Тајвански фазан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тајавнски фазан
Swinhoe's Pheasant 0673.jpg
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Кокошкофазани
Вид: Тајвански фазан
Биномен назив
Lophura swinhoii
(Gould, 1863)
Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан (науч. Lophura swinhoii) — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Мажјакот има светкави сино-виолетови гради, стомак и задник, бел тил, црвена кикиришка, бела опашка и бела пувка. Женката е кафена, со жолти точки и сложени пругести шари и темнокостенлива опашка (надворешниот дел).

Кога мажјакот се перчи, кикиришката му се набабрува, прави еден скок и трча во круг околу женките.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на тајванскиот фазан е ограничено на планинските шуми во средишниот дел на Тајван, на надморска височина до 2.300 м.[1]

Се храни со семки, плодови и некои инсекти.

Женката несе по 2 до 6 јајца, кои ги квачи 25 до 28 дена. Младенчињата се способни да одат надвор од гнездото 2 до 3 дена откако ќе се испилат.

Заштита[уреди | уреди извор]

Тајванскиот фазан е малуброен поради ограниченото живеалиште и влошувањето на условите за живот, особено сечата на дрво. Дел од птиците се безбедни во заштитени подрачја, но други се намалуваат по бројност. Во минатото тајванскиот фазан се ловел и затоа исчезнал во извесни подрачја во 60-те и 70-те години на XX век. Денес, се смета дека живеат вкупно 10.000 единки.[1]

Lophura swinhoii

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Видот го научното име swinhoii во чест на британскиот природонаучник Роберт Свајно (1836-1877), кој прв го опишал во 1862 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Lophura swinhoii. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013.  (англиски)
  2. „Тајвански фазан“. Зоо Скопје. конс. 28 април 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]