дека умот има моќ над нашето здравје за "можеби најконтроверзни" во Тајната. Тие го цитираа Мајкл Беквит, основачот на Агапе- меѓународниот духовен центар во Калвер Сити, Калифорнија , и еден од "учителите" на Тајната кој вели: ".. Сум видел регенерирани бубрези. Сум видел отстранет рак".[47] Во филмот се појавува еден човек кој беше парализиран, нем, и на респиратор откако 'рбетот и дијафрагмата му беа скршени во авионска несреќа. Тој своето целосно опоравување и го препишува на моќта на неговиот ум. Слична приказна е раскажана во друг интервју со жена чиј рак на дојка спонтано се повлече без лекарска интервенција.

Неколку критичари изразија загриженост во врска со штетните ефекти што филмот може да ги има врз здравјето и благосостојбата на поединци. Д-р Ричард Вендер, претседател на Американското здружение за рак , е загрижен дека упатствата во филмот ќе ги поттикне другите да "отфрлаат корисни терапии во замена за позитивното размислување", [23] иако филмот вербално тврди дека традиционалните лекови треба да се земаат за сериозна болест..[48] Јулија Меккинел од „Maclean's magazine“ од Канада во еден коментар за филмот и книгата со наслов "Некои луѓе сметаат дека овој феномен за самопомош, всушност, ги зафркнува“, цитирајќи неколку случаи од вистинскиот живот за наводни штетни последици.[49] Таа заврши со реченица која Опра ја користи кога убедува некој гостин да побара медицинска помош за ракот: "Тајната е само алатка, таа не е третман".[49] Од духовната страна пак, Валери Рејс во освртот за „BeliefNet“ изрази загриженост дека другите би можеле да си ја преоптоварат главата со негативни мисли како што таа правела кога била помлада.

Јас ќе сфатев дека размислувам негативно, што ќе ми предизвикаше уште мисли за тоа колку бев ужасна што мислев негативни мисли и како си го уништував животот со тие мисли, и сè така, додека главата не ми беше спремна да експлодира од сите лоши џуџу. Единствено ме ослободи од јамката е toa што го научив едно лето во ашрамот, медитација.[50]


Религиозна критика[уреди | уреди извор]

Марк Ерлеј, претседателот на „Prison Fellowship“, група на свештенства основана од страна на Чарлс Колсон, во коментарот насловен "нова книга, стара лага", тврди " возбудливиот нов тренд на Бирн" ја повторува "најстарата лага што постои -" Ќе бидеш како Бог ". Ерлеј тврди дека ова е рецепт за "беда". [51]

„USA Today“ извести за влијанието што го имала Тајната на црквите од „Новата мисла“, како што е црквата Прво Единство на Санкт Петербург, Флорида, предводени од свештеникот Темпл Хејс. Црквата ги користи филмот и книгата како наставни помагала. Џејмс Трап, извршен директор на Здружението на Единство Црквите, ја нарекува Тајната "површна" и г-Хејс го исправува ветувањето на Тајната дека сè е ваше со "... може да се соочите со болка на патот. Ништо не доаѓа лесно."[7]

Д-р Џон Г. Стакхаус помладиот, професор по теологија и култура во колеџот „Реген“ во Ванкувер, Канада, во коментарот на неговиот блог, го нарекува филмот "најновата амбалажа на гностицизам".[52] Тој ја интерпретира пораката на филмот, како само уште еден избор меѓу многуте религии, но не и "најмал заеднички именител на сите религии" и забележува:

[Филмот] е фантазирање, кое не одговара на тоа како стојат работите. Дел од тоа функционира, да, што е причината зошто луѓето можат искрено да сведочат за добрите работи кои произлегуваат од него. Но дел од тоа не функционира ...[52]

За Стакхаус доброто во филмот е "вистински хранливо" а лошото е "навистина токсично". Тој јасно кажува дека е "... целосно за правилно позитивно размислување" - наводниот добар аспект на филмот - и наоѓа мана во христијанската култура зошто не се подобри во тоа:

