Тараваи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тараваи
Taravai.JPG
Поглед кон Тараваи.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
МестоТихи Океан
Координати23°08′12″S 135°01′33″W / 23.13667° ЈГШ; 135.02583° ЗГД / -23.13667; -135.02583Координати: 23°08′12″S 135°01′33″W / 23.13667° ЈГШ; 135.02583° ЗГД / -23.13667; -135.02583
АрипелагТуамоту
Површина5,7 км2
Највисоко издигнување256 м
Највисока кота(неименувано)
Управување
Франција
Прекуморска заедницаФранцуска Полинезија
Адм. поделбаТуамоту
КомунаГамбје
Најголема населбаАгоноко
Демографија
Население9[1] (2012)


Тараваи (мангаревански: Taravai) — втор најголем остров во групата острови Гамбје во Француска Полинезија. Вкупната површина на островот е 5,7 километри квадратни. Тараваи се наоѓа на 1.5 километри југозападно од Мангарева и на околу 300 метри од островот Ангакауитаи. Во близина на источниот брег на островот се наоѓа малото островче Моту-о-Ари. На островот живеат само 9 луѓе, сите во селото Агоноко.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Агоноко се наоѓа во близина на главниот залив на источната страна. Поранешни села на островот се Ага-нуи (северозападно) и Агакау-и-ута (југоисточно).[2]

Археолошкото место Онемеја наведува до заклучок дека низ историјата островот бил повремено населуван уште од 950 година, со можно постојано населување од 13 век.[3]

Пред да го прифатат Христијанството, кралот на Тараваи бил вазал на кралот од Рикитеа од Мангарева.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population“. Institut de la statistique de la Polynésie française. конс. 14 October 2014. 
  2. Goodbye Gambiers
  3. The Onemea site (Taravai Island, Mangareva) and the human colonization of Southeastern Polynesia. Archaeology in Oceania
  4. R. W. Williamson, The Social and Political Systems of Central Polynesia, Cambridge University Press, 1924

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]