Татјана Божиновска
| Д-р Татјана Божиновска | |
|---|---|
| Роден(а) | Битола, СР Македонија во 1980 |
| Потекло | |
| Жанрови | Класична музика |
| Занимања | пијанистка, музичар, педагог |
| Инструменти | пијано |
Д-р Татјана Божиновска - музичар, пијанистка, педагог од Битола родена во 1980 година. .[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Д-р Татјана Божиновска во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. и магистрира на на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. во 2014 год. ги завршува и Докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски.
Од 2003 год. е и активен член во организацијата на Здружението на млади музички уметници од Битола. Членка е и на пијанистичкото дуо со м-р Билјана Димовска со која активно концертира. Учесник е во европскиот проект „Пијано рефлексија на европската култура“ кој се одржува во пет земји: Франција, Австрија, Молдавија, Полска и Македонија (2009-2011). Работи во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано и музички соработник.[2]
Музичка дејност
[уреди | уреди извор]Настапува на солистички и на многубројни симфониски и камерни концерти.
- Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија. Норвешка, Полска, Турција, Малта…
Настапувала и на повеќе значајни манифестации како:
- солист на „ Охридско лето “,
- „ Денови на македонската музика”, „ Скопско лето”, „ Хераклејски вечери”, „ Битолско културно лето”, „ Штипско лето”, „ „Пролетни вечери”, „ Есенски музички свечености”, „ Денови на полската култура во Македонија”, .[3]
- „ Ден на културата во Битола”,
- „Музички вторник “, „Златна лира “, „Интерфест “ – Битола,
- North Quabbin's Center for Performing Art во Њу Сејлем, Масачусетс, САД,
- солист со Македонската филхармонија
- солист со Битолскиот камерен оркестар [4]
- Божиновска е членка на триото „Интерарт”, со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари и реализира три компакт дискови. [5]
- Дел е од дуо пијано - Билјана Димовска –Татјана Божиновска. Како пијано дуо, Божиновска и Димовска делуваат од 2009 година, изведувајќи репертоар што се движи од барок до современа музика. Дуото има одржано бројни рецитали низ Македонија и на меѓународни фестивали, а во 2021 година освои I награда на Интернационалниот натпревар „Соправиста “ во Италија. Нивната концертна активност вклучува настапи на престижни фестивали. Во 2013 година го снимаат и своето прво ЦД.[6], [7]
Нејзиното пијано музицирање, како солист е со најпозитивно апсолвирано влијание од нејзиниот професор, истакнатиот македонски пијанист Тодор Светиев.
Изградувајќи се во текот на годините, како солист, за релативно кратко време, таа суверено ја совладува пијанистичката виртуозност со прецизна тонска градација и специфична коларатура. Нејзините пијанистички рецитали се музички реализирани со длабока сконцентрираност и емотивна експресивност која слободно се движи низ комплицирани хармонски структури.
Во состав на камерното или оркестрираното музицирање се истакнува со префинето чувство, за изнивелирано, избалансирано присуство на пијаното во кое внесува и одредена авторска изведувачка инспиративност која влијае врз севкупната сложена оркестрирана структура.
Активното и интензивно присуство на музичките сцени се повеќе ја потврдуваат нејзината истакната пијанистичка репутација која ја обележува меѓу значајните музички изведувачи и пијанисти.
Педагошката дејност
[уреди | уреди извор]Педагошката дејност ја започнува од 2000 год. во Државното Музичко училиште – Битола, а нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.[8]
Награди
[уреди | уреди извор]Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди:
- 2000 - Специјална награда за најдобра изведба на романско дело и Специјална награда “Gheorghe Halmos” за најдобра пијанистичка интерпретација на “Aperto”- Интернационален натпревар за камерна музика во Букурешт, Романија.
- 2002 - II награда на Интернационалниот натпревар за пијанисти - „Интерфест”- Битола и Специјална награда за најперспективен битолски пијанист
- 2006 - I место, односно Diploma d’Onore на “ Tornero internacionale di misica ”– Меѓународниот натпревар за камерна музика во Париз, Франција - како член на триото „ Интерарт”
- 2006 - Добитник на највисокото битолско признание „ 4 Ноември “ - како член на Триото „Интерарт“
- 2007 - Добитник на наградата „ Најуспешни битолчани за 2006 год. “ - како член на Триото „Интерарт“ - во организација на Битолски весник
- 2009 - III место на Интернационалниот фестивал Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија - како член на Триото „Интерарт“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Татјана Божиновска - пијано
- ↑ Д-р Татјана Божиновска
- ↑ Разговор со Татјана Божиновска
- ↑ Дуо пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска со одличен концерт пред битолчани[мртва врска]
- ↑ „ГРАДОТ НА КЛАВИРИТЕ“ – КОНЦЕРТ НА НУ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА БИТОЛА[мртва врска]
- ↑ Музиката раскажа приказни со Татјана Божиновска и Билјана Димовска
- ↑ Дуо пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска со одличен концерт пред битолчани
- ↑ „Есенски импресии“