Со Божјата благодат на нас, ние знаеме подобро, го знаеме Христа и неговото Евангелие на нов живот, но и поркај тоа често не успеваме да зборуваме за духовните реалности така вешто како што направија поборниците на Тајната. [52]

Во очите на Стакхаус, токсините се духовно смртоносна измислица.[52] Идентификувани "отрови" вклучуваат:

  • "Обвинување на жртвата"
  • "одбивањето да се признае" дека животот има исплатливи "размени ... [и] жртви"
  • "Сè се врти околу мене и сè зависи од мене".

Критика за законот за привлечност[уреди | уреди извор]

Законот на Привлекување е суштината на пораката на филмот. Презентацијата на законот во филмот е критикувана бидејќи тврди дека "квантната физика е дел од законот",[53] бидејќи не го сфатиле правилно според практичарите на „Новата мисла“,[7] и заради погрешно узурпирање на улогата на Бога.[51]

Критика од општеството[уреди | уреди извор]

Голем број на критичари напишаа сатирични коментари за односот на општеството кон филмот.

Американците секогаш се за уште една химера за брзо збогатување... Мојата сестра вели дека премногу интелектуализирам. Таа, покрај сè, манифестираше фина кожна торба. И морам да признаам,ако дизајнерски кожни производи се делеа поради ова, јас бев заинтересирана.[2]
  • Емили Јоф, пишувајќи за „Slate“, објави цитат од еден од „последните тајни учители" - цитат од Ајнштајн кој не успеа да биде објавен во филмот:
Само две работи се бесконечни, вселената и човечката глупост, и не сум сигурен за првото.[44]
  • Кетрин Бенет, пишувајќи за „Guardian“ го опишува придржувањето кон "законот за привлечност" од Тајната како:
Едно толку транспарентно грдо и глупаво верување што се чини невозможно дека некој може да го сфати сериозно.[43]

Општествена корист[уреди | уреди извор]

Некои критичари најдоа многу маани во филмот, но и покрај тоа сметаат дека филмот носи позитивни можности или придобивки за општеството.

  • Грег Бито од „Reason Magazine“, ја опиша претходната „листа на први измамници" како "... заразни, кои помагаат во создавање на народно чувство на високо-октански оптимизам." Тој завршува со:
... Ако има нешто од што оваа наша сегашна мрачна ера има потреба, тоа е малку ирационално изобилство. Можеби Тајната е големиот џин од одговорот на Универзумот за нашите молитви.[33]
  • Џефри Реснер од „Time“ - во неговите последни забелешки наоѓа паралели помеѓу Мадона и Боб Рејнон, американскиот бизнис партнер на Бирн:
"Кодот на Да Винчи е забавен, но овој филм е лична алатка за луѓе кои сакаат да ги променат своите животи", вели Рејнон. "Тоа е подарок за светот, помош за човештвото." Или, како што уште еден еманципирачки учител, Мадона, пееше во нејзиниот хит „Тајна“ од 1994 година : ". Среќата лежи во вашата рака."[25]
  • Џери Адлер од „Newsweek“, пишува za продуцентот Ронда Бирн:
...Ирина Ајзон, [мајка на Ронда Бирн] ја понуди оваа проценка на Њусвик: "Работата е во тоа што Ронда само сака да донесе среќа на сите. Тоа е причината заради што сето тоа започна. Таа само сака сите да бидат среќни."
И да и се даде нејзината заслуга, таа всушност можеби остварила нешто од тоа. Во принцип, нема ништо лошо во размислувањето за она што ве прави среќни.[3]

Правни контроверзии[уреди | уреди извор]

Ва април 2007 година актерот и холивудскиот публицист Рикарте Ривера, основач на „Dragon 8 PR“ доби писмо од адвокатите на Тајната ДОО. Г-дин Ривера е прв агент за односи со јавноста кој на 3 Јануари 2007 година доби повик од Харпо Продукција во врска со Тајната. Тој беше обвинет за "ефективна дистрибуција" во јавноста на нивниот материјал со авторски права што им предизвика губење на милиони долари. Ниту една од страните досега нема водено правна постапка една против друга.

