Ташлак
Изглед
| Ташлак | |
|---|---|
| Βράους | |
Реката Драматица во клисурата | |
| Надм. висина | 80 м |
| Должина | 6 км |
| Геологија | |
| Вид | клисура |
| Географија | |
| Местоположба | Зихненско, Егејска Македонија |
| Земја | Грција |
| Координати | 40°58′50″N 21°53′36″E / 40.9805°N 21.8934°E |
| Река | Драматица |
![]() | |
Ташлак или Таш Олук[1] (грчки: Βράους, Враус) — клисура во Зихненско, Егејска Македонија. Претставува сатеска меѓу јужните падини на Сминица и северните падини на Кушница низ која тече реката Драматица. Сместена е јужно од паланката Алистратик. Почнува кај селото Баница и продолжува околу 9 км до Станица Анџишта, каде има и стар мост на реката.
При проучување во јуни 1977 г. во клисурата Ташлак, како и во Алистратичката пештера и три соседни пештери, се откриени праисториски пештерски цртежи. Цртежите се од различни периоди. Има претстави на животни, луѓе, јавачи и апстрактни облици. По опремата на коњите и јавачите стручњаците заклучиле дека поновите цртежи се од VI–V век п.н.е.[2]
Името доаѓа од турското taşlık, што значи камче.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 203.
- ↑ „Δήμος Αλιστράτης - Αξιοθέατα“. Архивирано од изворникот на 2013-01-10. Посетено на 21 април 2013. Занемарен непознатиот параметар
|arhiveurl=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Ташлак на Ризницата ?- Клисурата на реката Драматица (Ангитис) (бугарски)
