Татјана Стојановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Татјана Стојановска
Роден 13 ноември 1974(1974-11-13)(49 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање ТВ водител

Татјана Стојановска (13 ноември 1974, Скопје) - македонска ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија 1992. По изборот за Мис на Македонија почнува да работи во Македонската Радио Телевизија, прво како водител на утринската програма Добро утро Македонијо, а потоа и како презентер на вести до 2003 година од кога продолжува со работа во А1 Телевизија. Во 2011 година по затворањето на А1-телевизија која дотогаш беше најгледана, Татјана Стојановска стана презентер на вестите на Канал 5 Телевизија. Во нејзината кариера се вбројуваат и водење на многу фестивали, корпоративни настани, свечени академии. Како признание за нејзината кариера се наградите за Лице на годината на весникот Вечер во категоријата Тв презентер за 1998 и за 1999 година и Златна Бубамара на популарноста за 1999.

Работна кариера[уреди | уреди извор]

Моментално работи како презентер на информативната програма на Канал 5 телевизија.

Татјана Стојановска