Танабата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прослава во Токио, 2010 година

Танабата (јапонски: たなばた или 七夕, во превод "вечер на седмиот"), попознат како Фестивал на ѕвездата, е јапонски фестивал кој води потекло од кинескиот Ќиши фестивал.[1] Ја прославува средбата на божествата Орихиме и Хикобоши (претставени во вид на ѕвездите Вега и Алтаир). Според легендата, ги разделува Млечниот Пат, и дозволено им е да се видат само еднаш годишно седмиот дан во седмиот месец од месечевиот календар. Датумот Танабате варира од регион во земјата, но првите празници почнувале на 7 јули по грегорианскиот календар. Прославата се одржува на различен датум помеѓу јули и август.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ju., Brown, (2006). China, Japan, Korea : culture and customs. Brown, John. North Charleston, South Carolina: BookSurge. ISBN 978-1-4196-4893-9. OCLC 162136010.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)