Прејди на содржината

Таракаси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дело на Таракаси од Катак

Таракаси е еден вид сребрена филигранска изработка од Катак, град во Одиша во источниот дел на Индија.

Приврзок и обетки од сребрен филигран „Катак Таркаси“
Фотографија од Археолошкиот завод на Индија околу 1873 година, на занаетчии од таракаси како работат во Катак

Оваа висококвалификувана уметничка форма е стара повеќе од 500 години и традиционално ја изработуваат локални занаетчии на источните брегови на Одиша.[1] Во моментов, работниците со сребрен филигран се главно од областа Катак, каде што уметноста цвета.

Филигранските уметници работат со легура која содржи од 90% или повеќе чисто сребро.[2] Прво, грутката сребро се става во мал глинен сад, а двете потоа се ставаат во кофа полна со врел јаглен. Температурата се регулира преку мев што се управува рачно со коленесто вратило.

Процесот на топење трае околу десет минути, а потоа среброто се истура во мал калап сличен на прачка и се лади со потопување на прачката во вода. Потоа се става во машина која ја притиска прачката во долга, тенка жица. Овој досаден и физички напорен процес традиционално се правел рачно и им биле потребни двајца мажи за да ја вртат рачката.

Откако среброто ќе се исцедело во рамна, обработлива жица, самата жица прво можела рачно да се изрезба со сложени дизајни или да се остави на мал оган од керозин, при што еден уметник го насочувал малиот пламен со цевка што ја држел во устата во која што може да дува. Овој процес му олеснувал на занаетчија да ја обликува жицата во посакуваната рамка за делото пред да се олади. Потоа, жиците се нанижуваат заедно, се извиткуваат и обликуваат во дизајн со прецизните прсти на уметникот. Лемењето се вршело со ставање на делото во мешавина од боракс во прав и вода, попрскувањето на прав за лемење врз него, а потоа повторно ставање под малиот пламен. Ова осигурувало дека деталите од дизајнот ќе останеле недопрени.

Откако ова ќе биде направено, уметникот ќе го земел топлото парче и ќе го обликувал во украс. Техники како што се гранулација, снежно застаклување и леење се користеле на иновативни начини за да се зголеми ефектот. Занаетчиот Џагдиш Мишра, зборувајќи за техниките што се користеле, вели: „Вкусовите на клиентите постојано се менуваат и уметниците мора да бидат во тек со новите трендови“. Ваквите нови методи и експериментирање сè повеќе се користеле за да се произведеле високо полирани и рафинирани артефакти во согласност со барањата на клиентите. Платинското полирање се правело за да се даде потрајен сјај, додека фузијата на сребро и месинг или други материјали се правеле за да се создадат интересни ефекти.

Традиција

[уреди | уреди извор]

Форми на животни, птици, цвеќиња, па дури и минијатурни чанти и други сувенири се изработувале со Таракаси уметност. Сцените од Махабхарата, особено сликата од Бхагавад Гита на која била прикажана кочијата на Арџуна управувана од Господ Кришна, биле доста популарни. Со текот на годините, биле направени разни познати споменици како Таџ Махал, Ајфеловата кула и други, добивајќи пофалби од љубителите на ликовната уметност.

Филигранскиот накит бил особено богат со шари. Во Одиша, акцентот бил ставен на накитот за раце, ѓерданите, прстените но особено на накитот за на нозе, кој бил многу омилен. Тие се сметале и за поволни. Многу се претпочитале сложените накити за на нозе, во кои се комбинирала употребата на полускапоцени камења.

Бела-Канта, традиционален украс

Кутиите, брошевите, привезоците, обетките и шнолите од цинобер биле многу барани. Кутијата од цинобер била задолжителна во секој брак во Орија, но оваа традиција изумира. Традиционално во бракот биле користени ленти за половина направени од таракаси изработка. Орија браковите биле нецелосни без таракаси нараквици за на нозе и прстени за нозе.[3]

Накитот што се носелo во Одиси, еден од индиските класични танци што потекнувал од Одиша, бил направен од таракаси. Овие украси ги краселе главата, увото, вратот, рацете, прстите и половината на танчерот. Украсите вклучувале огрлица, падака-тилака (долг ѓердан), бахичуди или тајила (нараквици), канкана (нараквици), мехалаа (појас), нараквици за нозе, ѕвончиња, капа (обетки) и сенти (украс на косата и челото). Овие украси се украсени со природни необработени камења обложени со сребро и злато.

Дурга пуџа

[уреди | уреди извор]
Сребрена филигранска работа во Чаудури Базар Дурга Пуџа пандал Катак

Воведувањето на традицијата Шарадија Утсав во градот датирало од посетата на Чаитања Махапрабху, хиндуистички светец, во 16 век, кога осветувањето на идолот Дурга со користењето на моделот на маска било извршено во негово присуство во Бинод Бехари Деви Мандап.

Секоја година, за време на Дурга Пуџа во Катак, накитот Таракаси се користел кај многу пандали за украсувањето на идолите на Дурга. Еден од најпознатите идоли бил оној во Чанди Чоук, каде што целата круна и додатоци на Дурга биле направени од сребро, популарно познат како Чанди Медха. Други пандали што го користеле Таракаси се: Чаулиаганџ, Чудури Базар, Кан Нагар, Банка Базар, Дарга Базар, Балу Базар итн.

Секоја година повеќе од 150 филигрански занаетчии се занимавале со изработката на позадини и украси.[4] Стилот бил воведен на пуџа пандалот на базарот Чудури со 250к г чанди меда во 1956 година. Следејќи го примерот, Шеик Базар пуџа мандап инсталирал 350 кг чанди меда во 1991 година. Во 2004 година, комитетот Ранихат пуџа се приклучил на елитната група со 483 кг од сребрената филигранска позадина, накит и оружје. Следната година, комитетот за пуџа Харипур-Доламундаи го заменил Ранихат кога инсталирал 500 кг сребрен филигран. Во 2006 година, комитетот на Шеик Базар ремоделирал нова позадина користејќи 450 кг сребро. Комитетите за пуџа од Чандини Чоук, Шеик Базар, Алиша Базар, Чаулиаганџ, Бадамбади, Ранихат, Харипур-Доламундаи и Балу Базар-Бинод Бехари гарантирале за филигранската работа. Секоја година се одржувало натпревар за издвојувањето на најдобрата претстава меѓу сите комисии за пуџа во Катак.[5]

  1. „Odissi Costumes Jewelry“. Odissivilas.org. Архивирано од изворникот на 3 March 2012. Посетено на 12 July 2012.
  2. „Silver, Silver, Shining Bright by Alipta Jena“. Boloji.com. 30 October 2005. Архивирано од изворникот на 14 January 2010. Посетено на 12 July 2012.
  3. „Odissi Costumes Jewelry“. Odissivilas.org. Архивирано од изворникот на 3 March 2012. Посетено на 12 July 2012.
  4. „Odissi Costumes Jewelry“. Odissivilas.org. Архивирано од изворникот на 3 March 2012. Посетено на 12 July 2012.
  5. „Odissi Costumes Jewelry“. Odissivilas.org. Архивирано од изворникот на 3 March 2012. Посетено на 12 July 2012.