Тастер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стив Ман септамбик тастерот е прилагодено моделиран да одговара на раката, со еден клуч за секој прст, и три за палецот.
Тастер произведен за комерцијална употреба, Twiddler 2.

Тастер е уред за сигнализација со рака, преку притискање на еден или повеќе прекидачи. Модерните тастери обично имаат поголем број на копчиња но не толку колку целосната големина на тастатурата; вообичаено помеѓу четири и педесет. Тастерот се разликува од тастатурата бидејќи не постои "плоча"; клучевите се групирани во групи.[1] Тастерот може да биде во улога на единствен телеграфски клуч за преведување на Морзеовата азбука. Во овој случај, обично терминот "да притиснеш" значи да се уклучи и исклучи пренесувачкиот бран. На пример, се смета дека еден од тие го "вклучува предавателот" така што прекинува некоја фаза на засилување со телеграфски клуч.

Морсовата азбука е постара форма на сериска комуникација, која во модерните времиња обично е автоматизирана. Во целосно автоматизиран телепринтер систем, испраќачот притиска копчиња за да прати ASCII проток на податоци до примачот, и пресметувањето ја намалува потребата времетраењето да се направи од страна на човечки оператор. Во овој случај, можно е многу побрзо притискање на копчиња.

Ламбик тастерите станаа популарни во телеграфијата, во1960-тите. Кај нив, "точка" и "цртичка" се различни копчиња. Во 1970-тите, кога овој концепт беше претставен од пронаоѓачот Стив Ман, погрешно беше слушнато од него како "бамбик" па тој го генерализираше терминот вклучувајќи различни "полиамбик"/"мултиамбик" тастери, како и "пентамбик" тастер (5 копчиња, по еден за секој прст и еден за палецот) и "септамбик" (3 копчиња за стискање со палец), за користење со преносен пакет-базиран компјутерски систем кој тој го измислил за фотографскиот светлечки векторlightvectoring.

Таквите тастери, кои се користат со преносливи компјутери,обично се за држење со една рака. За разлика од тастатурите, преносливите компјутерски тастери немаат плоча на која прекинувачите се монтирани. Покрај тоа, со изведување на некои други функции (како што се истовремено држење на изворот на светлината и притискање) тастерот е ефетивно ослободен од користење со рацете, така што некој за секој случај ќе го држи изворот на светлината.

Постојат и жични тастатури кои се наменети за користење од седечка положба (повеќе копчиња поставени на плоча наместо преносен притискач).

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Intelligent Image Processing. John Wiley and Sons. 2001. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Стив Ман[уреди | уреди извор]