Прејди на содржината

Таунсенд Стит Брендџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тауншенд Стит Брeндеџи)

Таунсенд Стит Брендџи (16 февруари 1843 – 7 април 1925) бил американски ботаничар. Тој бил авторитет за флората на Баха Калифорнија и Каналските Острови во Калифорнија.[1]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Брендџи бил роден на 16 февруари 1843 година во Берлин, Конектикат. Од 1862 до 1864 година служел во артилеријата на Конектикат, а подоцна решил да стане инженер. Добил диплома по инженерство на Научното училиште во Шефилд, но потоа продолжил со ботаника откако учествувал на неколку часови со Даниел Кеди Итон на Универзитетот Јеил.

По дипломирањето, тој станал окружен геодет и градски инженер во Канон Сити, Колорадо, каде што во слободното време собирал и одредени видови растенија. Тој бил во контакт со Џон Х. Редфилд и Аса Греј, кој му предложил да се придружи на експедицијата на Фердинанд В. Хајден во југозападен Колорадо и Јута, каде што ги искористил своите вештини како геодет, како и вештините по ботаника. Брендџи бил вработен како железнички геодет и во Арканзас и во Ново Мексико и продолжил со собирање растенија. Подоцна, бил вработен во Северното трансконтинентално истражување и создал мапа на регионот Адирондак. На своето патување тој ги посетил островите Санта Круз и Санта Роса, на еден од нив собирал дрја за Чарлс Спрег Сарџент.[2]

Работа, брак и публикации

[уреди | уреди извор]

Брендџи се преселил во Сан Франциско, каде што станал член на Калифорниската академија на науките и продолжил да ги проучува растенијата таму и во Баха Калифорнија, Мексико.[3] Освен што бил член на академијата, тој бил и член на Ботаничкото друштво на Америка, Националното географско друштво, Сигма Си и член на Американската асоцијација за унапредување на науката. Од 1889 до 1906 година тој напишал 12-томно дело наречено „Plantae Mexicanae Purpusianae“, кое било објавено во соработка со Карл А. Пурпус. Тој се оженил со колешката ботаничарка, Катрин Лејн Куран, во Сан Диего во 1889 година. Во 1906 година, тој се преселил во Беркли, Калифорнија, каде што починал на 7 април 1925 година.[2]

  1. ↑ „Townshend Stith Brandegee“. Islapedia.org. Посетено на October 8, 2016.
  2. 1 2 „Townshend Stith Brandegee“. Jepson Herbarium. Посетено на August 2, 2013.
  3. ↑ „The Mexican Itineraries of T. S. Brandegee“. Madroño. 11: 253–262.
  4. ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)