Таки Хрисик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Таки Хрисик
Роден 27 септември 1920
Крушево, Македонија
Починал 15 ноември 1983
Скопје, Македонија

Таки Хрисик (Крушево, 27 септември 1920 - Скопје, 15 ноември 1983) македонски композитор и музички педагог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Музика учел кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а музичкото образование го дооформил по Ослободувањето во Скопје. Потоа заминал во Битола, каде што работел како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работел и како диригент на хорот „Стив Наумов“[1].

Творештво[уреди | уреди извор]

Во СФРЈ постоеле неколку обиди за промена на химната Еј, Словени. Последен посериозен обид бил во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива била мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик, која всушност била и одбрана како најдобра на анонимен конкусрс[2].

Хрисик бил автор на голем број на хорски дела, камерна музика, соло песни, оркестарски дела и околу 1500 мелографски записи на македонски и влашки песни[3].

Неговата свечената песна за браќата Св. Кирил и Методиј е химна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Работел како диригент на хорот „Стив Наумов“ во Битола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Таки Хрисик“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 2020-08-10.
  2. „СЕЌАВАЊЕ НА ОНА ШТО ЌЕ СЛЕДИ“. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 2020-08-10.
  3. Taki Hrisik ‎– Svečana Pesma[мртва врска]