Татиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
За другиот ирански јазик со слично име видете татски јазик.
Татиски јазик
تاتی
Застапен воИран
ПодрачјеСеверозападен Иран
Говорници220.000 Такестани  [1]
28,100 Харзани (2000)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3Разни:
tks — такестански
xkc — хојниски
hrz — харзандски
rdb — рудбарски
esh — ештехардски
tov — таромски
xkp — кабатејски

Татискиот е ирански јазик, или група ирански дијалекти, кои се зборуваат во Иран. Јазикот е сроден со талишкиот јазик. Некои јазичари го именуваат јазикот како староазерски или староазарски бидејќи тука се зборувал јазикот пред расширувањето на турските народи низ Азија.

Особености[уреди | уреди извор]

Фонетски гледано, јазикот е сличен со систе останати северозападни ирански јазици. Во јазикот има присуство на гласови *z, *s, *y-, * v-, а во јужните западноирански јазици присутни се гласовите d, h, j-, b-. Потоа, во јазикот се развил гласот /ʒ/ < * j, */t͡ʃ/ наместо z, и зачувување на интервокално поствокално *r.

Во поглед на морфологијата, татискиот е помалку аналитичен јазик за разлика од останатите јужни западноирански јазици. Во јазикот се изгубиле основите на класите и глаголот, но ги зачувал падежите (јазикот има два падежа, номинатив и објектив). Јазикот е од типот јазици со неутрален род, но се разликува родот во некои глаголи и имиња.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. такестански - Ethnologue (XVI изд, 2009)
    хојниски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
    харзандски - Ethnologue (XVI изд, 2009)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]