Тасманиски ѓавол
| Тасманиски ѓавол[1] | |
|---|---|
| Тасманиски ѓавол, мажјак | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Chordata |
| Класа: | Mammalia |
| Инфракласа: | Marsupialia |
| Ред: | Dasyuromorphia |
| Семејство: | Dasyuridae |
| Род: | Sarcophilus |
| Вид: | Sarcophilus harrisii |
| Научен назив | |
| Sarcophilus harrisii (Boitard, 1841) | |
Тасманиски ѓавол (Sarcophilus harrisi) ― месојаден торбар кој живее само во дивината на Тасманија, островска држава во Австралија. Тасманискиот ѓавол е единствениот постоечки член од родот Sarcophilus. Со големина на мало куче, кус и мускулест, тој е најголемиот месојаден торбар во светот, по изумирањето на тасманискиот тигар (Thylacine) во 1936 година. Карактеристичен е по своето црно крзно, силната реа кога е под притисок, екстремно бучниот и вознемирувачки крик и крволочноста кога јаде. Познато е дека го лови пленот, но и се храни со мрши. Иако често е осамен, понекогаш е забележан како јаде заедно со другите тасманиски ѓаволи.
Тасманискиот ѓавол бил истребен од австралискиот континент пред повеќе од 3000 години, сега се наоѓа само на островот Тасманија. Бидејќи тие бил гледан како закана за добитокот во Тасманија, бил ловен сè до 1941 година, за потоа да биде официјално бил заштитен. Во мај, 2009 година, тасманискиот ѓавол е прогласен за загрозен, заради појава на тумор на делови од главата (особено устата), што во голема мера го загрозува неговиот опстанок. Во тек се програми за изнаоѓање начин да се спречи понатамошното изумирање на овој месојаден тобар.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Природонаучникот Џорџ Харис го напиша првиот објавен опис на тасманискиот ѓавол во 1803 година именувајќи го Didelphis ursina. Во 1838 година ѓаволот беше преименуван во Dasyurus laniarius од Ричард Овен, пред да се премести во родот Sarcophilus во 1841 година и именуван како Sarcophilus harrisii или „Харисовиот љубител на месо“ од Пјер Ботард. Понатамошната ревизија на таксономијата на ѓаволот објавена во 1987 година настојувала да ги промени имињата на видовите Sarcophilus laniarius засновани врз копнените фосилни забелешки од само неколку животни. Сепак ова не било прифатено од таксономната заедница во целост и името S.harrisi било задржано и S.laniarius се деградирало на фосилните видови. Филогенетичката анализа покажува дека ѓаволот е најблиску сроден со торбарите и најдалечен до изумрениот тасманиски тигар (Thylacine).
Физички опис
[уреди | уреди извор]
Тасманискиот ѓавол е најголемиот преживеан месојаден глодач во Австралија. Има набиена и дебела конструкција, со голема глава и опашка која е речиси половина од неговата телесна должина. Ѓаволот собира телесна маснотија во опашката, затоа болните ѓаволи често имаат тенки опашки. Необично за глодач, неговите предни нозе се малку подолги од задните нозе. Ѓаволите можат да трчаат до 13 километри (8,1 милји) на час на кратки растојанија. Крзното е најчесто црно иако се вообичаени нерамномерни бели дамки на градниот кош и задникот. Мажјаците најчесто се поголеми од женките, имајќи просечна глава и телесна должина од 652 милиметри (25,7 инчи), со 259 милиметри долга опашка и просечна тежина од 8 килограми (18 фунти). Женките имаат просечна глава и телесна должина од 570 милиметри (22 инча), со 244 милиметри долга опашка и просечна тежина од 6 килограми (13 фунти). Просечното животно исчекување на тасманискиот ѓавол во дивината е предвидено на 6 години, иако тие може да живеат подолго во заробеништво. Ѓаволот има долги мустаќи на лицето и израстоци на врвот на главата. Тие му помагаат на ѓаволот да го открие пленот кога трага во темнината и помош при откривањето кога другите се близу во текот на хранењето. Кога е вознемирен, ѓаволот може да создаде јака миризба чија острина е конкурентна дури со таа на творот. Слухот му е доминантно чувство и исто така има одлично чувство за мирис. Откако ѓаволите ловат навечер, нивниот вид изгледа е најдобар во црно и бело. Во овие услови тие веднаш можат да откријат објекти во движење, но потешко гледаат неподвижни објекти. Анализата од силата на каснувањето на цицач во однос на големината на телото покажува дека ѓаволот има најјако каснување од било кој жив цицач (преку 5100 фунти на квадратен инч или 35.000 килопаскали) Моќта на вилицата е делумна поради неговата релативно голема глава. Тасманискиот ѓавол исто така има комплет од заби кои растат споро во текот на неговиот живот.
