Так (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Так
ตาก
Покраина
Реката Пинг
Реката Пинг
Знаме на ТакАмблем на Так
Амблем
Карта на Тајланд истакнувајќи ја покраината Так
Карта на Тајланд истакнувајќи ја покраината Так
ДржаваТајланд
РегионДолен северен
Главен градТак
Најголем градМе Сот
Управа
 • ГувернерНема
Површина[1]
 • Вкупна17,303 км2 (6,681 ми2)
Ранг4. по ранг
Население (2019)[2]
 • Вкупно665,620
 • Ранг39. во ранг
 • Густина39/км2 (100/ми2)
 • Ранг76. во ранг
Индекс на човековото постигнување[3]
 • ИЧП (2017)0.5631 низок
61. по ранг
Часовен појасИКВ (UTC+7)
Поштенски број63xxx
Повикувачки број055
ISO 3166TH-63
Мреж. местоtak.go.th

Так (тајландски: ตาก, изговор [tàːk]) ― една од седумдесет и шестте покраини (чангват) во Тајланд што се наоѓа во долниот северен Тајланд. Соседни покраини се (од север во насока на стрелките на часовникот) Ме Хонг Сон, Чијанг Мај, Лампун, Лампанг, Сукотај, Кампенг Пет, Након Саван, Утај Тани и Канчанабури. Западниот раб на покраината има долга граница со сојузната држава Карен на Мјанмар.

Географија[уреди | уреди извор]

Бумиболовата брана.

Бумиболовата брана (именувана по кралот Бумибол Адулјадет, старото име ѝ било Браната Јанхе) се наоѓа во под-округот (тамбон) Као Каев Тамбон, округот Сам Нгао во Так и била изградена од 1958 до 1964 година.[4] Ја запира реката Пинг, еден од двата извори на реката Чао Праја.[5][6][7] Создаденото вештачко езеро зафаќа површина од 300 км2 и е најголемо во Тајланд. Националниот парк Таксин Махарат, Националниот парк Намток Па Чароен, Националниот парк Лан Санг и националните паркови Кун Паво се сите во покраината. Заштитеното подрачје за диви животни Тунгјај Наресуан дели половина од предниот дел на езерото со Заштитеното подрачје за диви животни Канчанабури и Хуај Ка Кенг на границата со Утај Тани и се Светско наследство на УНЕСКО.[8][9]

На западната страна на покраината Так, ридовите Тенасерим се среќаваат со масивот Давна. Еден од ретките прекунационални патишта и прекугранични точки кон Мјанмар е во Ме Сот. Северозападно од Ме Сот, главниот пат на тајландската страна ја надминува границата додека не се сврти директно на север кон Ме Хонг Сон.

Покраината Так зафаќа 17,303 км2 и лежи 426 км северно од Бангкок. Вкупната површина на шумата е 12,455 км2 или 72 проценти од покраинската област.

Историја[уреди | уреди извор]

Так била поранешно кралство створено пред повеќе од 2.000 години, дури и пред сухотајскиот период. Античкото кралство го достигнало својот врв околу 1 век. До 5 век, главниот град на ова кралство бил преместен на југ во Лаво (денешна покраина Лопбури). Градот по име Бан Так бил основан од Џамадеви (พระนาง จาม เทวี), принцеза на кралството Лаво, околу 663 н.е. Стана дел од Кралството Сухотај преку битки предводени од Рамкамхенг Велики и ја создал главната тврдина на западниот фронт. Градот бил преместен на запад и преименуван во Муеанг Раханг кога Кралството Ајутаја било загубено од Бурма за време на владеењето на кралот Маха Тамарача. Градот бил преместен на источната страна на реката Пинг во раниот период на бангкокшки период.[10]

Кралот Таксин бил вицегувернер на Так пред да падне Кралството Ајутаја за време на војната со Бурма. Бидејќи неговото име било Син, тој бил наречен Так-Син за време на престојот во Так.[11]