На 14 мај, 2007 година во австралиското телевизиско таблоид шоу „A current affair “ на Канал 9 во Австралија, во сегментот насловен „Дискусија за Тајната“, интервјуирана е австралиската писателка Ванеса Џ. Бонет. Во интервјуто, кога Бонет зборува за книгата „Тајната“ вели „тоа е мое дело и Ронда Бирн го украде“. [54] Бонет и еден новинар ја споредуваат нејзината книга со онаа на Бирн за употребата на „ТВ пренос“ аналогија. Книгата на Бонет „Еманципирана за новата ера“(Еманципирана за цел живот, 2003 година) објавена е во 2007 година како второ издание. Бонет на нејзиниот веб-сајт, наведува 100 примери на плагијат.[55] Маркетинг компанијата на Бирн, ТС Продукција ДОО, одговори на ова со тужба за да ја спречи Бонет.[17] Од изјавата на барањето:

Аналогијата помеѓу преносите на фрекфенции, вклучувајќи и телевизискиот пренос преку фреквенција, како и луѓето и нивната мисла се користени он многу лица во областа на самопомош и мотивација.[17]

Деловните активности на Дејвид Шимер, "инвестицискиот гуру" и единствен Австралијанец во филмот, беа под истрага од страна на Комисија за хартии од вредност и инвестиции на Австралија (ASIC). Ова беше соопштено на 1 јуни 2007 година од страна на „A current affair“ во еден сегмент под наслов "Заговорот на Тајната" [56] со овие зборови и логото на Тајната во позадината зад портпаролот. Шоуто првично му се спротистави на Шимер во еден сегмент под наслов "Тајната откриена", емитувана на 28 мај 2007 година, со поплаки од луѓе кои велат дека Шимер им должи пари.[57]

На 12 февруари 2008 година, компанијата на Боб Проктор, LifeSucces Production L.S.S. успешно го тужеше "инвестицискиот гуру" Давид Шимер, неговата сопруга Лорна, и нивните неколку компании (LifeSuccess Pacific Rim PTY LTD, Schirmer Financial Management PTY LTD, LifeSuccess Productions PTY LTD, Excellence in Marketing PTY LTD, и Wealth By Choice PTY LTC) за "лажно или измамничко однесување".[58]

Во август 2008 година, „The Australian“ извести дека Дру Хериот (директор) и Дан Холингс (интернет консултант за Тајната) биле во правен спор со Ронда Бирн околу платите од проектот. .[59]

Снимката со Естер Хикс беше отстранета од подоцнежното "Проширено издание" на Тајната откако креаторот на филмот Ронда Бирн го раскина првичниот договор за учеството на Хикс,[60] и побара таа да се откаже од своите "интелектуални права на сопственост во овие области засекогаш ".[21] Во отвореното писмо објавено на интернет, Хикс изјави дека таа се чувствувала "непријатно со она што за неа личеше на прилично агресивна маркетинг кампања," и дека на крајот Абрахам и го дал следниот совет: "Секогаш кога ќе ти се даде ултиматум што вели, "ако не го сториш тоа, тогаш ние ќе треба да го направиме тоа и тоа, најдоброто што можеш да го направиш е само да се откажеш и да продолжиш понатаму. Во спротивно, секогаш ќе се појави уште нешто, и ова и ова, и ова ?"[21]

Хикс оттогаш објави видео на YouTube дополнително објаснувајќи ја нејзината непријатност со Тајната и конечно, нејзината одлука да го прекине учеството со филмот. [61]

Изданија[уреди | уреди извор]