Размножување
[уреди | уреди извор]Женките почнуваат да се размножуваат кога ќе достигнат полова зрелост, вообичаено во нивната втора година. Од овој момент, тие се плодни еднаш годишно, создавајќи повеќе јајце-клетки додека се во топло. Парењето се случува во март на заштитени места во текот на денот и ноќта. Мажјаците се борат за женки во сезоната на размножување и женките ѓаволи ќе се парат со доминантниот мажјак. Ѓаволите не се моногамни и женките ќе се парат со неколку мажјаци ако не се заштитени по парењето. Бременоста трае 21 ден и ѓаволите се породуваат со 20 до 30 младенчиња, секое тежејќи точно 0,18 до 0,24 грама. Кога младенчињата ќе се родат натпреварот е жесток како што се движат од вагината до торбата. Веднаш штом се во торбата, тие остануваат врзани за брадавица во следните 100 дена. Торбата на женката Тасмански ѓавол, слична на таа од вомбат (австралиски торбар), ретко се отвора, затоа физички е тешко за женката да делува со млади во торбата. Покрај големото легло при раѓањето, женката има само четири брадавици, затоа не повеќе од четири бебиња се храната во торбата и како што старее женката ѓавол се помали стануваат нејзините легла. Во просек повеќето женки преживуваат отколку мажјаците.
Во торбата нахранетите млади брзо се развиваат. На 15 дена надворешните делови од увото се видливи. Очните капаци се видливи по 16 дена, мустаќите на 17 дена и усните на 20 дена. На младите им расне крзно на 49 дена и имаат целосно крзно до 90 дена. Нивните очи се отвораат кратко по развивањето на крзното помеѓу 87 и 93 дена и нивните усни можат да го олабават држењето за брадавицата на 100 дена. Тие ја напуштаат торбата 105 дена по раѓањето, појавувајќи се како мали копии на родителот и тежејќи точно 500 грама (18 унци). За разлика од младите на кенгурот, младите ѓаволчиња не се враќаат во торбата, наместо, тие остануваат во дувлото за уште 3 месеци, прво ризикувајќи надвор од дувлото меѓу октомври и декември, пред да станат независни во јануари. Женките ѓаволи се зафатени со одгледување на нивните мали за цели шест недели од годината.
Екологија и однесување
[уреди | уреди извор]
Тасманиските ѓаволи се распространети и прилично чести низ Тасманија, но брзо умираат од рак на лицето. Пронајдени во сите живеалишта на островот, вклучувајќи ги предградијата на урбаните области тие особено сакаат суви склерофилни (sclerophyll) шуми и крајбрежни кории. Тасманискиот ѓавол е ноќен и мрачен ловец, поминувајќи ги деновите во густа грмушка или во дупка. Малите ѓаволчиња можат да се качат на дрвјата, но ова станува се потешко како што растат поголеми. Ѓаволите можат и да пливаат. Тие се претежно повлечени животни и не формираат чопор. Заземаат територии од 8 до 20 км2 што може значително да се вклопи меѓу различни животни.

