Таткото-господар (филм од 1977)
Таткото-господар (италијански: Padre Padrone) - италијански филм од 1977 година, во режија на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, кои се автори и на сценариото, заедно со Гавино Леда по чија книга е снимен филмот. Главните улоги ги толкуваат: Омеро Антонути, Саверио Маркони, Марчела Микеланџели, Фабрицио Форте, Станко Молнар и Нани Морети. Филмот освоил награда на Берлинскиот филмски фестивал, а на Канскиот фестивал ги освоил „Златната палма“ и наградата FIPRESCI.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот се одвива во Сардинија и го опишува животот на Гавино. Еден ден, таткото на Гавино (малиот Гавино го глуми Форте) влегува во училиштето и го зема со себе својот син со намера да го претвори во овчар. Така, малиот Гавино е осуден да живее во планината, каде мора да го трпи суровиот однос на татко му (го игра Антонути), кој често го казнува со ќотек заради направените грешки. Годините минуваат, а Гавино (возрасниот Гавино го игра Маркони) останува неписмен, извршувајќи ја овчарската работа. Кога момчињата од селото заминуваат на работа во Германија, и Гавино се пријавува, но комисијата го одбива зашто неговиот татко не дал согласност. Дури откако студот го уништува маслиникот, таткото го продава целиот имот и го испраќа Гавино во армијата. Таму, тој се описменува, го положува испитот за радио-техничар, завршува гимназија и сонува да студира лингивстика. Меѓутоа, татко му не се согласува и Гавино е принуден да се врати во селото каде повторно работи како овчар. Меѓутоа, желбата за студирање е посилна и тој му се спротивставува на татко му. Подоцна, Гавино го завршува факултетот, пишува студија за дијалектот на родниот крај, но повторно нешто го тера да се врати во своето село.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Италијански филмови
- Филмови на италијански јазик
- Филмови од 1977 година
- Филмови чие дејствие се одвива во Италија
- Филмови на браќата Тавијани
- Филмови со Омеро Антонути
- Филмови со Саверио Маркони
- Филмови со Нани Морети
- Филмови со Марчела Микеланџели
- Филмови со Фабрицио Форте
- Филмови со Станко Молнар
- Филмови засновани на книги
- Добитници на Златната палма