Тарифа (’рт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
’Ртот Тарифа од вселената

Тарифа (шпански: punta de Tarifa) или Мароки (punta Marroquí) — ’рт на југот на Пиринејскиот Полуостров и најјужна точка во цела континентална Европа. Сместен е во покраината Кадис, Андалузија, на брегот на Гибралтарскиот Проток.[1] Оттука се гледа Мароко.

Ова е јужен крај на некогашниот остров Тарифа (Лас Паломас), денес поврзан со копното со патен насип. Од 1930-тите до 2001 г. на местото имало воени објекти[2]

’Ртот и истоимениот град се наречени по берберскиот војсководец Тариф ибн-Мелик, кој одовде во 710 г. го започнал исламското освојување на Шпанија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]