Тасе Трајаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тасе Трајаноски
Роден 1921 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал април, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Тасе Колев Трајаноски ( 1921 во Козица, Кичевско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал претежно со земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија, стапил во август 1944 година, а со формирањето на Шестата македонска бригада бил распореден во неа. Со Бригадата учествувал во повеќе борби во Западна Македонија: Охрид, Кичево, Крушево и други места, а потоа ги продолжил борбите на Сремскиот фронт каде загинал во борба со германците во април 1945 година кај Славонска Пожега.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 135.