Пол Харингтон, продуцентот за филмот, објави дека ТВ емитување наместо интернет емитување беше првобитно планирано како медиум за првото издание:

...Имавме замисла да излеземе пред целиот свет во 24 часот на телевизија. Тоа беше голема замисла, која не бевме во можност да ја исполниме од различни причини. Ние се обидуваат да го присилиме, да го контролираме она "како" на Вселената, кога она што требаше да го направиме беше само да се фокусираме на замислата ...[19]

Датуми на издавање[уреди | уреди извор]

Премиерата на Тајната беше емитувана преку интернет на 23 март 2006 година со користење „Vividas“ технологија. Сеуште е на располагање или на плати-по-преглед основа преку стриминг медиуми (или на DVD на theSecret.tv, официјалниот сајт на филмот). Новата проширена верзија на Тајната беше јавно објавена на 1 октомври 2006 година. Премиерата во австралиската телевизија беше на „Nine Network“ во сабота нa 3 февруари, 2007 година. [20]


Изводи[уреди | уреди извор]

  1. The Secret film, creative commons. [DVD]. Melbourne, Australia: Prime Time Productions. 2006-03-26. http://www.youtube.com/watch?v=pMY-Uvz6cLA. посет. 6 јуни 2007 г.  — online access authorized by creative commons license.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Klein, Karin. „Self-help gone nutty“, LA Times, 13 февруари 2007 (посет. 13 јануари 2007 г).[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Adler, Jerry. „Decoding The Secret“, Newsweek, 5 март 2007 (посет. 8 мај 2008 г).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Salkin, Allen. „Shaking Riches Out of the Cosmos“, New York Times, 25 февруари 2007 (посет. 12 мај 2007 г).
  5. "Esther Hicks" explains the secret behind "The Secret.". Youtube.com. 2007-04-28. конс. 2012-12-11. 
  6. „Meet Ben Jonhson“. Healthstartswithfoods.com. конс. 2012-12-11. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 della Cava, Marco R.. „Secret history of 'The Secret' “, USA Today, 29 март 2006 (посет. 4 мај 2007 г).
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Melanson, Terry. „ Oprah Winfrey, New Thought, "The Secret" and the "New Alchemy"“, Illuminati Conspiracy Archive, 11 април 2007 (посет. 2 мај 2007 г).
  9. Atkinson, William Walker (1906). Thought Vibration or the Law of Attraction in the Thought World. Cornerstone. ISBN 978-1-56459-660-4.  (Out of copyright, published on the Internet)
  10. 10,0 10,1 10,2 „The secret teachers“. TS Production LLC. 2006. конс. 2007-06-06.  — page at official website of The Secret film.
  11. Towe, Elizabeth (1997) [1906]. The Life Power And How To Use It. Kessinger. ISBN 978-1-56459-958-2.  Use this link for an online version of the book.
  12. 12,0 12,1 The Secret Press Release“ (PDF), TS Production LLC (посет. 21 мај 2007 г).
  13. Sunderland, Kerry. „The secret to self distribution“ (PDF), QPIX News, 7 март 2007 (посет. 17 мај 2007 г).
  14. Sackariason, Carolyn. „The big 'Secret' is finally out“, 6 февруари 2007 (посет. 4 јуни 2007 г).
  15. „Gozer Media visual effects & graphic design“. конс. May 2007. Gozer worked closely with the producers ... to develop the visual style of the show. We supplied all visual effects and other graphical components for the show and its subsidiaries.  — navigate web: motion > The Secret
  16. Byrne, Rhonda (November 2006) [2006]. „Acknowledgments“. The Secret. Hillsboro, OR: Beyond Words. стр. xiv. ISBN 978-1-58270-170-7. „Goze Media, for the creation of the superb graphics and for impregnating them with the feeling of The Secret. 