Демографија[уреди | уреди извор]

Околу една четвртина од населението припаѓа на едно од тајландските ридски племиња: Јао, Карен (тајландски Каријанг), Ака, Лаху (тајландски: Мусо), Хмонг (tајландски: Монг) и Лису (тајландски: Лисав/Лисау).[12] Најголемото племе во Так е Карен.[13]

Бегалци[уреди | уреди извор]

Според податоците на УНХЦР од 2008 година, речиси 95.000 од тајландските 121.000 регистрирани бегалци од Бурма биле сместени во неколку бегалски кампови во покраината Так, од кои кампот Ме Ла е најголем со околу 45.000 каренски бегалци.[14]

Административни единици[уреди | уреди извор]

Карта на деветте окрузи.

Покраинска власт[уреди | уреди извор]

Покраината е поделена на девет окрузи (ампои). Овие се дополнително поделени на 63 под-окрузи (тамбони) и 493 села (мубани).

  1. Муеанг Так
  2. Бан Так
  3. Сем Нгао
  4. Ме Рамат
  5. Та Сонг Јанг
  1. Ме Сот
  2. Поп Пра
  3. Умпанг
  4. Ванг/Уванг Чао

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ตารางที่ 2 พี้นที่ป่าไม้ แยกรายจังหวัด พ.ศ.2562“ [Table 2 Forest area Separate province year 2019]. Royal Forest Department (Thai). 2019. Посетено на 7 октомври 2021, information, Forest statistics Year 2019, Thailand boundary from Department of Provincial Administration in 2013CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. รายงานสถิติจำนวนประชากรและบ้านประจำปี พ.ส.2562 [Statistics, population and house statistics for the year 2019]. Registration Office Department of the Interior, Ministry of the Interior. stat.bora.dopa.go.th (тајландски). 31 декември 2019. Посетено на 7 октомври 2021.
  3. Human achievement index 2017 by National Economic and Social Development Board (NESDB), pages 1-40, maps 1-9, посетено на 7 октомври 2021, ISBN 978-974-9769-33-1
  4. „Bhumibol Dam“. Rid Go Th. Архивирано од изворникот на 17 септември 2008. Посетено на 7 октомври 2021.
  5. „Royal Irrigation Department River Gauges Report“. RID Stations. 2002. Архивирано од изворникот на 14 август 2009. Посетено на 7 октомври 2021.
  6. „Chao Phraya River Basin (Thailand)“. World Water Assessment Programme. Архивирано од изворникот на 8 јуни 2008. Посетено на 7 октомври 2021.
  7. „Detailed Map of the Chao Phraya River Basin (Thailand)“. World Water Assessment Programme. Архивирано од изворникот на 18 септември 2008. Посетено на 7 октомври 2021.
  8. „Thung Yai Naresuan Wildlife Sanctuary“. United Nations Environment Programme - World Conservation Monitoring Centre. March 1991. Архивирано од изворникот на 18 јули 2008. Посетено на 7 октомври 2021.
  9. „Huai Kha Khaeng Wildlife Sanctuary“. United Nations Environment Programme - World Conservation Monitoring Centre. март 1991. Архивирано од изворникот на 18 јули 2008. Посетено на 7 октомври 2021.
  10. „General Information - Tak“. North of Thailand. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2015. Посетено на 7 октомври 2021.
  11. „King Taksin the Great“. Wangderm Palace. 2003. Архивирано од изворникот на 10 август 2002. Посетено на 7 октомври 2021.
  12. „Travel Thailand: The Twilight That Tak Province“. Thailand Live. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2012. Посетено на 7 октомври 2021.
  13. „Mountain-Biking and Trekking in Northwest Thailand“. Thai Cycling. Архивирано од изворникот на 30 March 2009. Посетено на 2008-08-04.
  14. „Myanmar Thailand Border: Refugee Population By Gender“. The UN Refugee Agency. 1 април 2008. Посетено на 7 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]