Прејди на содржината

Тасманиски волк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тасманиски волк
Период: ран плиоцен-холоцен
Тасманиски волк во 1906 г.
Научна класификација
Царство: Животни
Класа: Цицачи
Инфракласа: Торбари
Ред: Месојадни торбари
Семејство: Торбести волци
Род: Тасманиски волк
Вид: Тасманиски волк
Научен назив
Thylacinus cynocephalus
(Harris, 1808)
Изворна распростренетост во Тасманија[2]

Тасманиски волк или тилацин (науч. Thylacinus cynocephalus) — најголемиот претставник на редот месојадни торбари (Dasyuromorphia), кој доживеал изумирање во блиското минато. Тој е попознат како тасманиски тигар (поради своите шари на долниот дел на грбот). Со потекло од континентална Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја, се верува дека изумрел во XX век, поточно во 1936 г.

Тој бил последниот преживеан член на неговото семејство торбести волци (Thylacinidae). Примероци на другите членови на семејството биле пронајдени во фосилите кои потекнувале од раниот период на миоценот.

Животното станало исклучително ретко со што и изумрело на австралиското копно пред британското доселување на континентот, но преживеало на островот Тасманија заедно со уште неколку ендемски видови, вклучувајќи го и тасманискиот ѓавол. Интензивниот лов е одговорен за неговото изумирање, но исто така и други фактори како болестите, воведувањето на кучиња како домашни миленичиња и човечкиот фактор, односно нивно доселување и уништување на животната средина на тасманискиот тигар. И покрај официјалната класификација како изумрени, истражувања за нив сè уште има и се објавуваат.

Исто како тигрите и волците на северната полутопка, од кои се добиени две од неговите заеднички имиња, тасманискиот волк бил на врвот по грабливоста. Како торбари, тие не биле во тесна врска со овие плацентални цицачи, но конвергентната еволуција ја прикажува истата општа форма и адаптација. Нивните најблиски роднини се смета дека се тасманиските ѓаволи. Тасманискиот волк бил еден од само два вида торбари кој имаат торбичка кај двата пола.

Откривање и таксономија

[уреди | уреди извор]

Првиот детален научен опис бил направен од страна на заменик геометар на Тасманија, Џорџ Харис во 1808 година, пет години по првото населување на островот. Харис првично го сместил тасманискиот волк во родот Didelphis, која бил создаден од страна на Лине за американскиот опосум опишувајќи го како Didelphis cyanocephala (песоглав опосум).

Признавањето дека австралиските торбари се фундаментално различни од познатите цицачи, довело до формирањето на современата класификација, како и во 1796, Geoffroy Sen Hilaire го создал родот Dasyurus и таму ги сместил Тасманиските тигри во 1810.

За решавање на мешавина на Грчката и Латинската номенклатура, името на видовите биле променети во cynocephalus. Во 1824 година, тиле биле одвоени надвор во својот род, Thylacinus, од страна на Теминк. Заедничкото име произлегува директно од името на родот, кој потекнува од грчкиот thýlakos, што значи “носење” или “вреќа”. Тасманискиот ѓавол и тасманискиот волк, били етикетирани како членови на родот Didelphis, од страна на Харис во 1808 со детален опис.

Неколку студии го поддржуваат тасманискиот волк да биде како базален член на родот Dasyuromorphia и поврзан со тасманискиот ѓавол, како најблиски живи роднини. Сепак, истражувањето објавено во “Истражувања за геномот” во јануари 2009 година укажува на тоа дека тој може да биде повеќе поблизок до „ѓаволот“ и тесно поврзан со тасманискиот волк.

Екологија

[уреди | уреди извор]
Тасманиски волци. Цртеж на Џон Гулд, 1863 г.

Малку е познато за однесувањето или живеалиште на тасманискиот волк. Неколку забелешки биле направени од животните во заробеништво, но и тие биле ограничени. Повеќето набљудувања биле направени во текот на денот додека тигарот бил активен природно ноќе. Тие забелешки, направени во дваесеттиот век, нагласуваат дека наскоро ќе доведе до негово исчезнување. Некои одлики на однесувањето се изведени на заклучок од однесувањето на нивниот близок роднина, тасманискиот ѓавол.

Тасманскиот вол веројатно претендирал на сува еукалиптна шума, мочуришта и пасишта во континентална Австралија. Домородните австралиски слики покажуваат дека тасманискиот волк живеел во текот на копното на Австралија и Нова Гвинеја. Тhylacine-от бил ноќен ловец, каде дневните часови ги трошел во мали пештери или шупливи стебла, во корите итн. Претендирал да се повлекува во планините и шумите за засолниште во текот на денот, и да лови на отворено во текот на ноќта. Рани набљудувачи забележале дека животното било вообичаено срамежливо и таинствено, со свеста за присуството на луѓето и, генерално, избегнување контакт, и покрај тоа што повремено се покажувале испитувачки особини.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Thylacinus cynocephalus. IUCN Red List. Version 2011.2. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 23 July 2010.
  2. Paddle, Robert (2000). The Last Tasmanian Tiger: the History and Extinction of the Thylacine. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-53154-2.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]