Прејди на содржината

Тајмир (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта од Тајмир

Езеро Тајмир (руски: Таймы́р, Таймы́рское о́зеро) е езеро кое се наоѓа во централните региони на полуостровот Тајмир во Краснојарскиот крај во Русија. Сместено е јужно од планините Биранга.

Географија

[уреди | уреди извор]

Езерото Тајмир има должина од 165 км приближно и се протега во правец исток-запад. Има неправилна форма со многу краци кои се простираат во различни насоки и покриваат поширок регион. Неговата максимална ширина е само околу 23 км, во нејзината најширока област, која е некаде кон крајниот источниот крај на езерото.

Езерото Тајмир е покриено со мраз од крајот на месец септември па сè до почетокот на месец јуни. Главната река што се влева во нејзиниот слив од запад е Горна Тајмира. Други реки што се влеваат во него се: реката Западнаја, реката Севернаја потоа Бикада-Нгуома, реката Јаму-Тарида и Каламисамо. А река која излегува или се создава од езерото е Нижљи Тајмира (Долна Тајмира) и потоа тече кон север преку планинскиот регион Биранга.

Областите на тундра јужно од езерото Тајмир се полни со помали езерца и со мочуришни реони.

Екологија

[уреди | уреди извор]

Езерото Тајмир е богато со многу видови на риба, типични за студените арктички води, како што се на пример: лоуч, сиг и муксун. Експлоатацијата на рибата е голема и покрај оддалеченоста на езерото од населените места.[1]

Во езерото е откриена мала контаминација со високо штетниот плутониум и тоа во седиментите на дното. Ова е можеби последица на честичките што ги носи ветерот по бројните атмосферски јадрени тестови кои се изведувале во реонот на Новаја Земја за време на Студената војна.

Температури на водата

[уреди | уреди извор]

Просечна температура на водата во месец август е +7 °C.

Во текот на зимата и тоа месеците декември и јануари, температурата на водата е малку над 1 °C

  1. „Overexploitation of some fish species“. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2021-03-02.