Тасманиските ѓаволи може да зграпчат плен со големина на мал кенгур, но во пракса тие се опортунисти и многу често јадат мрша отколку што ловат жив плен. Иако ѓаволот претпочита вомбати, тој најчесто јаде мали локални цицачи, домашни цицачи (вклучувајќи овци), птици, риби, инсекти, жаби и влекачи. Нивната исхрана е многу разновидна и зависи од достапната на храната. Во просек тие јадат 15 % од нивната телесна тежина секој ден, меѓутоа можат да изедат и до 40 % од нивната телесна тежина за 30 минути, ако за тоа им се укаже прилика. Тасманиските ѓаволи ги јадат сите делови од мршата, вклучително и коските и крзното, покрај месото и внатрешните органи. Во тој поглед, ѓаволот е корисен за тасманиските фармери, бидејќи со јадењето на мршите помага да се спречи ширењето на инсекти кои можат да пренесат зарази и со тоа да му наштетат на добитокот.
Иако тие ловат сами, јадењето е друштвен настан за тасманскиот ѓавол. Поголемиот дел од вревата својствена за животното е резултат од бучното заедничко јадење на кое може да се соберат до 12 единки и често може да се слушнат на далечина од неколку километри. Истражување за хранењето на ѓаволите препознава 20 физички карактеристики, вклучувајќи го нивното карактеристично пакосно прозевање и 11 различни вокални звуци кои ѓаволите ги користат да комуницираат додека се хранат. Тие обично остваруваат доминантност преку звукот и физичкиот став, иако доаѓа и до борба. Возрасните мажјаци се најагресивни и заплашувањето се практикува често во борбата за храна и партнер.
Заштитена состојба
[уреди | уреди извор]
Тасманија била последното засолниште на големите месојадни торбари. Сите поголеми месојадни торбари изумреле на континентот (Австралија), кратко по населувањето на луѓето. Само најмалите и најприлагодливите преживеале. Фосилен доказ од западна Викторија покажува дека тасманиските ѓаволи опстојувале на австралискиот континент скоро до пред 600 години (отприлика 400 години пред колониацијата на Европејците). Нивното исчезнување од континентот се припишува на крволочноста на дингата и на ловењето од страна на домородното население. Во Тасманија, далеку од дингата, месојадните торбари сѐ уште опстојувале кога пристигнале Европејците. Истребувањето на тасманискиот тигар (Thylacine) по доаѓањето на Европејците е добро познато, но исто така и тасманискиот ѓавол бил загрозен.
Првите тасманиски доселеници го ловеле тасманискиот ѓавол и го користеле за исхрана. Вкусот на неговото месо го опишале како телешко. Се верувало дека ѓаволите ловат и убиваат добиток, затоа во 1830 година се започнало со давање награди за негово истребување од фармите. Во наредните 100 години, фаќањето во стапици и труењето на тасманискиот ѓавол, го доведе до работ на истребување. По изумирањето на последниот тасманиски тигар (Thylacine) во 1936 година, беше согледана опасноста за опстанокот на ѓаволите. Тасманискиот ѓавол беше заштитен со закон во 1941 година и популацијата полека се повратила.
Најмалку две главни популации се загрозени, поради епидемија од болест која првпат се појавува во запишаната историја во 1909 година и потоа во 1950 година. Сега, популацијата на тасманискиот ѓавол е под надзор на Тасманиското министерство за основни индустрии и вода, и достигнува од 10000 до 100000 единки, со можни 20000 до 50000 возрасни единки. Главниот научник вклучен во програмата за надзор на тумор на лицето на ѓаволот, Хамиш Меккалум, нуди поскромна проценка за популацијата на овој месојадец, од најмалку 20000 до најмногу 75000 единки.
Болеста на ѓаволот - тумор на лицето
[уреди | уреди извор]Туморот на лицето кај ѓаволот предизвикува формирање тумори во и околу устата, што доведува до пречки при јадењето и евентуално води до смрт од изгладнетост.

