Танаско Чековиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Танаско Перо Чековиќ ( 1923 во Кучевиште, Скопско12 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а подоцна се занимавал со обработување на земјата и чување добиток. Во септември 1944 година во Кучевиште била формирана Шеснаесеттата македонска ударна бригада. На денот на формирањето и тој стапил во Бригадата. Со неа учествувал во многубројните борби против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура, како и во ослободувањето на Скопје. Потоа со Бригадата заминал на Косово и учествувал во акциите за ликвидирање на одметнатите балистички банди. По извршувањето на оваа задача заминал на Срем. На 12 април 1945 година во пробивот на фронтот, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 161. На |first= му недостасува |last= (help)