Прејди на содржината

Тала Бикова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тала Милутиновиќ Бикова ( 1927 во Гевгелија28 септември 1944 во Чам Чифлик) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Учествувала во НОД во родниот град од 1942 година како член на СКОЈ. Била мошне активна меѓу младината во градот, собирала народна помош, опфаќала младинци за учествo во НОД. На 20 април 1944 година стапила во единиците на НОВ како борец, отпрвин во баталјонот „Страшо Пинџур“, а потоа во Втората македонска ударна бригада, каде била санитетка. Кон крајот на април била избрана за член на КПМ. Како борец во Втората македонска ударна бригада загинува во борбите за ослободувањето на Струмица, кај селото Чам Чифлик на 28 септември 1944 година при обидот да извлече ранет борец од борбените позиции.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 994.