  17. 17,0 17,1 17,2 Robinson, Russell. „Self-help gurus take plagiarism battle to court“, Herald Sun, 31 мај 2007 (посет. 15 јуни 2007 г).[мртва врска]
  18. Two part interview of Rhonda Byrne made before the release of the film: Storr, Julie Ann. „The Secret will be revealed in 2006 - part 1 interview“, Nibbana (посет. 22 мај 2007 г). and Storr, Julie Ann. „The Secret has been Revealed - part 2 interview“, Nibbana (посет. 22 мај 2007 г).
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Chasse, Betsy. „A Conversation with The Secret co-producer Paul Harrington“, The Bleeping Herald, 1 јули 2006 (посет. 21 мај 2007 г). — this is an interview by one of the producers for the film, What the Bleep Do We Know!?
  20. 20,0 20,1 20,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име the_age.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Hicks, Esther. Letter to friends. конс. 2007-02-22.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „esther_hicks“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  22. 22,0 22,1 McFadden, Cynthia. „Transcript With 'Secret' Contributor Bob Proctor“ (PDF), ABC's Nightline, 23 март 2007 (посет. 21 мај 2007 г).
  23. 23,0 23,1 23,2 McFadden, Cynthia. „Science behind 'The Secret'?“, ABC's Nightline, 23 март 2007 (посет. 19 април 2007 г).
  24. Flaim, Denise. „It's mind over what matters“, TMCnet.com, 12 март 2007 (посет. 1 мај 2007 г).
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 25,5 Ressner, Jeffrey. „The Secret of Success“, Time.com, 28 декември 2006 (посет. 18 јануари 2007 г).
  26. Birkenhead, Peter. „Oprah's ugly secret“, Salon.com, 5 март 2007 (посет. 1 мај 2007 г).
  27. 27,0 27,1 "Discovering The Secret". Oprah. 2007-02-08. Transcript. - text summary
  28. 28,0 28,1 "One Week Later: The Huge Reaction to The Secret". Oprah. 2007-02-16. Transcript. - text summary
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 Culora, Jill. „A 'secret' Oprah Craze Hits New Yorkers“, The New York Post, 4 март 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  30. Dundzila, Reverend Vilius. „Not sold on The Secret“, The Advocate, 10 април 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  31. 31,0 31,1 Lampman, Jane. „ 'The Secret,' a phenomenon, is no mystery to many “, Christian Science Monitor, 28 март 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  32. Dawes, David F.. „Pop culture's best-kept Secret“, Christian Info Society, 3 мај 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 Beato, Greg. „The Secret of The Secret“, Reason Magazine, 1 април 2007 (посет. 1 мај 2007 г).
  34. Mason, Julie. „The secrets of the secret“, Ottawa Citizen, 4 февруари 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  35. „SNL: Oprah on The Secret“. Saturday Night Live Transcripts (not affiliated with Saturday Night Live or NBC). 2007-03-17. конс. 2007-07-07. Oprah Winfrey (Maya Rudolph) loudly praises the work of Rhonda Byrne's (Amy Poehler) new book, "The Secret." 
  36. Watkin, Tim. „Self-Help's Slimy 'Secret'“, Washington Post, 8 април 2007 (посет. 7 јули 2007 г). „They scolded him when he lamented that his people were starving, saying it was all the result of his lousy attitude.“
  37. Saturday Night Live season 32 episode 15 (2007-03-17):
    Rhonda: Olessi, I know this is hard for you to hear, but your outlook is what's hurting you.
    Olessi: No, I think it's the Janjaweed.
