Тамара Котевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тамара Котевска
Роден(а)9 август 1993 (1993-08-09) (27 г.)
Прилеп, Македонија
НационалностМакедонка
Алма матерУКИМ
Занимањекинематограф
Познат(а) поМедена земја (2019)

Тамара Котевска (родена на 9 август 1993 година во Прилеп) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Котевска е родена во Прилеп. Добила стипендија за студирање во странство во Тенеси[1]. Дипломирала на Факултет за драмски уметности на Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, со акцент во документарниот филм[2].

Кариера[уреди | уреди извор]

Заедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе[3][4]. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар[5][6]. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017)[7] . Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година[8] и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994)[9][10].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tamara Kotevska | MIDPOINT - A Training and Networking Platform for Film and TV Development“. Midpoint-center.eu. Посетено на 13 January 2020.
  2. „Interview: Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov on Making the Most Out of an Environmentally Sticky Situation in "Honeyland". The Moveable Fest. 26 July 2019. Посетено на 13 January 2020.
  3. 'Living and Working with Each Other for Those Three Years in Almost Unbearable Life Conditions': Directors Ljubo Stefanov and Tamara Kotevska | Honeyland“. Filmmaker Magazine. 28 January 2019. Посетено на 13 January 2020.
  4. Mullen, Pat (1 August 2019). „Buzz-Worthy: Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov Talk 'Honeyland' – Point of View Magazine“. Point of View Magazine (англиски). Посетено на 13 January 2020.
  5. Drury, Sharareh; Coates, Tyler (27 December 2019). „Oscars: How 'Honeyland' and 'For Sama' Portray Battles on Different Fronts“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 13 January 2020.
  6. Scarpa, Vittoria (10 May 2019). „Ljubomir Stefanov, Tamara Kotevska • Directors of Honeyland“. Cineuropa (англиски). Посетено на 13 January 2020.
  7. Eagan, Daniel (22 August 2019). 'It's a Choice: To Be a Filmmaker or a Human': Ljubomir Stefanov and Tamara Kotevska on Honeyland“. Filmmaker Magazine. Посетено на 13 January 2020.
  8. „2019 Sundance Film Festival Awards Announced“ (англиски). Sundance Institute. 3 February 2019. Посетено на 13 January 2020.
  9. „Oscar nominations 2020: 'Joker' leads with 11; Greta Gerwig snubbed for best director; complete list of nominees“. The Washington Post. 13 January 2020. Посетено на 13 January 2020.
  10. „„Медена земја" со две номинации за „Оскар". Република. 13 January 2020. Посетено на 13 January 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]