Првпат забележана во Тасманија, во 1995 година, болеста - тумор на лицето ( DFTD) ги загрозува тасманиските ѓаволи. Проценките од загубите достигнуваат од 20 % до најмногу 50 % намалување на популацијата на ѓаволот, погодени се преку 60% од територијата на која живеат. Погодените густи популации претрпеа 100 % смртност за 12 до 18 месеци. Видот беше запишан како чувстителен под тасманискиот договор од 1995 година, за заштита на загрозените видови, и австралискиот договор од 1999 година, за заштита на околината и биолошката разновидност во 2006 година. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) не го гледа видот како загрозен. Кога овој вид последен пат беше проценет од Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) во 1996 година, беше регистриран како помалку ризичен/со најмала загриженост. Популациите на тасманискиот ѓавол се надгледувани за да се следи ширењето на болеста и да се препознаваат промените во нејзината распространетост. Теренското надгледување вклучува фаќање на ѓаволи во одредена област за да се провери присуството на болеста и да се одреди бројот на болните животни. Досега утврдено е дека краткорочните ефекти од болеста во областа може да бидат сериозни. Долгорочното надгледување на местата за размножување е од важност за да се одреди дали ќе останат овие последици или дали ќе закрепнат популациите. Теренските работници исто така ја испитуваат делотворноста од потиснувањето на болеста преку фаќање и отстранување на заболените ѓаволи. Влева оптимизам дека со отстранувањето на заболените ѓаволи од останата популација ќе се намали распространетоста на болеста и ќе се овозможи повеќе од ѓаволите да преживеат и да се размножуваат. Болеста е вид на пренослив рак и е заразна. Во недостаток од лек, научниците ги отстрануваат болните животни, истовремено ги ставаат во карантин здравите ѓаволи, во случај да дојде до изумре останатата популација. Бидејќи тасманиските ѓаволи имаат екстремно ниско ниво на генетска разновидност и хромозомна мутација, единствена меѓу месојадните цицачи, тие се најподложни на заразниот рак. Две популации од ѓаволи, слободни од болеста, се чуваат во соодветна инфраструктура во предградие на Хобарт и на островот Марија, близу до источниот брег на Тасманија. Размножувањето во зоолошките градини, во континенталниот дел на Австралија, е исто така можно. Намалувањето на бројот на ѓаволите исто така е согледано и како еколошки проблем. Имено, се верува дека тасманискиот ѓавол е дополнително загрозен и од црвената лисица, нелегално донесена во Тасманија во 2001 година. Овие лисици се проблематични и во останатите делови во Австралија и го спречуваат успешнот враќање на тасманискиот ѓавол на австралискиот континент. Неодамнешно истражување од Универзитетот во Сиднеј покажа дека заразниот рак на лицето може да се шири поради ретко ниската генетска разновидност во имуните гени на ѓаволот (MHC class 1 and 2) што дополнително го отежнува неговото опреживување. Истовремено, научниците пронајдоа шокантно високи нивоа на потенцијални карценогени ретардантни хемикалии во тасманиските ѓаволи. Првичните резултати од тестовите, по налог на тасманиската влада, на хемикалиите пронајдени во масното ткиво од 16 ѓаволи покажуваат високи нивоа на хексабромобифенил (hexabromobiphenyl (BB153) и „релативно високи“ нивоа на етер декабромодифенил ( decabromodiphenyl ether (BDE209).
Културни одлики
[уреди | уреди извор]

Тасманискиот ѓавол е значајно животно во Австралија. Симбол е на тасманските национални паркови и на службата за дивиот свет, како и на поранешниот водечки тасманиски фудбалски тим, кој играше во Викторијанската фудбалска лига, познат како Ѓаволите. Некогашниот кошаркарски тим, Хобартовите ѓаволи, во НБЛ (NBL), исто така беше именуван по ова животно. Ѓаволот беше еден од шесте домородни австралиски животни кои се појавија на комеморативните австралиски монети од два долари издадени меѓу 1989 и 1994 година. Тасманиските ѓаволи се популарни кај домашните и меѓународните туристи. Поради неговата необичност и реткост, тасманискиот ѓавол беше предмет на многубројни документарни емисии и тема на детски книги. Неодамнешен австралиски документарец за тасманискиот ѓавол, „Теророт од Тасманија“ (Terrors of Tasmania), режисиран и продуциран од Дејвид Перер и Елизабет Перер-Кук, беше прикажан во 2005 година. Документарецот следи женка ѓавол, наречена Manganinnie, низ сезоната на размножување и раѓање и одгледување на нејзините млади. Документарецот исто така обрнува внимание на ефектите од туморот на лицето кај ѓаволот и заштитните мерки преземани за да се обезбеди преживување на тасманискиот ѓавол. Документарецот беше прикажан на телевизиите во Австралија и во САД на каналот на Национална географија.