    Rhonda: No, it's you!
  38. "Nut Job of the Week". The Chaser's War on Everything. Australian Broadcasting Corporation, Sydney, Australia. 2007-05-16. Official site
  39. Zelinsky, Tonya. „The Secret is out“, Calgary Herald, 19 јануари 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  40. „Unlocking Secrets to Success“. Montel Williams. 2007-03-12. конс. 2007-07-27. 
  41. "The Secret Behind The Secret". Oprah & Friends Radio. XM Satellite Radio, Chicago, USA. 2007-03-29. Transcript. - text summary
  42. "Esther Hicks and the Law of Attraction". Oprah & Friends Radio. XM Satellite Radio, Chicago, USA. 2007-04-05. Transcript. - text summary
  43. 43,0 43,1 Bennett, Catherine. „Only an idiot could take The Secret seriously“, Guardian, 26 април 2007 (посет. 29 април 2007 г).
  44. 44,0 44,1 Yoffe, Emily. „I've Got The Secret“, Slate, 7 мај 2007 (посет. 10 мај 2007 г).
  45. 45,0 45,1 Rickert, Julia. „A Little Secret About The Secret“, стр. 1, 18.
  46. Riazzi, Tony. „ 'The secret' secret: just be happy“, Dayton Daily News, 23 март 2007 (посет. 28 март 2007 г).
  47. Mastropolo, Frank. „The Secret to Success?“, ABC News, 26 ноември 2006 (посет. 27 декември 2006 г).
  48. Byrne, Rhonda (2006). The Secret. Beyond Words Publishing. ISBN 978-1-58270-170-7. 
  49. 49,0 49,1 Mckinnell, Julia. „Some people are finding the self-help phenomenon is actually screwing them up“, Maclean's Magazine, 16 април 2007 (посет. 4 мај 2007 г).
  50. Reiss, Valerie. „The Hubris of 'The Secret' “, Beliefnet, Inc. (посет. 4 мај 2007 г).
  51. 51,0 51,1 Earley, Mark. „New Book, Old Lie“, Prison Fellowship, 3 мај 2007 (посет. 12 мај 2007 г).
  52. 52,0 52,1 52,2 52,3 Stackhouse, Prof. John. „Oprah's Secret: New? Old? Good? Bad?“, 21 февруари 2007 (посет. 28 февруари 2007 г).
  53. Whittaker, Stephanie. „Secret attraction“, 12 мај 2007 (посет. 10 јуни 2007 г).
  54. Ben Fordham (News Caster), Vanessa J. Bonnette (interviewee). (2007-55-14). The Secret Stoush. [Television production]. Sydney, AU: A Current Affair. http://ninemsn.video.msn.com/v/en-au/v.htm?g=951FE3CE-D601-44BB-8508-705FA9669A08&f=&fg=copy. посет. 12 јуни 2007 г.  — requires Windows platform.
  55. Vanessa J., Bonnette. „Secret Scandal“. конс. 2007-06-11. I have reason to believe that Byrne has infringed copyright of my work to the of order of 100 (plus) citations that constitute as plagiarism according to Australian Copyright Council... 
  56. Ben Fordham (News Caster), David Schirmer (subject). (2007-06-01). The Secret Con. [Posted video]. Sydney, AU: A Current Affair. http://www.youtube.com/watch?v=8roWvmwuu7w&mode=related&search=. посет. 6 јуни 2007 г. 
  57. Ben Fordham (Newscaster), David Schirmer (subject). (2007-05-28). The Secret Exposed. [Television production]. Sydney, AU: A Current Affair. http://ninemsn.video.msn.com/v/en-au/v.htm?g=4B5F19F9-C20A-4A9C-869B-CC91304BB3F7&f=&fg=copy. посет. 6 јуни 2007 г.  — requires Windows platform.
  58. "LifeSuccess Productions, L.L.C. v Excellence in Marketing Pty Ltd ACN 087 507 695 & Ors". Esearch.fedcourt.gov.au. конс. 2012-12-11. 
  59. "The secret of Rhonda's success". Theaustralian.com.au. 2012-09-28. конс. 2012-12-11. 
  60. Guilliatt, Richard (August 23, 2008). „The secret of Rhonda's success“. The Australian. конс. 2009-04-05. 
  61. „Video posted on YouTube by Abraham–Hicks publications about the second version of The Secret“. Youtube.com. 2007-04-28. конс. 2011-12-18.