Прејди на содржината

Таласофобија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нуркач во близина на подморница. Стравот од огромното море, како што се гледа тука, може да се опише како таласофобија.

Таласофобија (старогрчки: θάλασσα — море, и φόβος — страв) — силен и безрасуден страв од големи водни површини, особено од океани, мориња или длабоки езера. Луѓето што имаат таласофобија чувствуваат силна тревожност кога гледаат, размислуваат или се наоѓаат близу голема водна маса, дури и ако не влегуваат во вода.[1][2]

Тежината на таласофобијата, како и нејзините знаци и симптоми, се прилично променливи и сложени. Лицата со таласофобија поминуваат низ бројни епизоди на емоционална и физичка вознемиреност, предизвикани од различни чинители.[3] Лечењето обично вклучува комбинација од терапија и анксиолитици, а најдобри резултати се постигнуваат кога лечењето започнува уште во детството, период кога таласофобијата најчесто е најизразена.[4]

Дијагностика и симптоми

[уреди | уреди извор]

Таласофобијата се одликува со конкретни физички и емоционални особини што се пројавуваат кај засегнатите лица. Реакцијата што ја покажуваат луѓето со таласофобија кон големи водни површини — како што се плажи, океани или езера — не одговара на вистинската опасност што ја претставува водата за нив. Поради тоа, тие испитуваат неприродно однесување во ситуации или услови што кај нив предизвикуваат страв. Како фобија предизвикана од тревожност, таласофобијата се пројавува преку низа конкретни знаци и симптоми.

Најчести емоционални симптоми на таласофобија:

  • Постојана вознемиреност
  • Потешкотии при заспивање (вклучително и несоница)
  • Панични напади и нагласена тревожност
  • Чувство на неминовна пропаст
  • Неподнослива желба да се прекине тековната состојба
  • Чувство на отуѓеност од околината
  • Потиштеност и малаксаност

Најчести физички симптоми на таласофобија:[5]

  • Отежнато дишење
  • Прекумерно потење
  • Треперење при поглед кон море
  • Одбивање да се биде близу длабоки водни површини
  • Мачнина
  • Вртоглавица
  • Забрзано дишење
  • Панична реакција при поглед кон длабока вода

Според петтото издание на Дијагностичкото и статистичко упатство за душевни растројства на Американската психијатриска асоцијација, таласофобијата може да биде дијагностицирана доколку се исполнети следниве услови:[6]

  • Стравот од длабока вода е постојан, прекумерен и безрасуден
  • Лицето секогаш чувствува страв кога ќе се најде во длабока или отворена вода
  • Лицето избегнува водни површини или ги поднесува со силен страв
  • Стравот значително го попречува нормалното функционирање
  • Стравот трае најмалку шест месеци

Истражувањата покажуваат дека тежината и распространетоста на таласофобијата разнообразуваат меѓу различни демографски групи, а многу луѓе можеби не се ни свесни дека имаат благ облик на оваа фобија.

Разлики помеѓу таласофобијата и хидрофобијата (аквафобијата):

[уреди | уреди извор]

Таласофобијата се разликува од хидрофобијата. Додека хидрофобијата претставува општ страв и паника од вода, таласофобијата е поконкретна и се однесува на стравот од просторот и длабочината на водата. Иако обете состојби се поврзани со водата, хидрофобијата често е последица на конкретна траума, додека таласофобијата потекнува од внатрешен, потсвесен страв за тоа што се крие под водната површина.[4]

  1. Snyder, Kari (2003). „Attack of the Water Monster“. Boating. New York: Hachette Filipacchi Media. 76 (4): 44. ISSN 0006-5374. Thalassophobia is the fear of the sea and can be associated with the fear of water or waves, fear of the vast emptiness, or fear of distance from land.
  2. Beasts of the deep : sea creatures and popular culture. Hackett, Jon, Harrington, Seán. Хертс, Обединето Кралство. 2 февруари 2018. ISBN 978-0-86196-939-5. OCLC 1024275039.CS1-одржување: друго (link)
  3. „Thalassophobia: Signs, Symptoms, & Treatments“. Choosing Therapy (англиски). Посетено на 2020-11-25.
  4. 1 2 „Thalassophobia: Causes and treatments for the fear of the ocean“. Medical News Today (англиски). 2020-11-19. Архивирано од изворникот на 2021-10-06. Посетено на 2022-08-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  5. „What Is Thalassophobia And How Can You Cope with It? | BetterHelp“. BetterHelp. Архивирано од изворникот на 2022-08-23. Посетено на 2022-08-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  6. „Thalassophobia - fear of sea, sea travel, large bodies of water, emptiness of sea - FearOf.org“ (англиски). 2020-11-04. Архивирано од изворникот на 2022-08-17. Посетено на 2022-08-24. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]