Забраната за извоз на тасманиските ѓаволи значи дека тие може да бидат видени само во зоолошките градини во Австралија. Последниот познат прекуокеански ѓавол почина во детската зоолошка градина Форт Вејн во 2004 година. Сепак, тасманската влада испрати пар ѓаволи во зоолошката градина во Копенхаген, после раѓањето на првиот син на Фредерик, крунисаниот принц на Данска и неговата тасманиска сопруга, Марија, во октомври 2005 година. Ова се единствените ѓаволи кои можат да се видат надвор од Австралија. Тасманискиот ѓавол веројатно е најдобро познат во светот како инспирација за цртаниот лик „Таз“, на серијата „Looney Tunes“. Додека цртаното отелотворување личи на модернизиран ѓавол (истакнати песјаци, голема глава, кратки нозе), ограничени се сличностите во однесувањето: бучност, алчен апетит и срамежливо однесување. Истражувачи исто така именувале генетски измутиран глушец „тасманиски ѓавол“. Глушецот мутант е непотполн во развојот на сетилни влакнести клетки на увото, доведувајќи го мутантот до ненормални однесувања, вклучувајќи тресење на главата и кружење, многу послично како со ликот „Таз“ отколку со вистинскиот тасманиски ѓавол. За 2.6.29 изданието од Линуксовото јадро (Linux kernel), Линус Торвалдс повремено ја заменува маскотата Тукс со маскотата на тасманискиот ѓавол, наречен „Туз“. Ова е поддршка на кампањата да се спаси тасманискиот ѓавол.
Филогенеза
[уреди | уреди извор]Тасманискиот ѓавол (Scarsophilus harrisii) припаѓа на семејството Dasyuridae. Scarsophilus harrisii, дел од родот Scarcophilus кој содржи други два вида кои сега се фосили S.laiarius и S.Moomaensis. Ова се единствените од познатите фосили од Плеистоцинот. Врската меѓу трите вида е сѐ уште нејасна. Тасманискиот ѓавол е единствениот жив член на Scarcophilus и може да се најде на австралискиот остров - држава Тасманија. Тасманискиот ѓавол има блиска сродност со другите торбари, нумбатите и сега изумрениот тасманискиот тигар.
Аналогни структури
[уреди | уреди извор]Иако тасманиските ѓаволи имаат многу структури кои се аналогни со други видови, нивната неверојатна силна вилица и остри заби, кои споро растат, се видени само кај неколку други животни. Crocuta crocuta, поинаку познато како хиена, исто така има силни вилици и широки катници кои им овозможуваат да го стигнат секој дел од мршата и да ги кршат коските. Додека овие два вида имаат вилици и заби со иста особина и иста употреба, двата вида независно ја развиле оваа особина, иако не се блиски по сродност.
Хомологни структури
[уреди | уреди извор]Повеќето торбари имаат опашки, меѓутоа кај тасманискиот ѓавол (Scarsophilus harrisi) има посебно приспособување, т.е. има ано-генитална жлезда на основата од неговата опашка, за да го остави неговиот мирис врз површината зад него. Фактот дека торбарите имаат иста основна структура на опашката, навестува дека торбарите како тасманискиот ѓавол, нумбатите итн. се развиле од заеднички предок кој имал екстремитет со иста структура.
Наводи
[уреди | уреди извор]| „Тасманиски ѓавол“ на Ризницата ? |
- ↑ Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M.. ed. Mammal Species of the World (3rd ed.). Johns Hopkins University Press. pp. 28. ISBN 0-8018-8221-4. http://www.bucknell.edu/msw3.
- ↑ „Sarcophilus harrisii“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 12 октомври 2008. Listed as Endangered(EN A2be+3e v3.1)
|